Esen.manastir1.jpg

 Почитувани,

Македонската Православна Црква (МПЦ) во рамките на своите  активности ќе одржи редовен годишен Архиепископски Црковно-народен Собор (АЦНС), на 12 ноември 2009 година, во Соборниот архиепископски храм „Св. Климент Охридски”, во Скопје. На Соборот ќе земат учество претставници од сите епархии и институции на МПЦ. Овогодишниот Собор како главни теми ќе ги има измените и дополнувањата на Уставот на МПЦ, а заради усогласување на истиот со позитивните закони во Република Македонија, како и резултатите од процесот за денационализација.

Покрај работниот, ќе има и свечен дел, во рамките на кој ќе биде промовирано Светото Евангелие за богослужбена употреба. Свечениот дел од Соборот кој ќе започне во 11 часот, ќе можат да го следат и претставници на медиумите.

АЦНС ќе започне со света архиерејска Литургија и призив на Светиот Дух, со почеток во 8 часот.                                            

 

    ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА    НА АРХИЕПИСКОПСКИ УПРАВЕН ОДБОР  НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА