Средба на Архипископот со учесниците на православниот летен камп „Свети Нектариј Битолски 2025“
На 29.7.2025 г., во просториите на Македонската Архиепископија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, оствари срдечна средба со учесниците и со организаторите на Третиот православен летен камп „Свети Нектариј Битолски 2025“, одржан под мотото: „Вера, пријателство и македонска традиција“, на брегот на Преспаското Езеро. На средбата присуствуваше и директорката на КОВЗРГ – г-ѓа Оливера Трајковска.
Имено, овогодишниот камп обедини 45 деца на возраст од 9 до 17 години, вклучувајќи деца од Македонија, од македонската дијаспора, како и деца од социјално ранливи семејства. Преку богатата едукативна програма, децата имаа можност да се зближат и да научат повеќе за верата, за културата и за традцијата во Македонија.
https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sredba-na-arhieposkopot-so-ucesnici-na-kampot-2025/