markov.sv.Zlata1.jpg

Седмица 29-та по Педесетница

bogorodica.k.dol.jpg

Понеделник


Садукеите имале приговор против воскреснувањето, кој што им се чинел непобитен. Меѓутоа Бог го побил со неколку зборови, и тоа толку јасно така што сите сфатиле и признале дека садукеите се победени со вистината на Неговите зборови (Лука 20, 27-40). Она што некогаш го правеле садукеите сега го прават неверниците од секаков вид. Тие насобрале мноштво од измислени претпоставки, кои што ги издигнале до „вистина“ и кои ги сметаат за непобитни. Тие со нев се гордеат, сметајќи дека против нив ништо неможе да се каже. Всушност сите тие се толку ништожни така што против нив и нема што да се зборува. Сите нивни мудрувања се како куќа од карти- дувни и ќе се разлетаат. Ним не треба да им се противречи во поединости. Доволно е кон нив да се однесуваме како кон сонови. Говорејќи против соновите ние не ја докажуваме нивната неприкладност во целина или во поединечни делови, туку само кажуваме: „Тоа е сон“. Со тоа се се решава. Токму таква е теоријата за постанокот на светот од магла, со своите делови-теорија за случајниот настанок на животот, дарвиновото потекло, говорење на сонувачите во бунило. Читајќи ги одиш како меѓу сенки. А научниците? Што да се направи со нив? Нивното правило е: „Ако не сакаш да слушаш-не слушај, но немој да ни сметаш да ги лажеме луѓето“.


 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

 

Друго:

 Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)

 

Предговор


 
Друго:    

bogorodica.k.dol.jpg 

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА

Подготви: С.Д.