Света Архиерејска Литургија во ЦО Света Петка – Рокдаел, Сиднеј



На 20.07.2014 на празникот на Света Великомаченица Недела во Црквата Света Петка во Рокдаел, Сиднеј, се отслужи света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Преспанско – Пелагониски и Администратот Австралиско – Ново Зеландски во сослужение на парохискиот свештеник Протојереј Митко Митрев и  ротојереј Рубин Бојчевски.

Многубојниот верен народ од Сиднеј празнично чествуваше со својот Архипастир и на Литургијата се присоедни кон Светите Христови Тајни.
Радота беше воочилива според псалмопејачот кој вели:” Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат Заедно”
Да ни се на многу години ваквите заеднички чествувања. Амин.

 

 

 

 

 

Известува: Зоран Бочкароски

 

Сиднеј
21.07.2014

Извор: Австралиско- новозеландска епархија