Претседателот Бранко Црвенковски донесе указ со кој ја одликува Македонската православна црква со "Орден на Република Македонија".

Претседателот Црвенковски, како што соопшти неговиот кабинет, ова највисоко државно одликување го доделува по повод 40-годишнината од автокефалноста на МПЦ.

"Орденот на Република Македонија" на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, претседателот
Црвенковски ќе му го врачи в недела, 10 јуни на свечена церемонија во црквата "Света Софија" во Охрид.




„ВЕЧЕР“



Претседателот на Република Македонија Бранко со "Орден на Република Македонија" ќе ја одликува Македонската Православна Црква

Во недела во Охрид, во црквата "Св.Софија,"

Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски на свечена церемонија на Поглаварот на Македонската Православна Црква, Господин Господин Стефан ќе му врачи Орден на Република Македонија а по повод 40 годишнината од автокефалноста на МПЦ.
Претседателот Црвенковски со Указ ја одликува МПЦ со највисокото државно одликување поради улогата на Македонската црква - стожер на националниот и духовниот опстој и чувар и афирматор  на националниот идентитет на македонското постоење.

"Орден на Република Македонија" се состои од орденски знак на гердан и од орденска звезда. Орденската ѕвезда има основна кружно-ѕвездеста форма со димензија од 91мм. Медаљонот на орденската ѕвезда е идентичен со орденскиот знак. Тој е во кружна форма со димензија од 57мм. Орденскиот знак со соодветна јазолна карика висока 3,5 сантиметри е врзан за герданот на орденот.
Штитот од ѕвездата е престава на споени брановидно-тутунови зраци. Во централното поле е вметнат соодветен рубин.  Маргиналниот венец на медаљонот е составен од нишка од брилијанти.
Орденот на Република Македонија е изработен од 18 каратно злато, а лентите за ордените се од маорирана свила.