Во неделата на 30 мај 2010 година, денот кога светата Црква го слави споменот на сите светии, уште наречена Недела на Сите Светии, во манастирот „Сите Светии“ во село Лешани – Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протојереј Темелко Донески, јеромонах Вартоломеј, игумен на манастирот, јереј Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски служеше света архиерејска Литургија. После завршувањето на Литургија во дворот на манастирот, Владиката заедно со останатите свештенослужители извршија мал Водосвет и се благослови и освети празничниот леб. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.
http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=624
Впечатоци :
Владо Митев
„Во манастирот посветен на Сите светии се отлужи благодатна, прекрасна Божествена Литургија со која чиноначалствуваше владиката Тимотеј. Пред празничната иконата за поклонение чекаа редици од луѓе , кои откако ќе ги запалеа своите свеки и ќе купеа од убавите икони се упатуваа во редицата која чекаше за влез во манастирот, тивко и без туркање ,без расправии како што е вообичаено кај нас, се стигнуваше до иконата за поклонение. Многу луѓе беа дојдени од разни градови од Македонија, и од странство, за да по Литургијата, светениците им прочитаат молитви пред манастирската икона на Мајката Божја , за исцеление од од секакви болести. Чудни се Твоите дела Господи, се си направил премудро.“