На денот кога Светата Христова Црква го слави споменот на  Светата маченичка Марина (Огнена Марија) и Преподобен Леонид Устнедумски во парохиската  Црква Св. Петка во Скопје се отслужи Света Божествена  Литургија на која чиноначалствуваше старешината на овој храм.


Овој храм, посветен на преподобната Параскева е еден од најпосетуваните во Скопје, и навистина е духовна оаза за нашите души.