markov.sv.Zlata1.jpg

Седмица 28-та по Педесетница

bogorodica.k.dol.jpg

Четврток

Приказната за лозјето (Лука 20, 9-28) ја изобразува старозаветната црква. Лозарите се нeјзината тогашна јерархија. Затоа што не одговарала на своето назначување, изречена и е пресуда: да се одземе лозјето од неа и да му се даде на други. Тие други најпрвин беа светите апостоли, а потоа нивните наследници-архиереите со целото свештенство. Лозјето Божјо е едно, уште од почетокот на светот, а задача на лозарите било, е и ќе биде до крајот на векот-на Господарот да му принесуваат плодови од лозјето т.е. спасение на душите. Таа задача на христијанската  јерархија,  според тоа, е и наша работа. Во колкава мера тоа се исполнува-сите ние гледаме. Што да се каже на тоа? За тоа што е многу-слава му на Бога! Но сепак, за многу работи не е можно а да не се посака подобро. Тоа особено се однесува на проповетта и зборовите Божји. Само понекаде се слуша проповед, иако тоа претставува единствен лозарски нож во рацете на работниците на Божјото лозје. Само да не се исполни и врз нас: Ќе дојде господарот на лозјето и ќе ги погуби овие лозари и ќе го даде лозјето на другите. Само и овие другите да не се отфрлат и да не се погубат, не само лозарите, туку и самото  лозје....

 


 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

 

Друго:

sv.VarlamiJoasaf.jpg Од Верскиот календар на МПЦ (02.12.2010)

 

Предговор


 
Друго:     bogorodica.k.dol.jpg

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА

Подготви: С.Д.