markov.sv.Zlata1.jpg

Седмица 30-та по Педесетница  

bogorodica.k.dol.jpg

 

Вторник



Слепиот од Витсаида Бог не го исцелил одеднаш, туку најпрво делумно, а потоа во целост. И овој почна јасно да гледа (Мк. 8, 22-26). Зошто така направил само Тој знае. Ние од тоа можеме да заклучиме: кога за исцелување на телесниот вид била потребна постепеност, тогаш за просветување на нашиот ум секако ќе биде потребна уште поголема постепеност. Така и било. Во периодот на патријарсите од Бога откриеното знаење не било сложено; во подзаконскиот период тоа станало посложено и поподробно; а во нашето-христијанското време, тоа е уште поподробно и повозвишено. Но дали е тука крајот? На земјата ништо повеќе не очекувај. А на оној свет ќе има уште доста. Во тоа не уверуваат два свети апостоли-свети Јован и свети Павле (Јован 3,2;  1Кор. 13,12). Сега се гледаме како во огледало, а тогаш се ќе гледаме јасно. Но и таму ќе постојат различни степени на умно просветување, затоа што областа на Божјото знаење е бескрајна. На замјата Божјото откривање веќе е завршено. За нешто повисоко не треба ни да мислиме, затоа што имаме се што ни е неопходно. Усвој го даденото и живеј според него. Христијанското откривање не ветува однапред нови откривања. Тоа само зборува за распространетоста на Евангелието по целиот свет. Таа сеприсутност и сеопшто познавање на Евангелието ќе биде знак за крајот на постоењето на сегашниот поредок на работите. Тогаш верата ќе ослаби, и животот ќе стане тежок. Тогаш Божјата благост ќе го доведе до крај овој свет.

 

 

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

bogorodica.k.dol.jpg 

Друго:

 Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)

 

Предговор


 
Друго:    

bogorodica.k.dol.jpg 

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА

Подготви: С.Д.