Stefan.Duhovden.jpg

Соборен храм на св. Климент Охридски, Скопје - 07. 06. 2009 год.


Stefan.Duhovden.jpg

Stefan.Duhovden.jpg

Денес, на  07. 06. 2009 година,   Светата Црква го слави споменот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор, и кои  со своите  животи  и  дела ќе се вградат во телото на Црквата, на првиот ден од Светата Педесетницата, во Соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот г. Горазд и свештенството од Соборниот храм, отслужи   света Божествена Литургија со Вечерна. 

  „Создател на сите, Господе слава Тебе. Со странски јазици си ги оспособил Твоите ученици Христе, со нив да Те проповедаат Тебе, бесмртно Слово и Бог кој им дава голема милост на нашите души. “

Stefan.Duhovden.jpg

Stefan.Duhovden.jpg

Stefan.Duhovden.jpg

Stefan.Duhovden.jpg

Stefan.Duhovden.jpg

Stefan.Duhovden.jpg

Stefan.Duhovden.jpg


Stefan.Duhovden.jpg

По Архиерејската Литургуја коленоприклоно беа прочитани Василиевите молитви.

Stefan.Duhovden.jpg

Stefan.Duhovden.jpg

Stefan.Duhovden.jpg

Цару Небесен ,
Утешителу,
Духу на Вистината,
Кој си насекаде
и сè исполнуваш,
ризницо на добрини,
Животодателу.
Пријди
и всели се во нас,
и очисти нè
од секаква нечистота
и спаси ги, Благи,
нашите души.

 Stefan.Duhovden.jpg

 Stefan.Duhovden.jpg

Посети: {moshits}


 
sveta.troica.a.jpg

 

Молитва кон Пресвета Троица

Од сон станат Ти благодарам, Света Троице,
зашто заради Твојата голема добрина и
долготрпение не се прогневи на мене,
мрзливиот и грешниот,
ниту ме погуби со беззаконијата мои;
туку го покажа Своето вообичаено човекољубие
и ме подигна мене, во очајание паднатиот,
за да Ти утренувам и да ја славословам крепоста Твоја.
Просветли ги сега духовните очи мои,
отвори ја устата моја
да се поучува од зборовите Твои
и да ги разбере заповедите Твои
и волјата Твоја да ја твори,
да Те пее во срдечно исповедание
и да го воспева Твоето Сесвето име,
на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.


Друго: