bogorodica.k.dol.jpg

 

 

markov.sv.Zlata1.jpg

Седмица 29-та по Педесетница  

bogorodica.k.dol.jpg

Сабота


Потрудете се да влезете низ тесната врата (Лука 13, 24). Тесната врата означува живот во кој што не се попушта на сопствената воља, на своите желби и угодувањето на самиот себе. Широката врата пак значат живот според сите движења и стремења на страсното срце, без и најмало воздржување. На тој начин, вратата во Царството претставуваат самостеснување. Стеснувај се себеси во се па ќе изгледа како да туркаш и да се опираш на вратата за да ја отвориш и да се привлечеш низ неа. Меѓутоа како и со што да се стеснуваш себеси? Со Божјите заповеди кои се спротивни на страсните движења на срцето. Кога ќе почнеш да се гневиш на некого, сети за на Божјата заповед: Не гневете се, и стесни го своето срце. Кога ќе се јават блудни мисли, сети се на забраната жената да се гледа со желба, и притесни ја својата страст. Кога ќе ти дојде да осудиш некој, сети се на Божјите зборови дека небескиот Судија е неумолив спрема оние кои што осудуваат, и притесни ја својата надменост. Така постапувај со секое порочно движење во срцето. Собери против секое од нив изреки од Божественото Писмо и чивај ги во сеќавањето. Штом од срцето ќе излезе било каква лоша желба, посегни по изреката која е спротивна и врзи ја. Или однапред врзи ги сите твои желби и помисли со Божествени зборови и оди со нив. Тогаш ќе бидеш како окован. Меѓутоа во тие окови се наоѓа слободата или слободниот пат до Божјото Царство.

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

bogorodica.k.dol.jpg 

Друго:

 Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)

 

Предговор


 
Друго:    

bogorodica.k.dol.jpg 

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА

Подготви: С.Д.