markov.sv.Zlata1.jpg

Седмица 28-та по Педесетница

bogorodica.k.dol.jpg

 

Петок
Дајте го кесаревото на кесарот, а Божјото на Бога (Лука 20, 25). Значи секому своето. Во наше време наместо кесарево треба да се стави „житејско“ и да се рече: „житејското“ на една страна, а Божјото на друга. Меѓутоа сите се нафрлиле на она „житејското“ а Божјото го оставаат зад себе. Поради тоа тоа не само што не стои на своето место т.е. во прв план, туку и сосема се заборава. Последица на тоа, наводно ненамерно заборавање  е замаглување на свеста за она Божественото. Потоа следи најснотијата на неговата содржина и неговата основа. Оттука произлегува слабоста во уверувањето и непостојаноста на верата, потоа и нејзино напуштање и влијанија на секакви ветрови од разни учења. Овој пат го поминува секој одделно кога ќе почне да го занемарува она што е Божествено; по тој пат оди и заедницата кога во својот поредок ќе почне да го занемарува она што од неа го бара Бог. Кога Божјото е ставено во заден план, во заедницата почнува да се вселува еманципација од Божјите барања, на умен, карактерен и естетски план, и секуларизација на политиката (т.е. служење на духот на времето), во обичаите, забавата а потоа и во воспитувањето во сите установи. Во денешно време не мислат и не пишуваат за она што е Божјо. Тоа дури и не им паѓа на памет во нивните потфати. Зарем е тогаш чудно, што во вакво расположение, учењата кои што и се спротивни на верата наоѓаат пат во друштвото и што тоа се приклонува кон општото безверие?


Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

 

Друго:

sv.VarlamiJoasaf.jpg Од Верскиот календар на МПЦ (03.12.2010)

 

Предговор


 
Друго:     bogorodica.k.dol.jpg

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА

Подготви: С.Д.