Објава – Announcement
Донации за финалната фаза на градбата на манастирската Црква.
Градбата во манастирот на Св Прохор Пчински, во Донибрук, доаѓа во завршна фаза. Остануваат уште кровните површини. Ќерамидите веќе пристигнаа и се прават подготовките за нивно редење, со што полека пристапуваме кон завршетокот на надворешниот дел на градбата.
Ние во манастирот направивме добротворна акција за донација на истите. Во оваа прилика ги известуваме оние кои што сакаат да донираат за овој дел на градбата, можат да го направат тоа преку жиро сметката на Манастирот или директно во мaнастирот за кои ќе добијат и сметко потврди.
Жиро сметката на манастирот е: Account Name: MOCDANZ – DONNYBROOK
Bank: CBA
BSB: 063590
Account No: 10270136 Цената за донирање е $100 за еден метар квадратен, но секој може да си избере колку сака да спонзорира.
Однапред ви благодариме за подршката.
Со почит.
Игумен на манастирот,
о.Гаврил
03.03.2013 год.