логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Скопје, н. Маџари,  3 -ти  јини 2012 год.- храм Вознесение Христово

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

На 3 јуни 2012 година, на празникот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите – Педесетница, јереј д-р Сашо  Наков во сослужение на ѓаконот Ѓоко Бурмузоски и штецот Зоран Велковски   во храмот Вознесение Христово во населбата Маџари, во Скопје, отлужи Божествена Литургија.На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата се отслужи Вечерна богослужба со читање на трите молитви. 

Sasho.Duhovden7.jpg

Отец Сашо на насобраниот верен  народ се обрати со пригодна беседа:

(извадок)

Драги браќа и сестри, денес нашата Света, православна Црква го слави еден од најголемите празници, Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите или како што е познат помеѓу луѓето, Духовден. Всушност денест го славиме третото лице од Светата Тројца, односно Светиот Дух, кој е едносуштен на Оца и Сина. II -та глава од Делата на Светите Апостоли ни сведочат дека на денешен ден, односно на педесетиот ден по Воскресението Христово и на десетиот ден по Вознесението Христово, Светиот Дух слезе врз Светите Апостоли и ги исполни со моќ и “тие почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат” (Дела 2, 4).
Овој настан се случуваше пред една куќа во Ерусалим, а народот кој што беше насобран остана вчудоневиден, кога сите можеа да слушаат како Апостолите им говорат на нивниот јазик. Бидејќи во тоа време Јудејците го славеа нивниот празник на трендафилите, односно празникот Розалија, во Ерусалим имаше надојдено народи од сите страни на светот, односно тој ден во Ерусалим престојуваа народи кои ги зборуваа сите јазици кои постоеја во тоа време. Многумина останаа вчудоневидени од ова големо чудо што им овозможуваше да слушаат како Апостолите им говорат на нивниот јазик, но имаше и Јудејци кои им се потсмеваа на Апостолите велејќи дека се напиле од слаткото вино (Дела 2, 13). Тогаш Светиот Апостол Петар стана и им се обрати на насобраните велејќи “Луѓе Јудејци и вие што живеете во Ерусалим, овие луѓе не се пијани, како што мислите вие зошто е третиот час од денот, туку тоа е исполнување на пророштвото на пророкот Јоил од Стариот Завет во врска со примањето на највисокиот мандат на Евангелието преку слегувањето на Светиот Дух” (Дела 2, 15-21). Драги верници, токму во овој пасос лежи основата да секој народ има право да го слуша проповедот на Словото Божје на свој мајчин јазик, а со тоа и секој народ да има право на своја самостојна црква. Значи тоа право го има и македонскиот народ и затоа слободно можеме да констатираме дека сите денешни обиди за непризнавање на нашата Македонска Православна црква се без библиски темели и дека треба да истраеме во нашите настојувања за самостојна Македонска Црква.(повеќе)

Sasho.Duhovden7.jpg

 Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

Sasho.Duhovden7.jpg

 

Преминпортал

Лето Господово 2012

Друго:

МОЛИТВАТА ЦАРУ НЕБЕСЕН

МОЛИТВА НА СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ СО КОЈА ГО ПРИЗИВА СВЕТИОТ ДУХ

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најнови вести

Православен календар

 

07/07/2026 - вторник

Петровденски пости; (на риба)

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов; Св. Никита, епископ Ремесијански; Св. маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная