ВМРО-ДПМНЕ го одбележа својот 17-от роденден









Денес, на 17 јуни, 2007 год. во манастирскиот комплекс Св.Пантелејмон во Нерези, владеачката партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ го прослави својот 17 роденден, како и 114-годишнината од  основањето на историската Внатрешно Македонска Револуционерна Организација. Од страна на Премиерот Никола Груевски, кој се повика на континуитетот на историската ВМРО, беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ претставува политичка сила која е нераскинливо поврзана со земјава и со историјата на Македонија. Според него, оваа партија сега  претставува модерна европска десница, која наметнува нови критериуми.


На свеченоста присуствуваа над  5.000 членови и симпатизери на партијата, претставници на дипломатскиот кор, членови на македонската Влада, претставници на опозицијата и други гости.


Присутни беа и високи претставници на Македонската Православна Црква, предводени од Aрхиепископот Охридски и Mакедонски, г.г. Стефан.