На 30. 07. 2014 год., На храмовиот празник „Св. великомаченичка Марина“ (Огнена Марија), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Божествена Литургија, во сослужение на Гостиварскиот архиерејски намесник протоереј-ставрофор Боге Богојески и ѓакон Илија Деспотовски, во храмот „Св. Марина“ во с. Зубовце – Гостиварско. По Литургијата беше прережан кумскиот колач и осветени пропратните простории (Летниковци).
Извор: Тетовско-гостиварска епархија