Lit.sv.Mina.jpgLit.sv.Mina1.jpg

 

На .24. 11. 2008, на  празникот посветен на  светиот великомаченик Мина и преподобен Теодор Студит ,  во храмот на света Петка,  во Скопје,  се отслужи  Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тајни Христови. 

Lit.sv.Mina3.jpg 

Lit.sv.Mina4.jpg

Lit.sv.Mina4.jpg

Lit.sv.Mina4.jpg


Lit.sv.Mina4.jpg

Евангелие и поука за 24/11/2008

Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 59)

Во она време на народот, што се собираше, почна Исус да му зборува: „Лукав е овој род; бара знаци, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона; зашто, како што Јона беше знак за Ниневијците, така и Синот Човечки ќе биде за овој род. Јужната царица ќе излезе на суд со луѓето од овој род и ќе ги осуди, оти таа дојде од крај земја да ја чуе мудроста на Соломона; а ете, тука е поголем од Соломона. И Ниневијците ќе излезат на суд со луѓето од овој род и ќе ги осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона. Никој, пак, не клава запалено светило на сокриено место, ниту под поклоп, туку на свеќник, за да ја видат светлината оние што влегуваат.

Свети Максим Исповедник

Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно колку повеќе се исчистени.

Lit.sv.Mina4.jpg

Посети:{moshits}