На 3 август, во единствениот манастир во Канада посветен на “Светиот Пророк Илија“, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - канадски  г. Методиј отслужи Божествена Литургија. Потоа, Митрополит Методиј отслужи Панихида во спомен на сите борци кои ги дадоа своите животи за Македонија, просејќи од Бога, мир и спасение за нивните души.

Прославата продолжи со традиционалниот Илинденски пикник кој организацијата “Обединети Македонци“ го оддржува јубилејно, по 50-ти пат. На прославата присуствуваа голем број македонски дипломати, а свои обраќања пред многубројниот народ имаа и претставници од конзервативната партија на Канада.

 

  

 

 

 известува: ѓакон Стеван Барјактаров

Извор:АКМПЕ

Посети:{moshits}