логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Максим Егер

АРХИМАНДРИТ СОФРОНИЈ – МОНАХ ВО СВЕТОТ И ЗА СВЕТОТ

„Господ е неискажливо милосрден, но ни се дава според мерата во која ние, обдарени со безгранична слобода, сме подготвени да Го примиме“ – пишува отец Софрониј. Тој зборува за тајната на човековата личност и за Божјата промисла. Има луѓе кои, од самото крштевање, се целосно обземени од жедта за Апсолутот. Роден во Русија во 1896 година, отец Софрониј беше еден од нив. Од најмала возраст го мачea големите метафизички прашања. Мошне рано станува свесен за трагичниот карактер на човековото постоење. Трагиката ја согледувал преку големата руска книжевност, но и преку историјата, која го покажуваше своето лице во апсурдните масакри на Првата светска војна, и преку крвавата есхатологија на Октомвриската револуција. Бил инжинер офицер, но на фронтот не заминал. Подоцна двапати бил во заточеништво во концлогорот Љубљанка.
Додека се разнишуваа темелите на надворешниот свет, отец Софрониј преживуваше вистински внатрешен потрес: „сеќавање на смртта“, и тоа не само она сеќавање на смртта познато од аскетската традиција, туку вистинското вртоглаво понирање на душата во бездната на ништовноста. Со неговата смрт, тој го имаше чувството дека во него и со него умира сѐ што неговата свест опфаќа: човечкиот род, вселената, па дури и Бог. Од ова силно доживување тој за себе извлекува две парадоксални работи: длабокото чувство за ништовноста на постоењето, како и првиот „испразнувачки“ увид во тајната на личноста која е способна да го опфати создадениот и несоздадениот свет, и реалноста на бесконечното Битие. Велиме „испразнувачки“ затоа што едно утро, кога имал седумнаесет години, тој се разбудил со идејата дека Апсолутот не може да биде „личносен“, дека вечноста која се содржи во евангелската љубов не може да биде ништо повеќе од чиста сентименталност, „душевност достојна за презир“. Напуштајќи Го живиот Бог на своето детство, тој, значи, се свртува кон нехристијанскиот источен мистицизам. Практикувајќи еден вид медитација, тој работи на тоа да ја очисти својата менталност од сѐ релативно. Помешувајќи ја индивидуата со личноста, тој, како што подоцна рече, „му служи на богот на филозофите, кој всушност не постои“.
Во исто време, тој ѝ се предава на својата голема страст, сликарството, кое го изучува на Државната школа за ликовна уметност во Москва. Но немирите на болшевичката револуција ја прекинуваат неговата работа. Отец Софрониј одлучува да ја напушти земјата. Најпрвин заминува во Италија, потоа во Германија, за во 1922 година да пристигне во Париз. Наскоро ја има можноста да изложува во прочуените галерии за модерна уметност како што се Salon d’Automne и Salon des Tuileries. Барањето на невидливото зад видливото во сликарството, иако му нуди „моменти на возвишена радост“, сепак не е во состојба да го задоволи: „Средствата што му беа на располагање се покажаа немоќни да ја изразат убавината што владее во природата“.
И тогаш, еден ден, му се јави Оној што тој Го имаше напуштено. Еден библиски текст му дава полна смисла на тоа потресно доживување: Јас сум Оној Кој Е (Исход 3, 14). Како може беспочетниот Бог, Творец и Господар на вселената, да каже: „Јас сум?“ „Пресврт во историјата на човештвото“, ова откривање на апсолутното Битие како Ипостас, кое му беше дадено на Мојсеј, за отец Софрониј стана вистински пат кон Дамаск. „Голем е зборот ‘Јас’“ – пишуваше. „Тој  означува личност. Бидејќи Бог рече Јас, човекот може да каже Ти. Во моето јас и во Неговото ти се содржи целокупното битие: и овој свет и Бог. Надвор од Него нема ништо. Ако сум во Него, тогаш, исто така, и јас сум [постојам], но ако сум надвор од Него – умирам“.
„Највисокиот и првичен факт на Битието“, овој Ипостасен принцип, има име и лице, неискажлива сила и светлина: Исус Христос. „Без Него јас не Ги познавам ниту Бог, ниту Човекот“ – пишува отец Софрониј. Во воплотениот Син на Отецот тој го согледува предвечниот Божји план за човекот: спасението како обожение. „Човекот е повеќе од микрокосмос – тој е микротеос“. Бидејќи Творецот, примајќи обличје на слуга, стана сличен на човекот, човекот има можност во сѐ да стане сличен на Бога. За отец Софрониј светоста нема морална туку онтолошка природа: „Светител не е некој кој достигнал висок степен на човечки морал, или на аскетски живот, па дури ниту на молитва (и фарисеите постеле и кажувале „долги“ молитви), туку оној кој во себе Го носи Светиот Дух“.
Оваа бесконечна радост, ова самооткривање на Бога, за отец Софрониј е, исто така, и извор на „болка која ќе биде лајтмотив низ целиот негов живот во Бога“. Бидејќи, покажувајќи му се Каков што Е, Бог му овозможува и себеси да се согледа каков што е, во најскриената длабочина на своето битие. Осветлувајќи ја неговата душа, Светиот Дух му ја покажува длабочината на неговиот грев и неговиот внатрешен мрак. Тој грев не е просто прекршување на некоја морална норма, туку непознавање на вистинскиот Бог, одбивање на Татковата љубов, „одвојување од онтолошкиот извор на нашето битие“. Пронајдувајќи го со ужас својот „внатрешен труп“, отец Софрониј влегува во својот „пекол на покајанието“. Тоа е небесен дар, „поголем отколку да ги видел ангелите“, дар кој тој го смета за свое трето раѓање, по раѓањето во тело и по Дух. Чувството на недостојност, срам, очај, омраза кон себеси – нејекстремните чувства го соборуваат на земја. Како и Петар по своето одрекување, тој пролева горчливи солзи кои се во состојба да ги разјадат кожата и телото. Сепак, наместо да го уништи, ова метафизичко страдање, пострашно од секаква физичка болка, ја обновува во него создадената природа, прави во него да се роди „еден инаков поглед, едно инакво сетило на слухот, енергијата на новиот живот“.
Од огнот што ги изгорува страстите и очистува, до Светлината која просветлува, постои премин со чијашто благодат отец Софрониј се удостои во 1924 година. На Велика Сабота, непосредно по Причеста, Бог го посетува и му овозможува да ја види несоздадената Светлина на Неговото Царство. „Ја доживеав како допир на божествената Вечност. Нежна, исполнета со мир и љубов, таа остана со мене и во наредните три дена. Го разгонуваше мракот на ништовноста кој се креваше пред мене. Бев воскреснат, а со мене и во мене воскресна сиот свет. Единственото вистинско ропство е ропството на гревот. Единствената вистинска слобода е воскресението во Бог“.
Поврзано со неговото практично познавање на источниот мистицизам, ова искуство на Светлината (кое тој непрекинато го продлабочувал) му донесе силен и прецизен увид во различните облици на согледување на божественото, човечкото или демонското. Способноста да ги разликува направи од отец Софрониј, по неговото населување на Запад, одбран собеседник на мнозина трагачи на Духот. Никој не можеше толку добро како него да ги покаже илузорноста и опасностите на извесни облици на гностицизам и „природна“ мистика, заснована на психотехнички методи: мешање на несоздадената Светлина (која доаѓа од Бога) и создадената светлина на интелектот (која е само нејзин одраз), самообожение по пат на идентификација на суштината на човекот со суштината на Бог, внатрешен мир кој често е само еден облик на „квиетизам“, растворање на човековата личност во „неподвижниот океан на надличниот Апсолут“, пренебрегнување на неспоивоста на медитацијата (опуштање) со молитвата (крајна напнатост). За отец Софрониј, „гледањето на несоздадената Светлина е нераскинливо поврзано со верата во Божественоста на Христос“. Гледањето потекнува од таа вера и ја потврдува. Многубројни следбеници на Генон, синтоисти, будисти и други гностици се обратиле кон Христос со посредство на отец Софрониј.
Очигледно, Воскресението од 1924 година означува пресвртница на патот на отец Софрониј. Како што самиот има кажано, Светиот Дух „изли во неговото срце вдахновение кое никогаш повеќе нема да го напушти“. Му даде „безумна смелост“ неопходна за да се биде христијанин. Започнува нов живот. Целосно ѝ се предава на молитвата, „на живата средба на нашата создадена личност со Божествената Личност“. Чувствувал дека стои пред радикален избор: или ќе биде восиновен од Бог Отецот, или ќе остане во темнината на небитието. „Нема средно решение“, сметал тој. Во неговото срце страшно се судираат љубовта кон Христос и неговата страст на уметник која го „поседуваше како роб“. По повеќе месеци внатрешни растргнувања, тој, како Авраам, подготвен да го жртвува она што му е најмило, го напушта сликарството.
Полн со желба да го посвети својот живот на Бога, отец Софрониј тогаш стапува во Институтот на Свети Сергеј, кој штотуку бил отворен. Но студиите не го задоволуваат. Тој сфаќа дека таму помалку се зборува за Бога, а повеќе „околу“ Него. Сѐ до крајот на својот живот тој ќе го задржи својот критички став кон академската теологија. Иако корисна во историскиот живот на Црквата, теолошката наука, според него, нема значение ниту по прашањата за личното спасение, ниту кога се работи за вистинското познавање на Бога. Причина: „Таа дава само интелектуално разбирање, но не вознесува реално во сферата на Божественото Битие“. За отец Софрониј, верен ученик на свети Силуан, „христијанството не е никаква доктрина, туку живот“, и затоа теологијата не треба да биде спекулативно практикување, туку состојба на битието вдахновено од Божествената благодат“. А, пак, познанието на Бог не треба да биде знаење на одредени податоци, туку „егзистенцијално искуство на заедницата со Бога“. Меѓутоа, приматот на егзистенцијалното искуство не ја исклучува ниту неопходноста од силна догматска свест. Како што пишува отец Софрониј, „правилниот живот е условен од точното поимање на Христос и на Света Троица. И обратно, секое отстапување од Вистината во нашиот внатрешен живот ја искривува и нашата догматска перспектива“.
Во 1925 година отец Софрониј заминува на Света Гора. Станува монах во рускиот манастир Свети Пантелејмон. За него, според зборовите на Теодор Студит, кого често го цитира,  монаштвото е „трета благодат“, небесен живот на земјата, духовно срце на Црквата. Набрзо потоа ја стекнува благодатта на непрестајната молитва, „дар Божји, кој е поврзан со еден друг дар – покајанието“. Исполнет и преобразен со молитвата, тој самиот станува молитва, станува застапништво. Монахот за него е икона на Мајката Божја. Тоа е оној кој се моли за целиот свет, во согласност со царското и пророчкото свештенство на Мелхиседек. Тоа е универзално, достапно за сите христијани, и затоа духовно стои повисоко од хиерархиското свештенство на Арон.
На Света Гора отец Софрониј го доживеал и искуството на губење на благодатта. Обележан „со законот на гревот“, човекот не е во состојба да „ја сочува полнотата на дарот на божествената љубов“. Порано или подоцна, како жртва на сопствените страсти, тој чувствува дека Светиот Дух го напуштил во својот чувствен облик. Зашто, доволна е една ситница, едно просто вивнување на гордоста, самозадоволно задржување на вниманието кон себеси, и срцето се затвора, а духот се помрачува. Падот, понекогаш е таков што човек запаѓа во тешко униние, духовна болест која отец Софрониј ја дефинира како „престанок на грижата за спасението“.
Во однос на претходно примената благодат, оваа состојба во која Бог нѐ напушта може да биде доживеана како вистински „пекол“, стравување, чувство на загрозеност, болка блиска до онаа што ја чувствувал Христос во Гетсиманија и на Голгота. За да се поврати благодатта, т.е. за да се преобрази нашето битие избавувајќи се од страстите, потребна е одредена аскеза, одредена внатрешна борба, „процес на целосно истоштение “ со што ја изразуваме нашата желба да Го следиме Христос во целост, да станеме совршено слични на Него. „Љубовта Христова е блаженство кое не се споредува со ништо од овој свет“, пишува отец Софрониј. „Но, во исто време, да бидеш сакан од Христос значи да пиеш од Неговата чаша. Љубовта кон Бога е кенотична. Тој ни заповеда да Го љубиме сѐ до омраза на самите себеси“.
Незаслужен дар на благодатта, богооставеност, повторно здобивање со благодат. За отец Софрониј целокупниот духовен живот се состои во ова трикратно движење. Тој самиот никогаш нема да престане да го живее „во исто време и мракот на сопствената смрт и надежта во Бога, Кој нѐ спасува“. Ова осцилирање помеѓу пеколот и Светлината, оваа парадоксална состојба во која душата, час се вознесува до небото, час се урива во мрачните долини на адот, ќе го обележи неговиот долг пат „низ бурата“, станувајќи еден од клучевите на неговата духовност.
Меѓутоа, од ова огнено искуство отец Софрониј нема да извлече вистинска корист сѐ до оној најголем настан во неговиот живот, кога во 1930 година го запознава блажениот Старец Силуан. Тој, истенчен интелектуалец и вљубеник во метафизиката, без премислување се стуткал покрај нозете на овој прост човек, селанец по потекло и речиси неписмен. Близок до бестрастието, живеејќи на највисоките степени на љубов кон непријателите, Старецот Силуан ги познавал најекстремните духовни состојби: очајничкото гледање на својата вечна отуѓеност, кое како со блесок на молња бидува заменето со гледањето на Христос во блескава Светлина. Околу 1905 година, во времето кога Ајнштајн со својата „Теорија на релативноста“ ги најавуваше научните револуции на XX век, светиот човек ги прими од Христос зборовите за спасение во нашето време: „Држи го својот ум во адот и не очајувај“.
За отец Софрониј овој повик на постојано самоосудување е најсовршен израз на кенотичкиот пат Христов, најсигурен и најнепосреден начин да се достигне совршенство. Кога ќе се наведнеме како недостојни за Бог, осудувајќи се самите себе на вечните маки на пеколот – ние во себе ја искоренуваме секоја страст и го правиме нашето срце смирено и слободно да ја прими божествената љубов. Бидејќи, како што отец Софрониј го формулираше учењето на Старец Силуан, „едно е аскетското смирение, а сосема друго е Христовото смирение“. Првото, релативно се состои во тоа да се видиме себеси „полоши од сите“. Тоа е плод на ужасната борба со помислите. Другото, апсолутното е „атрибут на божествената љубов која се раздава неограничено“. Ова смирение е делувањето на Светиот Дух во нас, кога целокупниот Адам го доживуваме како самите себе.
Старец Силуан се упокои во Господ на 24 септември 1938 година. Следната пролет отец Софрониј оди да живее како пустиник во една ќелија на Каруља, во срцето на светогорската „пустина“. Потребно беше да ја стави на проба верноста на својата љубов кон Отецот, да се разбуди познавањето на божествената стварност, но пред сѐ, да се доведат до својот крај сопственото покајание и кенозис. Таму, во самотијата, тој доживеал мигови на чиста молитва, лице в лице со Бога, без слики или мисли кои го расипуваат вниманието. Умот (па дури и телото) целосно е собран во срцето, додека духот е одведен во безимениот светол бескрај на божествената вечност, од онаа страна на секоја граница на просторот и времето. Меѓутоа, се појавува нов парадокс: токму во мигот кога „го доживува присуството на живиот Бог во таков степен што заборава на светот“, молитвата ги проширува неговото срце и неговата свест до космички димензии. Одгласите на војната допираат дури до неговата пештера. Особено ноќе, повиците на напатеното човештво му го прободуваат срцето. Како и Старецот Силуан, и тој се моли за целиот свет, за целокупниот Адам, со истите солзи, како да се работи лично за него. Во тој плач го гледа Божјиот дар, одразот на Христовата молитва во Гетсиманија кога „смртно беше нажалена Неговата душа“, а потта негова како капки крв паѓаше на земјата (Мат. 26, 38 и Лука 22, 44). Така тој ја осознава длабоката смисла на Христовите зборови: Љуби... го ближниот свој како себеси. Оваа заповед, според него, помалку ја означува мерата во која треба да се љуби, а повеќе онтолошкото заедништво на човековиот род, скршен од гревот, кое треба да се возобнови со љубовта и во љубовта. Да се љуби со Христовата љубов значи да се вклучи во своето лично постоење животот на целокупното човештво, значи да се земе на себе сето зло на светот како сопствено зло.
„Да се молиш за луѓето значи да ја пролеваш својата крв“, зборуваше Старец Силуан. Но таквата молитва не тргнува сама од себе. Како дар на Духот, таа претпоставува совршено покајание. Битна е бидејќи е спасоносна, но е, исто така, погодена од беспомошноста. Оти, како што кажува отец Софрониј, „ништо и никој не може да го лиши човекот од неговата слобода да потклекне пред злото, да одбере мрак место светлина. Луѓето сами си го ѕидаат својот пекол“. А најголемиот пекол, најголемиот грев е војната. Што може христијанинот против проклетството?
Во време кога, од Ирска преку бивша Југославија и Блискиот Исток, па сѐ до Кавказ, фанатизми од сите видови – верски, националистички и етнички, ја натопуваат со крв земјата на старото христијанство, повеќе од кога и да е треба да си спомнеме за двојната порака на Старец Силуан и отец Софрониј: најнапред, за сеопфатноста на воплотеното Слово Божјо – „Не знам за грчки, руски, англиски, српски Христос“, велеше отец Софрониј. „За мене Христос е сѐ, наткосмичко Битие. Ја ограничиме ли Неговата Личност, спуштајќи ја на пример, на ниво на разни националности, губиме сѐ и паѓаме во мрак“, и од друга страна – љубовта кон непријателите. За отец Софрониј, ова е ни повеќе ни помалку, туку аголниот камен на Евангелието, единствениот лек за сите неволји, врховниот и неопходниот критериум на вистинската вера, на вистинското соединување со Бога, на вистината во Црквата. Кој има сила за љубов кон непријателите Го познава Христос во дух и вистина. А кој, напротив, сѐ уште ја нема, тој е заробеник на смртта, и сѐ уште не станал „православен“, т.е. сѐ уште не Го познава Бога „таков каков што Он Е“.
По што конкретно се препознава љубовта кон непријателите? По тоа што човек повеќе сака да биде убиен отколку да убие, вели отец Софрониј. „Не треба да ги убиваме непријателите, туку да ги совладуваме со љубов. Треба секогаш да имаме на ум дека не постои апсолутно зло, дека единствен апсолут е беспочетното добро. Заповедта да не се спротивставуваме на злото (Мат. 5, 39) е најефикасниот облик на борба против злото“. Да се бориме со сила, значи едно насилство да се замени со друго, да се поддржува динамиката на злото. Победата, извојувана со сила, секогаш го срамоти човештвото. Таа, според својата природа, не може да трае вечно. Победата на мачениците и на светиите е, напротив, вистинска слава. Таа останува во вечни векови. Доказ е и новата историја на Русија, за која отец Софрониј никогаш не престана да се моли. Таа историја, во неговите очи, има јасно парадоксален карактер: страдања, злосторства и бескрајни драми на земјата, а жетви на светиите на небото и во Црквата! „Нема трагедија во Бог“ – говореше тој. „Трагедијата постои само за оној човек чијшто поглед не е во состојба да премине зад пределите на оваа земја. Христос ја живееше трагедијата на целото човештво, но во Него Самиот немаше ниту трага од трагедија“, туку само несогледлив мир...
Во 1941 година отец Софрониј е ракоположен за свештеник во манастирот Свети Павле. Една година подоцна, издигнат е во достоинство на духовник. Од тој миг, кај него се исповедаат монаси од повеќе манастири. Беше тоа почеток на духовно татковство кое непрестајно ќе се проширува, посебно по неговото заминување во западна Европа. Иронија на судбината или промисла: тој, кој беше офицер во трупите за камуфлажа и кој требаше видливото да го направи невидливо, сега работеше на тоа невидливото да стане видливо за илјадници негови чеда. Да, отец Софрониј беше вистински Старец, Христов човек кој се грижи да Го отелотвори Словото во историјата и во космосот, да ги преобрази историјата и космосот во Светлина на Словото; човек на тишината преку кого Самото Слово зборува, кој нѐ раѓа за нас самите и за живот во Христос, затоа што има слово кое е вдахновено; човек со слово спалувачко како кај Псалмопејачот, способен рамноправно да разговара со сите и со секого, од дете до најучен филозоф или прост работник; човек-молитва, кој својата прва мисла Му ја дарува на Бога, и од Него добива одговори на илјада и едно прашање од посетителите; човек-духоносец, кој умее да ги чита срцата, да учествува во нивните радости и страдања, да ги отвори за дејството на благодатта. Да се разговара со отец Софрониј значеше повторно неодоливо да се биде приведен во движење, во надминување: од психолошко кон духовно, од неизбежните детали и недостатоците на секојдневниот живот до „единственото потребно“, од нашето малендаво „јас“ до космичките димензии на сеопштиот Адам, од логиката на овој свет до „обратната перспектива“ на Евангелието.
Кон крајот на 1943 година, покорувајќи се на една стара молба на монасите од манастирот  Свети Павле, отец Софрониј ја напушта Каруља за да се насели во пустинската ќелија на Света Троица, близу до Новиот скит. Условите за живот биле мошне неповолни, бидејќи осамената пештера со црквичката биле изложени на постојано понирање на водата. Здравјето на отец Софрониј не издржало, и по две години морал да се откаже. Поминал некое време во Скитот Свети Андреј, кој му припаѓа на Ватопедскиот манастир. Во тоа време почувствувал внатрешна неопходност да го запознае светот со духовното искуство на Старец Силуан. Болен, вознемируван во своето молчание од антисловенската клима што владеела на Света Гора, тој го напушта Атонскиот полуостров и во 1947 година се населува во Франција. Една година подоцна ги објавува списите на Старец Силуан, проследени со мошне длабока анализа на неговиот живот и неговите мисли. Бидејќи, примени одозгора, „зборовите за живот вечен“ на Старец Силуан се така едноставни што нивната теолошка длабочина и високиот степен на духовното совршенство што го сведочат, им недостасуваат и на најголемите умови на епохата. Оттогаш, преведена на бројни јазици, книгата Старец Силуан стана класично дело на православната аскетска литература. За отец Емилијан, игумен на светогорскиот манастир Симонопетра, таа содржи „едно ново Добротољубие“. Проникливоста и сведоштвото на отец Софрониј ги принесуваат своите плодови. Во 1988 година Цариградската Патријаршија го канонизираше Старец Силуан.
Жртва на болеста, недоволно опоравен по една тешка операција во 1951 година, отец Софрониј не може да се врати на Света Гора, каде што, како последица на студената војна, ситуацијата видно се влошува за монасите со словенско потекло. Му останува, значи, минијатурната Русија во емиграцијата, Sainte-Geneviève-des-Bois покрај Париз. Привлечени од духовното зрачење на неговата личност, околу Старецот брзо се собираа многу луѓе од најразлични средини. Бидејќи во Франција залудно бараше попогодно место за развој на еден вид заеднички духовен живот, отец Софрониј во 1959 година заминува за Англија, заедно со неколкумина најблиски следбеници. Групата се населува во селцето Есекс, во напуштениот парохиски дом. Така е роден Манастирот Свети Јован Предвесник, кому му била посветена првата црквичка, украсена со икони од отец Григориј Круг.
Завчера општожителен монах, вчера пустиник, а сега Старец среде светот: патот на отец Софрониј е исклучителен. Во Англија, сите негови напори ќе бидат восредоточени на тоа да создаде едно „духовно семејство“, обединето во љубовта и барањето на „единственото потребно“. На оној што го запознал манастирот на отец Софрониј, сама по себе му се наметнува споредбата со мистичниот дух на свети Сергиј, и уште повеќе – на свети Нил Сорски. Како и последниов, наспроти својата воздржаност спрема академската теологија, големо внимание обраќа на интелектуалните активности. Како и кај него, почитувањето на единственоста на секоја личност е повеќе вреднувана во однос на почитувањето на прописите. Единството на манастирот не се обезбедува со типикот, туку со желбата и полната свест дека треба да се живее во Духот Христов. Смисла на постот му дава,  не почитувањето на надворешните прописи за исхрана, туку внатрешната борба со помислите и вниманието восредоточено на животот на Света Троица. Аскезата не е цел за себе, повторуваше Старецот, туку средство да се ослободиме од гревот, да го очистиме своето срце, да ја примиме благодатта, да ја приведеме својата волја кон Божјата, „да ја стекнеме љубовта која од нас ја бара Христос“. Големата опасност од едно правило, како во манастирскиот живот така и воопшто, се состои во тоа што може да го наведе човекот да се восогласи со формата и да заврши така што во себе ќе развие „дарданелска свест“, претесна за да може да го опфати „наткосмичкото величество на Христос“. Единственото правило кое секогаш важи е Самиот Христос, а со Него човек никогаш не може да биде „восогласен“. Пред Него, нашето покајание на земјата не може да има крај.
Времето во манастирот на светиот Јован Предвесник е поделено на оброк, работа и особено на молитва: Литургија и повикување на името Божјо. За отец Софрониј, Литургијата не е само „дело на побожност, туку активно согледување на Богочовекот, Пасха Господова која постојано е присутна меѓу нас“. Тој говореше: „Ако спасението во Христос е единствената вистинска цел на нашиот живот, тогаш сѐ што правиме може да стане чин на молитва. Нашето секојдневие треба да стане непрестајна Литургија“.
Секако, духовен темел на манастирот ќе биде учењето на светиот Силуан. Овде нема трагање по некои посебни мистични состојби и возвишени согледувања, туку постои едноставен евхаристиски живот, евангелски живот, со одење по Христос „секаде каде што оди Тој“. Ако е целта јасна – да се работи за своето спасение, да се биде обожен – тогаш јасни се и средствата: да се постават Христовите заповеди како единствен и непроменлив закон на постоењето. За отец Софрониј, кој го чувствуваше мошне близок свети Григориј Палама, заповедите не се етички норми, туку божествени енергии, одраз на вечниот Живот на земјата. „Држејќи се до Христовите заповеди, ние стануваме органски слични со Него“, зборуваше тој. „Неговиот живот станува наш живот, Неговата свест – наша свест, Неговите мисли – наши мисли“.
Христовите заповеди кои во овој свет ги отвораат небесните врати, отец Софрониј ги резимираше во една литургиска формулација која често ја повторуваше: „Трудете се да го поминете својот ден без грев, т.е. свето, не повредувајќи го ближниот, помирувајќи се со неговите евентуални недостатоци, целосно и напрегнато чувствувајќи го постојаното и невидливо присуство на Бог, овде и сега. Внимавајте во вашите животи да нема ништо што не извира од личноста. Погрижете се да живеете како да треба да дадете одговор за секој двиг на вашето срце и вашиот ум. Вашиот дух деноноќно нека пребива таму каде што се наоѓа Христос“. Ваквиот внатрешен став претпоставува непрекината борба против страстите и нивните космички енергии: помислите. Отец Софрониј своите духовни чеда ги вежбаше токму во оваа култура на духот, во вистинската „наука над науките“, за која на овој свет не се добива диплома.
Треба да се трудиме да живееме без грев, да ги земеме на себе слабостите на другите. Едноставна и длабока, за отец Софрониј оваа духовна програма беше и пат кон единството на христијаните. „Секој таму каде што Бог го поставил, нека настојува да Го здобие Светиот Дух, а Бог ќе го направи останатото“. Од повеќе причини отец Софрониј не веруваше во институционалниот екуменизам, но со своето гостољубие и љубовта даваше пример за екуменизмот на срцето. Доказ се околу илјада гости, меѓу кои и голем број неправославни, кои секоја година престојуваат во манастирот. Со лесниот натуралистички акцент на својата иконографија, со грижата Литургијата да ја служи на локалните јазици, со вклопувањето на Исусовата молитва во циклусот на богослужбите, со значајниот преведувачки труд на неговите ученици, со своите разговори и пријателства со неправославни христијани, отец Софрониј беше, да го преземеме изразот на Оливие Клеман, вистински „мост“ помеѓу христијанскиот Исток и Запад, еден од големите сведоци на сеопфатноста на Православието.
По доста тешките почетоци, во околина која во исто време била и индиферентна и сомничава, Манастирот на свети Јован Крстител полека растеше за денес да брои околу дваесет и пет монаси и монахињи со потекло од дванаесет различни народи. Во 1965 година станува ставропигијален манастир на Цариградската Патријаршија. Враќајќи му се на својот некогашен талент и професија, отец Софрониј отвора иконописно ателје: со помош на монасите, и особено на монахињите, со фрески ја украсува трпезаријата и новата црква посветена на свети Силуан. Тој, исто така, пишува книги и бројни статии.
Монах, пустиник, свештеник, духовник и духовен отец, основач на манастир, иконописец, црковен химнограф, писател, „мисионер“ – бројни се харизмите на отец Софрониј. Сестрана, неговата личност беше и длабоко парадоксална; бидејќи неговиот духовен живот беше како „вод со висок напон“ помеѓу Гетсиманската градина и гората Тавор. Неговата апостолска дејност во целост била распната помеѓу новото и старото. Беше наследник на свети Иринеј Лионски во неговата борба против гностицизмот и неговата „рекапитулативна“ визија за целокупниот Адам, ученик на свети Макариј Египетски во неговото сфаќање за благодатта, близок до светиот Максим Исповедник во неговата двојна природа на аскет и метафизичар, со своето почитување на учителот и со својата автобиографска црта – брат на свети Симеон Нов Богослов, следбеник на свети Григориј Палама во пристапот кон несоздадената Светлина и Христовите заповеди, чедо на долгата руска традиција на кенотичкиот Христос. Бивајќи сѐ од ова, отец Софрониј е целосно проземен од Преданието на Црквата. Но, во исто време, за него тоа Предание никогаш не било синоним за повторување и конзервирање. Тој не се колебаше ниту да воведе нови симболи (земјата во центарот на вселената, над која се издига еден византиски крст) и иконографски новини (Јуда, кој ја напушта Тајната вечера). Преданието значи творештво во Духот и мора да биде усвоено на личносен начин.
Отец Софрониј, да го употребиме неговиот израз, „влезе во тишината и вечната Светлина“ на 11 јули 1993 година. Беше во својата 97-ма година. „Како е возможно да се соединат духот, подобието на Апсолутот и земјата?“, се прашуваше тој. Сиот свој живот, тој се обидуваше да ја достигне тајната на човекот, на чистиот и слободен „дух“ во телото потчинето на космичките сили. Може да се каже дека оваа тајна отец Софрониј ја живееше со целото свое битие, сѐ до крајот. Сите кои го виделе пред смртта беа изненадени од контрастот помеѓу крајната слабост на неговото тело, со кое повеќе не беше во состојба да управува, и пламената живост на неговиот дух. Како што рече еден од неговите блиски: „Пламенот на Духот ја согоре во него и последната честичка од материјата“.

 

Извор: ПРЕМИН бр. 91/92

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная