
Икона : СВЕТА ТРОИЦА
Иконопис: КИРИЛ ЗЛАТАНОВ
Зографот Кирил Златанов веќе дваесеттина години ја збогатува иконографската ризница на Православната Црква со своите иконописни остварувања. Возвишени чувства предизвикува овој негов најнов иконопис.

„Неговиот ликовен израз, напојуван од изворите на светоотечката литература и делата на современото богословие за иконата, дополнет со извонредно познавање на старите иконографски обрасци, потсетува на најдобриот византиски иконопис со царски вкус.“


„Секојдневниот молитвен и литургиски живот, запознаеноста со животот на Црквата, му овозможува на Златанов да твори икони натопени со молитвено тихување. Неговите икони освен македонската, ги збогатуваат и иконописните ризници на САД, Шпанија, Италија, Франција и други земји.“

Ова преубава икона на Света Троица ( чии димензии се поголеми се поголеми од оригиналната икона на Андреј Рубљов), ќе биде поставена во храмот на св. Илија во населбата Аеродром во Скопје.

Димензии: 160сm x 133 см
Посети: {moshits}