Во сообраќајна несреќа во Хрватска утрово почина познатиот македонски пејач Тоше Проески, кој беше верно чедо на Македонската Православна Црква.

Нека му е вечен споменот.


toshe2.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 16 октомври (МИА) - Македонската мега ѕвезда Тоше Проески загина утрово во сообраќајна несреќа кај местото Нова Градишка во Хрватска.

 


Портпаролката на Бродско-посавската полициска управа Ката Нуиќ по завршениот увид на местото несреќата за МИА изјави дека Тоше Проески загинал на самото место на несреќата, а неговите сопатници Лилјана Петровиќ и Ѓорѓе Ѓорѓевски се пренесени во болница во Нова Градишка.

- Во оваа сообраќајна несреќа смртно настрада Тодор Проески, додека другите две лица се здобија со телесни повреди и се пренесени во болница во Нова Градишка, рече Нуиќ.

Несреќата се случила утрово во 6 часот и 25 минути на 170-тиот километар од автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка, кога автомобилот марка „Туарег“ со македонски регистарски таблички, управуван од 32-годишниот државјанин на Македонија Ѓорѓески поради „непочитување на сообраќајните прописи, односно неодржувањето на потребното растојание помеѓу возилата“, ударило со предниот дел во страничниот лев дел на полуприколка на товарно возило со италијански регистарски таблички.

- Потоа дошло до занесување на „Туарег-от“ и удар во заштитната средишна ограда, информираше Нуиќ.

Нуиќ додаде дека увидот е завршен во 9 часот и 45 минитуи и дека сообраќајот на автопатот кој течел со намалена брзина повторно е нормализиран.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 во Крушево.

Музичка кариера ја започнува со настапот на Мелфест во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).

Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Лифе“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издава песната „За овој свет“.

Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“- верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“-верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“-верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“-хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ со неколку месеци се наоѓаат на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година. Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5-ти овој месец на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава. гп/сп/12:46


 

миа фоно: Изјава на портпаролот на Полициската управа Бродско-Посавска, Ката Нуиќ.миа фоно: Изјава на портпаролот на Полициската управа Бродско-Посавска, Ката Нуиќ.
Биографија на Тоше Проески
Седница на Владата на Република Македонија
Собранието не работи поради смртта на Тоше Проески
Нуиќ: Непочитување на сообраќајните прописи причина за сообраќајната несреќа на Тоше
Рушити: Веста за смртта на Тоше трагична не само за Македонија, туку и за регионот и светот
Црвенковски:Проески беше личност која не оставаше простор да не го засакате
Американската амбасадорка во Македонија изрази сочувство за трагично загинатиот Тоше Проески
Фуере: Трагичен ден за Македонскиот народ и вљубениците во музиката ширум Европа и светот
Денот на погребот на Тоше - Ден на жалост
Премиерот Груевски испрати телеграма со сочувство до семејството на Тоше Проески
Претседателот Црвенковски испрати телеграма со сочувство до семејството на Тоше Проески
Шекеринска: Тоше успеа во она што не можеше ниту еден политичар, ниту една партија,...
Азески: Ќе го паметитеме Тоше Проески како бренд, како голем човек и голем Македонец
Хеликоптер на АРМ вечер од Хрватска ќе ги преземе посмртните останки на Тоше
Почит за Тоше на плоштадот во Скопје
Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ испрати телеграма со сочувство до семејството на Тоше Проески
Премиерот Никола Груевски се запиша во Книгата на жалост
Си замина ѕвездено момче
Сочувство од претставникот на UNICEF во Скопје по повод трагичната смрт на Тоше Проески
Никша Братош: Беше привилегија да се соработува со Тоше
Сочувство од министерот за култура Арификмет Џемаили
Телеграма со сочувство по повод смртта на Тоше Проески од Аднан Ќахил
Претседателот Бранко Црвенковски се запиша во Книгата на жалост
Влатко Ѓорчев: Замина најголемиот, најталентираниот, најдобриот
Стилистот Миличевиќ му изрази сочувство на семејството на Тоше Проески и неговите пријатели
Селмани: Изгубивме голем човек, пред се хуманист, уметник
Телеграма со сочувство на Министерството за култура до семејството на Проески
Комеморативна изложба на фотографии од кариерата на Тоше Проески

Прочитано: {moshits}