логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Архиепископ Василиј (Кривошеин):


Аскетското и богословско учење на свети Григориј Палама

Содржина

Глава 1. Аскетско-гносеолошката основа на учењето на свети Григориј Палама
Глава 2. ,,Суштина и Енергија”. Учење на свети Григориј Палама за Бога Триипостасниот во Неговата ,,скриена надсушност” и ,,несоздадените енергии”
Глава 3. Несоздадената Божествена Светлина
Глава 4. Заклучок. Значењето на свети Григориј Палама во православното богословие

 

Глава 2. ,,Суштина и енергија”. Учењето на свети Григориј Палама за Бога Триипостасниот во Неговата ,,сокриена надсуштина”
и ,,несоздадените енергии”

          Сега ќе преминеме кон изложување на догматско-богословското учење на свети Григориј Палама во неговите најглавни црти. Основната мисла во учењето на свети Григориј Палама за Божеството може да биде изразена како антиномично утврдување на потполната непристапност, трансцендентност и ,,вонсветскост” на Бога и заедно со тоа Неговото самооткривање на светот, Неговата иманентност и Неговото реално присуство во него. Оваа основна антиномија наоѓа свој израз во неговото учење за ,,суштината и енергијата” на Триипостасното Божество. Како што веќе видовме во претходната глава, свети Григориј Палама е верен дух на источната патристика со нејзината склоност кон апофатичко богословие, претставено од такви имиња како што се свети Григориј Ниски, Дионисиј Ареопагит и преподобен Максим Исповедник, кое учи за (своја) потполна неприменливост на Бога, разгледуван во Самиот Себе, за какви било наименувања, определувања и воопшто искази. Секоја таква изјава, ќе носи или карактер на утврдување или негирање, не може ни приближно, да се изрази вистинската суштина Божја, иако, сепак, со искажувањата со одречниот поредок полесно се избегнуваат неправилните претстави за Бога. Освен тоа, самите сфаќања на битието и суштината се неприменливи, строго говорејќи, на Бога, како Таков Кој го надминува секое познато и претпоставено (мислено од нас) битие (релативно и тварно). ,,Секоја природа, - пишува свети Григориј Палама во карактеристичниот за него дух на апофатичко богословење, - во највисок степен е многу оддалечена и сосема туѓа на Божествената природа. Зашто ако е Бог природа, тогаш се останато не е природа; а ако пак се останато е природа, тогаш Он не е природа, бидејќи Он не е, дури и ако други суштества постојат; ако пак Он суштествува, другите не суштествуваат.” Оваа неприменливост врз Бога на сфаќањето за битието и суштината треба да се разбира, секако, не во таа смисла дека Бог во Самиот Себе е лишен од содржината на тие сфаќања (подолу од битието), но дека Он како Творец на битието е несомерен со него и бесконечно го надминува. ,,Он не е природа, - пишува свети Григориј Палама, - бидејќи ја надминува секоја природа; Он не суштествува, зашто Он надминува се што суштествува... ништо од тварното нема, и нема да има никакво општење или блискост со највисоката Природа.” Затоа Божеството во Самото Себе е совршено (апсолутно) неименливо и неискажливо, како несомерно со се тварно: ,,Нема за Него, пишува свети Григориј Палама, - име, именувано во сегашниот или идниот век, ни збор образуван во душата или произнесен со јазикот, ниту соприкоснување на било каков сетилен или умствен, ниту воопшто каков било образ, освен ако не ја сметаме само најсовршената непостижност, добиена по пат на негација, и негирајќи со посредство на возвишување се што постои или се нарекува. Значи, недозволиво е да се нарече Он суштина или природа употребувајќи ги тие сфаќања во сопствена смисла.” Заради тоа свети Григориј Палама кога зборува за Бога во Самиот Себе претпочита да се ползува наместо со зборот ,,суштина” со изразот ,,надсуштина”, карактеризирајќи ја притоа со такви апофатички дефинирања, како  ,,тајна”, ,,неисходна”, ,,непројавена.” Но истовремено со таа ,,неисходност” на Бога свети Григориј Палама утврдува дека тој го нарекува Него ,,происходење” (проодос, настапување напред), некаков непостижен вонвременски акт на Божеството, со чие посредство Тоа од Својата состојба на неоткриеност и сокриеност му се открива на светот, се јавува и, на тој начин, станува во извесна мера достапен на тварта, која се приопштува на Божеството во Неговото откривање, или, како што се изразува свети Григориј Палама, во ,,енергиите”, додека состојбата на неисходност (недостапност) условно се означува со зборот ,,суштина”. Тоа означување, секако, е неточно, бидејќи како што видовме погоре, термините ,,суштина” или ,,природа” не се применливи во сопствена смисла на Бога ,,во Самиот Себе”, а само на Неговите ,,пројави”. Заради тоа во зависност од смислата, во која се употребени изразите «оусиа» и «фусис», во условна или сопствена, под нив треба да се мисли или ,,непричесна, неисходна и непројавена надсуштина”, или како што се изразува свети Григориј Палама во својот дијалог ,,Теофан”, природно својствени на Бога ,,настапување напред, пројава и енергија”. Ова условно означување на Бога со зборовите ,,суштина” и ,,природа” и ,,битие” може да биде, сепак, оправдано со тоа што секое тварно естество или битие станува тоа по причестието со Божествената енергија. Во таа смисла, како што пишува свети Григориј Палама, ,,Бог е и се нарекува естество на сите суштества, затоа што сите се Негови причесници и се образуваат со Неговото причестување; не причестие со Неговата природа, тоа никако, но причестие со Неговите енергии; зашто во таа смисла Он е битијност на постојните… и воопшто се за сите.” И потребно е да се каже дека ,,откривањето” на Бога во светот преку Неговите безброј несоздадени енергии, достапноста на Божеството во нив за тварта и реалноста на причесноста со неа во несоздаденото и Божествено, сето тоа се поттцртува во учењето на свети Григориј Палама со не помала сила и настојување, отколку таа со која се говори за недостапноста и ,,сокриеноста” на Бога во Неговата ,,тајна надсуштина”. Ние стоиме овде пред лицето на богословската антиномија, која по сета смисла на учењето на свети Григориј Палама има онтолошки (поточно, ,,надонтолошки”, зашто Бог ги надминува границите на постоењето) објективен карактер и не може да биде сфатена како нешто постоечко само во нашето мислење за Бога поради неспособноста на нашиот ум целосно да мисли за Божествената природа. Само треба секогаш да се помни за правилно да се сфаќа  таа антиномија дека со неа не само што се утврдува дека Бог поседува суштина и енергии, како нешто објективно различно едно од друго, но постојано се укажува на нивната неразделеност, не само мисловна, туку и реална. Оттука може да се види неоснованоста на нападите на свети Григориј Палама од страна на лица кои во неговото учење за Божеството гледаат проповед на ,,двобожје” или дури многубожје (доколку Божеството поседува многу енергии).
         

   Тие енергии Божји, објаснети од свети Григориј Палама како пројавувања и откривања на Самиот Бог, неразделни од Него, природно се јавуваат, според смислата на неговото учење за Божеството, несоздадени (зашто во Бога нема ништо создадено) и се означуваат со имињата на Божеството, а не со суштеството Божјо, зашто последното е совршено неискажливо и неименливо. Признавањето тварност на Божјите енергии неизбежно би привело, според свети Григориј Палама, до признавање тварност и на Самиот Бог. ,,Во кого енергијата е тварна, - пишува свети Григориј Палама, - тој и самиот не е нетварен. Затоа не енергијата Божја (да не биде тоа), туку тоа што е резултат на енергијата е твар.” За тоа учат и Соборите од таа епоха: ,,Божественото естество пребива неименувано, какво што тоа е, во сите измислени имиња… Не естеството, туку видната енергија претставува именување на Божеството”, - читаме во актите на Соборот од 1351 година. Соборот во август 1347 година го оправдува православието на светогорските монаси, ,,кои утврдиле дека Бог е несоздаен не само по суштината која совршено го надминува секое видение и сфаќање, туку и по ова неискажливо пројавување на светата Божествена Светлина и енергија, како што и самата, согласно со свештените богослови, се нарекува Божество”. Соборот во 1352 година дури вклучил во списокот на учењата, секоегодишно од Црквата во Неделата на Православието анатемисување на тврдењата дека името на Божеството се однесува само на суштината Божја, а не и за Неговите енергии. Соодветно со тоа свети Григориј Палама пишува: ,,…кога ние Го нарекуваме единото Божество, ние нарекуваме се што е Бог  - и суштината и енергијата”.
          

   За правилно разбирање на учењето на свети Григориј Палама за ,,суштината и енергиите” на Божеството треба секогаш да се помни дека тоа кое ја надминува секоја достижност и е неискажливо во Самото Божество е Триипостасното Божество. Пројавувањата и откривањата Негови се енергии на единото Триипостасно Божество. Свети Григориј Палама не се задржува многу на прашањето за односот на суштината Божја кон Неговите Ипостаси, туку од одделно искажани негови мисли може да се заклучи дека тој, не одделувајќи ги Ипостасите од суштината (зашто целиот Бог целосно се наоѓа во секоја Своја Ипостас), не слевајќи ги нив со неа, сепак утврдува меѓу суштината и Ипостасите некоја неразделна разлика. Така, тврдејќи, од една страна, дека ,,вон Триипостасното Божество јас ништо друго не нарекувам Божество, ниту суштина Божествена… ни Ипостас” (и со самото тоа ја утврдува нивната неразделност), свети Григориј Палама говори заедно со тоа дека ,,Еден и Троица, и од Оној и во Оној (и од Него и во Него), означуваат не природа, туку тоа што се означува околу него” или (уште подефинирано) ,,секое од ипостасните “својства’ и секоја од Ипостасите… во Бог не се ни суштина, ни акциденција”, со други зборови, троичноста на Божеството не е Негова суштина. Поподробно во врска со развојот на своето учење за Божествените енергии свети Григориј Палама се задржува на односот на енергиите кон Ипостасите, укажувајќи дека енергиите не се нешто својствено на една или друга Божествена Ипостас одделно, туку на сета Пресвета Троица во Нејзината целост. Тоа утврдување на единството и заедничкото дејствие на Пресвета Троица припаѓа на основните црти од учењето на свети Григориј Палама за Божествените енергии и тој го објаснува како последица на Нејзината единосушност: ,,Бог, - пишува свети Григориј Палама, - е Самиот во Себе, со трите Божествени Ипостаси природно, целосно, вечно и неисходно, но истовремено, несмешано и неслеано взаемно поврзани и една во друга се содржат така што и енергијата во Нив е една”. ,,Со оглед на тоа, - пишува тој на друго место, - дека Отецот и Синот и Светиот Дух се еден во друг неслеано и несмешано, точно знаеме дека Тие имаат единствено движење и енергија.  Животот и силата која Отецот ја има во Себе, не е нешто друго, од тоа што е во Синот, така што Он „Синот“ ги има истите со Него “Отецот“ живот и сила; исто така и Духот Божји”. И тоа единство на дејствието во Света Троица не е (како што тоа бидува во тварниот свет) само единство по подобие, туку истост (еднаквост) во потполна смисла на тој збор. ,,Во трите Божествени Ипостаси енергијата е една не како подобна, како кај нас, туку навистина една и по број.” Заради тоа и ,,сета твар е дело на трите” Ипостаси, на Нивната единствена ,,несоздадена и совечна енергија”, како што се изразува свети Григориј Палама. Настојувајќи на тоа заедништво и истост на енергиите во Света Троица, свети Григориј Палама признава, сепак дека во некои случаеви одделна Ипостас – Син или Свет Дух – се означуваат како енергии на Отецот. Но тоа означување сведочи, според толкувањето на свети Григориј Палама, не за истоста на Ипостасите на Синот и Духот со енергијата на Отецот, туку за Нивното поседување на сета полнота на Неговата енергија. ,,Не само единородниот Син Божји, - пишува тој, - туку и Духот Свет во светиите се нарекува во енергија и сила; но “Он така се нарекува“ како Оној Кој ги има силата и енергијата споредбено неизменливо со Отецот; зашто и Бог се нарекува сила кај великиот Дионисиј”.
          Уште појасно се изразува таа мисла на Соборот во 1351 година. ,,Ако Синот и Светиот Духот се нарекуваат сила и енергија, но „сила и енергија“ на Отецот; така Шсе нарекуваатЌ Тој и Другиот како совршена Ипостас и како такви коишто ги поседуваат силата и енергијата… но кај нас… станува збор не за таа енергија и сила, туку за општата енергија на Триипостасното Божество, која не е Ипостас, туку по природа и натприродно својствена на секоја од Богоначалните Ипостаси.” Бидејќи не е истоветна ни со една од Божествените Ипостаси од Света Троица, енергијата, сепак, не поседува и своја сопствена посебна Ипостас, како лишена од самобитното и одделно суштествување вон Божествената суштина. За тоа свети Григориј Палама се искажува на следниот начин: ,,Ни една од енергиите не е испостасна, т.е. не е самоипостасна”. На тој начин, Пресвета Троица, поради поседувањето Нејзина енергија која е својствена за Неа, не се претвора кај свети Григориј Палама во четворица, како што понекогаш го обвинувале во тоа неговите противници. Понатаму, многу е важно да се забележи дека, според учењето на свети Григориј Палама, сиот Бог целосно се открива во секоја од Своите енергии (тоа произлегува од Неговата неделивост). ,,Ние се причестуваме и го поимаме целиот Бог преку секоја од енергиите, - пишува за тоа свети Григориј Палама, - зашто бестелесното е неделиво телесно”. На овој начин, на свети Григориј Палама (како и Дионисиј Ареопагит) им била туѓа мислата која се среќавала во неоплатонската философија за смаленоста на Божеството во Неговото јавување на светот. И ако тој понекогаш ги означува суштината и енергијата како ,,повисоко-стоечко” и ,,пониско-стоечко” Божество, со тоа ареопагитско изразување се искажува мислата не за намаленоста на Бога во Неговите енергии, но за тоа дека суштината, како причина на енергијата треба во таа смисла да се разгледува како нешто повисоко. Зашто непризнавањето на таквиот вид ,,каузална” превозвишеност на суштината над енергијата (аналогно до извесен степен со превозвишеноста на Отецот над Синот) неизбежно би довело до нарушување на единството на Божеството. ,,Оние што не го примаат ова, - пишува во актите од Соборот во 1351 година, - навистина се многубожници, како такви кои утврдуваат мноштво почетоци и не се подигнуваат кон единствената причина и единствениот почеток – тоа што суштествено се гледа околу Бога”. Во таа смисла (за причинскиот однос) ,,Бог по суштина ја надминува Божествената енергија… и тоа што суштински се гледа околу неа” (т.е. околу суштината).


          Ние сега видовме дека свети Григориј Палама ги дефинира односите на суштината и енергијата како односи на причина и причинет. Тој однос е објаснет од свети Григориј Палама како објективно постоечко во Бога кое не зависи од нашиот однос кон Него во процесот на познанието. Негирањето на основаноста во Бога на таквиот ,,поредок на односи” свети Григориј Палама го смета за неправилен. ,,Како може да биде правилно, - забележува Соборот од 1351 година, - да се негира поредокот кој се однесува на тоа каде постои прво и второ (се подразбира - суштина и енергија) не според нашата положба, туку според редоследот кој постои во нив по природа.” Но, секако, тој причински однос не може да биде мисловно подобен на причиноста, која постои во тварниот свет, туку тој треба да се претставува со ,,боголепен образ”, како што нееднократно се изразува свети Григориј Палама. Затоа и различието меѓу суштината и енергијата носи сосема поинаков карактер, за разлика од обичните, логички дефинирани и класифицирани различја на објекти од тварниот свет. Овде особено треба да се помни за антиномичноста на нашето богопознание, не сместувајќи го во обичните логички рамки. Овде треба, според кажувањето на свети Григориј Палама, да се богослови, ,,соединето разликувајќи го Божественото и различено соединувајќи го Него.” Бидејќи согласно учењето на свети Григориј Палама, таа различност меѓу суштината и енергијата е истовремено и нивно неразделно единство. ,,Ние не мислиме, - пишува за тоа во соборниот акт од 1351 година, - дека нејзината „енергија“ „се наоѓа“ вон суштеството Божјо, но знаејќи ја нејзе како суштествено и природно движење на Бога, говориме дека таа прозлегува и истекува од Божественото суштество, како од вечен извор, и без него никогаш не се гледа, но одделно од него пребива и од вечност сопостои со Божественото суштество и неразделно со Него соединета, не бидувајќи во состојба некогаш да се раздели од Божјата суштина ни на веки, ни на некакви времени и просторни растојанија, но вонвремено и превечно од неа произлегува и неразделно со неа сопостои”. ,,Како што ние проповедаме  - пишува во истиот соборен акт, - Божественото и вечно единство не е само во неразделноста, туку и во многу друго и по заедничката несоздаденост и неописливост, така ние се научивме да го славиме како боголепно тоа различие и разлика „суштина и енергија“, не раскинувајќи го “единството“ на потполно разделување и раскинување или мисла за некакво неприродно разликување или природно отуѓување, или разделувајќи ги со нешто едно од друго “суштината и енергијата“. Да не се случи ова, но „признавајќи ја“ таквата разлика, што може да ја имаат меѓу себе причинителот и причинетиот по природа... со една мисла боголепно да се разликува тоа што по природа е соединето и неразделно.” И, објаснувајќи, ,,како треба да се сфаќа применливо на Божествената природа и на Неговата природна енергија единството и различието”, истиот Собор пишува: ,,Единството (едноста) „треба да се разбира“ по соединетоста и неразделноста, различието по причиноста и по тоа што произлегува од самата причиност. Затоа што ни единството (едноста) не го изгонува различието, ниту различието не го отфрла совршеното единство, но и едното и другото разгледувани никако не може да се оштетат едно од друго.”
          Следбено по основното различие меѓу суштината и енергијата, како меѓу причина и тоа што се должи на таа причина, свети Григориј Палама укажува на други важни меѓу нив разлики: додека суштината е непричесна, неделива, неименлива и непостижна, енергијата е причесна, именлива и постижна. Божествената суштина и енергија, - го формулира учењето на свети Григориј Палама Соборот од 1351 година, - ,,се разликуваат едно од друго во тоа што Божествената енергија е причесна и се дели неделиво, и се именува, и се замислува на некој начин, иако и нејасно но од своите резултати „т.е. творења““, а суштината е непричесна, неделива и безимена, т.е. како совршено надимена и непостижна.” На таа непричесност со Божествената суштина свети Григориј Палама се навраќа не еднаш во своите дела, детално објаснувајќи ги последиците до кои би не довело спротивното мислење. Основната мисла во доказноста на свети Григориј Палама се состои во тоа дека тварта која би се причестила со самата суштина Божја, би станала, како последица на неделивоста на Божјата суштина, поседувач на сета полнота на Неговите својства и воопшто суштински ќе се слие со Бога, станувајќи самата нова Божествена Ипостас (заради неоделивоста на ипостаста од суштината), така што наместо Триипостасниот Бог ние ќе имаме Бог со безброј ипостаси, колку има причесници - муриоупостатос, бидејќи, како што пишува свети Григориј Палама, ,,суштината има толку ипостаси, од колку е приопштена”. Воопшто, ние ќе ја изгубиме секоја граница меѓу Творецот и тварта (со други зборови, ќе дојдеме до чист пантеизам). ,,Ако ние се приопштуваме на суштината Божја, - пишува свети Григориј Палама, - тогаш секој кој би се приопштил на сета суштина или пак на ништовен нејзин дел, ќе стане семоќен”, зашто како следствие на неделивоста на Божјата суштина, причествувањето со Него би ни ја давало сета Негова сила.” Па и покрај тоа, секое причестие претпоставува деливост на причесникот, додека Божествената суштина е неделива. Сепак и овде би било неправилно да се замислува таа разлика меѓу суштината и енергијата во смисла на нивна непричесност и причесност премногу симплицистички, заборавајќи за неговиот (на учењето) антиномичен карактер и со самото тоа како да се разделува Божеството на два дела, од кои едниот е причесен, а другиот не. На антиномичноста во своето учење за непричесноста со Божјата суштина свети Григориј Палама укажува самиот, кога ја објаснува смислата на апостолскиот израз ,,соучесник во Божјата природа”, на што љубеа да се повикуваат неговите противници во својата полемика против учењето за непричесноста со Божјата суштина. Укажувајќи дека тоа изразување ,,ја има истата двојност”, како и некои други од него порано разгледани богословски утврдувања, како единството и троичноста на Божеството, свети Григориј Палама продолжува: ,,…суштината Божја е непричесна и на некој начин причесна; ние се приопштуваме на Божествената природа и заедно со тоа на ништо од неа не се приопштуваме. И така, треба да го држиме едното и другото „утврдување“ и да ги полагаме нив како мерило на благочестието.” Таа антиномија може да се сфаќа така што Божјата суштина, бидувајќи не причесна, како таква, на некој начин е причесна преку неодделивата од неа енергија, не губејќи ја, сепак, при тоа својата ,,недостапност”. ,,Нарекувајќи се причесник преку енергијата, - пишува свети Григориј Палама, - тоа е самата Божествена природа, иако и не сама по себе, ти ќе пребиваш во пределите на благочестието; бидејќи на тој начин се сочувува непричесноста и непројавеноста на недостапноста на таа природа.” Иста мисла за некое причестие со природата Божја искажува свети Григориј Палама и во своето ,,Слово на Воведение”, каде тој говори дека на патот на безмолвието ,,ние на некој начин се допираме до „Божествената“ блажена и неприкосновена природа.” Во истиот антиномичен дух учи и за другите разлики меѓу енеријата и суштината. Како што видовме погоре, енергијата иако се дели, но неделиво; иако се познава, но нејасно и од своите последици (се познава).
          Не ограничувајќи се на позитивното изложување на своето учење за разликите во Бога меѓу суштината и енергијата, свети Григориј Палама ги објаснува и последиците до кои би не довело допуштањето на мисли за потполно истоветие и нивно неразликување во Бога. (Таков вид погледи заштитувале, како што е познато, противниците на свети Григориј Палама.) Таквото поистоветување би имало, според убедувањето на свети Григориј Палама, како своја последица потполна спознатливост на Бога, доколку е Он истоветен со Своите енергии достапни нам. Поддржувачите на таквото учење за Бога, - пишува свети Григориј Палама, - ,,јасно го сметаат Божеството за целосно постижно, што претставува не помало зло од многубожјето” – со тој термин противниците на свети Григориј Палама го нарекувале неговото учење за Божествените енергии. Од друга страна, неразделувањето во Бога на суштината и енергијата го разрушува, според мислењето на свети Григориј Палама, сето црковно учење за Бог Триипостасниот, Творецот и Промислител. ,,Ако, - пишува свети Григориј Палама, - со ништо не се разликува Божествената суштина од Божествената енергија, тогаш со ништо нема да се разликува создавањето кое е својствено на енергијата, од раѓањето и исходењето кои се својствени на суштината… Ако пак создавањето не се разликува од раѓањето и исходењето, тогаш и тварта нема да се разликува од Родениот и Исходниот… тогаш и Синот Божји и Духот Свет во ништо нема да се разликуваат од тварта. И сите твари ќе бидат породени од Бога и Отецот, и ќе се обожи тварта и Бог ќе се вброи во тварите.” Развивајќи ги тие мисли, свети Григориј Палама покажува дека неразликувањето во Бога на суштината и енергијата доведува до утврдување на тварноста на Втората Ипостас (поради поистоветувањето на создавањето и раѓањето) и до допуштање на многусушност на Бога, како таков кој поседува мноштво енергии. На крај, неразликувањето во Бога на одделни енергии, една од друга (неизбежна последица е нивното неразликувањето од суштината) води кон цел ред неправилни (апсурдни) заклучоци, како на пример, до негирање или предвидување на благоста Божја. ,,Ако во ништо не се разликува Божјата суштина од Божјата енергија, тогаш и меѓусебе тие нема да имаат различие, - читаме кај свети Григориј Палама, - волјата во ништо нема да се разликува од Божјото предвидение, па така ако Бог не предвиди се, зашто Он не сака се од она што се случува, или пак Он сака и лоши работи, зашто Он се предвидува.”
           Добро осознавајќи ја целата недоволност на нашите рационални сфаќања за изразување на непостижната тајна на односот во Бога меѓу суштината и енергијата, свети Григориј Палама неретко прибегнува за појасно изобразување на своето учење кон симболички слики позајмени од видливиот свет. Постапувајќи така, свети Григориј Палама само ги следел древните традиции на црковното богословие, секогаш имајќи склоност кон таков вид симболика (барем да се потсетиме на разните обиди симболички да се изобрази тајната на Троичноста, кои често ги сретнуваме кај светите Отци). Таков карактер носи и симболиката на свети Григориј Палама. Најчесто среќаваната претстава кај него се состои во вподобеноста на суштината Божја на сончев диск, а енергиите кои излегуваат од неа – зраци или сончева топлина: ,,Како што сонцето, - пишува свети Григориј Палама, - ненамалено им ги предава на причесниците „нејзините“ топлината и светлината, имајќи ги нив „т.е. топлината и светлината“ за свои вродени и суштествени енергии, така и Божествените предавања, ненамалено постоејќи во предавањето, се неговите природни и суштествени енергии.” Впрочем, треба да се признае дека логичкото акцентирање на повеќето такви споредби лежи не толку на односите меѓу суштината и енергијата, колку на мислите за причесноста на последните при недостапноста на првата. ,,Слично со тоа, - пишува свети Григориј Палама, - како што сончевата светлина е неразделива од зракот и од топлината која ја дава, но за оние ползувачи кои немаат очи, светлината останува непричесна, а тие ја восприемаат само топлината од зраците, зашто сосема е невозможно за лицата лишени од вид да ја восприемат светлината, па така, а дури и повеќе, на никој од оние што се ползуваат од Божественото сјаење нема да им биде достапно причестието со суштината на Создателот; зашто нема ниту едно создание кое би имало сила способна да го восприеми Создателот.” Како што гледаме, смислата на сликата малку се менува во споредба со претходниот пример, и светлината, која таму символизираше енергија, овде претставува суштина, спротивно на топлината како образ на енергијата. Покрај ова основно споредување со сонцето, свети Григориј Палама и неговите ученици прибегнувале и кон такви претстави, како оган и жар, извор и вода и.т.н., но сепак, свети Григриј Палама никогаш не ја утврдувал адекватноста на таквиот вид споредби со нивната символизирана Божествена содржина и разјаснувал дека тие ја предаваат неа само ,,по нејасната “нејзина“ претстава во сетилните „нешта“”.
          Ние го изложивме во неговите основни црти учењето на свети Григориј Палама за Бога во Неговата таинствена и непостижна надсушност и во Неговото откривање на светот преку Своите несоздадени, но достапни на тварта енергии. Ова учење од самиот момент на неговото формулирање од свети Григориј Палама и до ден денес е предмет на страсна полемика и сурова критика од страна на сите оние кои го сметаат некомпатибилно со традиционалното (по нивно мислење) црковно учење за Бога како за Суштество совршено просто, несложено и Кое нема во Себе никакви различија, освен троичноста на Ипостасите. Разликувањето во Бога на суштината и енергијата неизбежно внесува во Него (како што тие мислат) сложеност, го прават Него составен од елементи или делови (што противречи на Неговото совршенство) и со самото тоа претставува не само богословски погрешно, но дури и директно ересно. Заради тоа сметаме дека неопходно е накратко да го разгледаме прашањето, дали навистина се некомпатибилни богословските убедувања на свети Григориј Палама со учењето за едноставноста и несложноста на Бога, како воопшто може да се замисли Божествената едноставност и како го основал своето учење за неа свети Григориј Палама. И пред се ние сме должни. Природно, да забележиме дека како што самиот свети Григориј Палама, така и сите негови соподвижници во богословските спорови со сета решителност се изјасниле како поддржувачи на учењето за едноставноста и несложеноста на Божеството, го отфрлале како неосновано подигнатото на нив обвинение во ,,двобожје” и ,,многубожје”, и не сметале дека богословското учење за Божествените енергии во нешто го нарушува традиционалното црковно сфаќање на Божествената едноставност, и воопшто дека би внесувало во Бога некаква сложеност. За појаснување на сите тие прашања бил посветен значителен дел на Соборот од 1351 година. Какво значење му придавале ,,паламитите” на зачувувањето на учењето за Божествената едноставност, видно е исто така од тоа дека тие нашле за неопходно да внесат во синодикот, кој се чита во Неделата на Православието, посебно анатемисување на оние коишто тврдат дека наводно разликувањето во Бога на суштина и енергија внесува сложеност во Неговата природа. ,,Оние што говорат, - читаме во четвртото анатемисување на овој Собор, - дека некаква сложеност се добива како последица на ова „т.е. разделувањето на суштината и енергијата“ во Бога… на тие што не исповедааат… дека заедно со ова богоприличното разликување „на суштината и енергијата“ се сочувува и Божествената едноставност, трипати анатема.”
          За основањето на компатибилноста за Божествената едноставност во своето учење за Божествените енергии свети Григориј Палама одделува многу место во своите дела. Така на пример, споредувајќи го своето учење за различните, иако и неразделни и во извесна смисла дури истоветни  со Божествената суштина енергии во црковната догма за Пресвета Троица, тој говори, дека како што со догмата за Троичноста на Божеството и за различието во Него на Трите Божествени Ипостаси меѓу себе не се нарушува ниту единството, ниту едноставноста Божја, така и разликувањето на суштината и енергијата не внесуваат во Него ни сложеност, ни мноштвеност. ,,Бог, - учи свети Григориј Палама во своето исповедање на Православната вера, одобрено на Соборот во 1351 година, - ни поради разделивоста и разликата на Ипостасите, ни поради разделивоста и разнообразието на силите и енергиите не отпаѓа од едноставноста.” ,,Зашто ниту од совршените Ипостаси не би можело некогаш да произлезе сложеност, ниту пак, затоа што тоа има сила или сили би можело кога било да биде наречено сложено заради поседувањето сила.” Затоа, - заклучува во истото исповедање свети Григориј Палама, - ние веруваме во единото триипостасно и семоќно Божество, Кое воопшто не го губи единството и едноставноста заради силите или за Ипостасите.” ,,Слично со тоа, - пишува приближно во истиот дух еден од едномислениците на свети Григориј Палама, Теофан Никејски, - како што Очевата Ипостас не е сложена поради својствените за Неа ипостасни својства, така и Божествената природа нема сложеност поради својствените за Неа природни сили и енергии.” Понатаму, несложеноста на Божеството во поседувањето на енергии свети Григориј Палама го објаснува и со тоа што тие енергии не се нешто само по себе, што постои одделно и вон Бога, туку тие се Самиот Бог во Своето дејствие и раскривање на светот (иако не по суштина). Таа неразделивост на суштината и енергијата, неипостасноста и несамобитноста на енергијата (за која говоревме погоре) го прави сфатливо, според мислите на свети Григориј Палама, отсуството на сложеност во Бога, и покрај истовремената со тоа антиномично утврдена различност на енергијата од суштината. Од една страна, енергијата не внесува сложеност во Бога, бидејќи таа не е нешто што некогаш присуствува а некогаш отсуствува, ту се зголемува ту се намалува и, воопшто, не е нешто изменливо, - не е, со зборови, она што свети Григориј Палама го определува во термините на аристотеловата философија како ,,акциненција”, туку е неизменливо, вечно, постојано дејствие Божјо, кое се менува само во степенот на своето откривање и причесност со неа на тварта. ,,Акциденција се нарекува, - пишува свети Григориј Палама, - нешто што возникнува и прекинува; поради тоа и нешто неразделно може да се разгледува како акциденција. И природното својство е на некој начин акциденција, како такво кое се зголемува и намалува, како на пример знаењето во разумната душа. Но ништо такво нема во Бога, бидејќи Он останува совршено неизменлив. Заради таа причина ништо за Него не може да биде кажано во смисла на акциденција.” Таа неизменливост на Бога се комбинира кај свети Григориј Палама со мислата за Него како поседувач на чиста активност, за отсуство во Него на секакво страдање (во смисла на пасивност – патхос). Божествените енергии, како чисти активности на Божеството, не може да внесуваат во Него некаква изменливост и со самото тоа сложеност. ,,Нас не навредуваат, - ја развива оваа мисла свети Григориј Палама, - божем единствениот Бог... се прави сложен ако Божествената енергија се разликува од Божествената суштина, и ако воопшто што било се гледа во Божествената суштина.  „Не навредуваат“, зашто не знаат дека дејствувањето и енергијата не предизвикуваат сложеност, туку искушенијата, страдањата и страстите. Но Бог дејствува, воопшто Самиот не страдајќи и не менувајќи се. Следствено, Он не е сложен заради енергиите.” ,,Зошто, - прашува тој на друго место, - согледаната во Бога енергија не внесува сложеност? Затоа што поседува само најбестрасна енергија, која само дејствува, но не страда во однос на неа, ниту се случува, ниту се менува.”
          Приближно во таков дух аргументира свети Григориј Палама во полза на компатибилноста на своето учење за Божествените енергии со традиционалното светоотечко и црковно учење за Божествената едноставност. Во предметот на сегашното истражување не влегува исцрпно разгледување на ова најтешко богословко прашање во сиот негов обем, а ние сметаме за потребно, со цел поголемо појаснување на учењето на свети Григориј Палама да кажеме само дека страсните спорови, кои се разгореле околу таа страна на неговото учење, и предизвиканите од неа непријателство и неразбирање се објаснуваат, како што ни се чини, во голем степен со тоа дека двете страни на спорот се потпираат во својата полемика на многу различни принципиелни позиции во своето богословење за Бога. Поконкретно говорејќи, ние стоиме овде пред разликите меѓу катафатичкото богословие, повеќе својствено за католичкиот Запад, делумно за Тома Аквински и неговата школа, и апофатичкото богословие, кое преовладува во делата на Отците од Православниот Исток. За првото, катафатичкото богословие, поимањето на Бога, во суштина, е истоветно со поимањето на битието, иако совршено и апсолутизирано. Затоа сите својства и совршенства Божји не се нешто друго освен својства и совршенства аналитички произлезени од концептот на битието. Се разбира дека не треба да се замислуваат буквално, туку по аналогија, но тоа не менува многу. Така, од поимањето на совршеното битие произлегува единството Божјо и Неговата апсолутна едноставност. Заедно со тоа ова совршено битие се замислува како да припаѓа на областа на логичкото. Со други зборови, основните логички закони, сфатени како онтолошки закони и како идеална основа на битието, го распространуваат за поддржувачите на катафатичкото богословие своето дејствие и на Бога (зашто и Он е битие) и дури се основаат во Него Самиот. Поради сето тоа ,,катафатите” се склони да мислат дека секое предметно ,,разликување” во Бога, сфатено од нив како гледање ,,делови” во него, онтолошки различни од Бог во Неговата ,,целина”, е неспоиво со мислата за апсолутното совршенство на Бога, бидејќи секој ,,дел”, како помал од целото, неизбежно (врз основа на законите на логиката) е помалку совршен од таа целина и со самото тоа го нарушува со своето постоење апсолутното совршенство на Божеството. Само по себе е разбирливо дека сфаќањето на антиномичноста е туѓо на таквиот вид богословие и го сметаат како несовршенство на мислењето или богословска конструкција. Ние не предлагаме овде да се влезе во критичка анализа на погоре укажаните карактерни црти од катафатичкото богословие и  ќе се ограничиме на едноставни забелешки, дека основните негови позиции ни изгледаат тешко компатибилни со општохристијанската догма за Триединиот Бог, со учењето на Дионисиј Ареопагит за «проодос тхеоу» и со учењето на преподобниот Јован Дамаскин за постоечките во Бога вечни прообрази и ,,идеи” за сите твари. На идеите на катафатичкото богословие може да му се спротивстави апофатичкото богословие, чии основни позиции ги разгледавме во почетокот на оваа глава при изложувањето на учењето на свети Григориј Палама за Бога во Самиот Себе. Сега ќе кажеме повторно дека согласно духот на апофатичкото богословие применувањето на Бога такви поимања како битие, суштина и т.н., макар што не се сосема неправилни, сепак се неточни и условни и не Го дефинираат Бог како што Он е ,,по Себе”, зашто Бог не е битие (макар да е совршено), туку е повиш од него како негов Творец (впрочем, и овој збор не Го изразува Бог каков што Он е). Следствено на ова, и својствата на битието не можат просто да се пренесуваат на Бога и да се разгледуваат како својства на Божеството, како што тоа го прават ,,катафатите” во прашањето за Божествената едноставност. Исто така малку може да се рашират на Него и основните логички закони имено заради нивниот битиен и, следствено, тварен карактер. Се разбира, Бог не е понизок од логичните закони (како што Он не е пониско од битието во смисла на небитие), но, превишувајќи ги Он не се ,,сместува” во нив, заради што нашето мислење за Бога неопходно има антиномичен карактер. И оваа богословска антиномија (таа не треба да се меша со простото логичко противречие) не е само недоволност на нашето мислење, неспособно да ја опфати Божествената природа, туку објективно (и следствено, независно од субјектот на познание) основана во Самиот Бог како нешто непостижно што во Него постои. Такво е учењето за Триипостасното Божество, кое антиномично ги комбинира во себе троичноста и единството. Такво е учењето на Црквата за едината Ипостас на воплотеното Бог Слово и Неговите две природи - Божествената и човечката, при што единството на Ипостаста на непостижен начин за нас не се нарушува од двојственоста на природите. Па такво е и учењето на свети Григориј Палама за Божествената ,,надсуштина” и нејзините ,,енергии”, за нивната истоветна-различност, неслејаност-неразделност, причесност-непричесност, спознатливост-непостижност. Ист таков антиномичен карактер носи и заштитата на свети Григориј Палама на едноставноста и несложеноста на Бога при разликувањето во Него на суштината и енергијата. И, се разбира, ,,суштината” и ,,енергијата” исто толку малку се ,,делови” од ,,целината” на Божеството, како што секоја од Ипостасите на Пресвета Троица се ,,дел” од Триипостасниот Бог, но го има Него целиот во Себе со таа, се разбира, разлика што во ,,енергијата” целиот Бог се изразува не ипостасно и не суштински, туку само со Своето ненамалено дејствие. Игнорирањето на овие основи во богословието на свети Григориј Палама (кратко ќе ги означеме како ,,апофатичност” и ,,антиномичност”, заеднички за сите најугледни претставници на православната патристика) се чини дека е една од главните причини за несфаќањето на неговото учење од страна на мнозинството негови противници.
          Во заклучокот на оваа глава сакаме да кажеме уште неколку зборови за разликите меѓу суштината и енергијата на Божеството во учењето на свети Григориј Палама. Од сета претходна карактеристика на неговото богословие, ни се чини дека треба да биде јасно дека разликата на суштината и енергијата на Божеството не е едно од тие разлики кои нашиот ум ги гледа во тварните предмети, и не може без растегнување да биде означено со посредство на наученото во схоластичката логика, врз основа на податоците од светот битијно-тварен, со квалификациите на видовите разлики. Оваа мисла за неспоредливоста на различието меѓу суштината и енергијата со сите други познати нам видови различија не еднаш ја искажувал и самиот свети Григориј Палама, укажувајќи во своите дела дека различието меѓу суштината и енергијата на Божеството треба да се сфаќа на ,,богодоличен начин” и дека тоа различие е ,,богодолично” и ,,неискажливо” како што единството Божјо е ,,надприродно”. Обидувајќи се да ја конкретизира својата мисла, свети Григориј Палама го нарекувал ова различие - ,,вистинско различие”, спротивставувајќи го него, од една страна, на она што го нарушува единството и едноставноста - ,,вистинската поделба” и, од друга страна, ,,мисловното различие”, т.е. она кое постои само во умот на спознајниот субјект. Во таа смисла различието меѓу суштината и енергијата може многу условно да биде вподобена на схоластичкото «дистинцтио реалис минор», т.е. постоечко во објектот, но не нарушувајќи го неговото единство (на пример, душата и нејзините способности). Но како што веќе кажавме, тоа означување ќе биде многу неточно, зашто во тварниот свет нема такво ненамалено откривање на суштината во нејзините пројавувања, поради кое заедно со нивното различие ние ќе можеме истовремено да го утврдиме нивното истоветие и со самото тоа едноставноста. Затоа означувањето со ,,богодолично различие” за нас е најдобриот израз кој го изразува учењето на свети Григориј Палама. 

 

Подготви: С.И.

18ти јануари 2019 лето Господово

Продолжува

    


Архиепископот Василиј Кривошеин (30.06.1900 – 22.09.1985) е роден во Петербург во семејство на министер за земјоделство. Во 1916 година завршил гимназија и започнал студии на историско-филолошкиот факултет на Петроградскиот универзитет. Подоцна своето образование го продолжил на Московскиот универзитет. Во годините на граѓанската војна заминал на југ за да војува на страната на Белата Армија. После војната заминал во Париз, каде завршил филолошки науки на Сорбона во 1921 година. Во периодот од 1924-1925 година зел учество во Руското христијанско студенско движење. Во ноември 1925 година Всеволод Александрович заминал во поклоничко патување на Света Гора каде и се определил целиот негов понатамошен живот. Истата година бил примен во братството на Пантелејмоновиот манастир како искушеник. Следната година станал расофорен монах со име Валентин, а после пет години примил монаштво со име Василиј.
 
Од 1929 до 1942 година бил манастирски секретар, бидејќи одлично го владеел грчкиот јазик. А во 1937 година бил избран за ,,соборен старец“, т.е. член на манастирскиот собор. Неколку години бил антипросопом (постојан претставник) на манастирот во Кинота на Света Гора, а уште и член на Епистасија (административен орган на Света Гора). Дваесет и две години живеел на Света Гора. Во тој период напишал и публикувал редица дела, посветени на аскетското учење и богословијата на свети Григориј Палама.
 
Во 1947 о. Василиј бил принуден да замине од Света Гора во Англија. Таму се населил во Оксфорд, каде учествувал во подготовката на Богословскиот речник на грчкиот патристички јазик. Во 1951 година, со согласност на игуменот на Пантелејмоновиот манастир бил ракоположен во јероѓакон, а подоцна и во јеромонах при домовиот храм посветен на св. Никола, кој ги опслужувал православните од разни националности. О. Василиј служел како помошник на настојателот – архимандритот Николај (Гибза). Во 1957 година бил возведен во чин архимандрит, а во 1959 гоина бил назначен за настојател на Благовештенскиот храм во Оксфорд. Со декрет на свештениот Синод во 1958 година бил одреден за епископ Волокаломски, втор викар на Патријаршискиот Екзарх во Западна Европа. На 14 јуни 1959 година во Успенскиот храм во Лондон била неговата хиротонија во епископ, која ја извршил Екзархот на Московската Патријаршија во Западна Европа архиепископот Клишијски Николај Еремин и епископот Сергеевски Антониј Блум. Подоцна епископот Василиј носел архипастирско послушание во Париз како помошник на архиепископот Клишијски, сѐ додека не бил назначен за епископ Бриселски и Белгиски.
 
Започнувајќи со 50-тите години тој многу се трудел во изучување на животот и делата на преподобниот Симеон Нов Богослов, чиј резултат е капиталниот труд ,,Преподобниот Симеон Нов Богослов. Живот, духовност, учење“, издадено во Париз 1980 година. Во 1964 година бил удостоен на научен степен доктор на богословски науки од Советот на Ленинградската духовна академија за научно издание во патристичките серии Огласителни слова на преподобниот Симеон Нов Богослов.
 
Се упокојува на 22 септември во Петербург.

Извор:https://azbyka.ru/project/index_tree.shtml

 

 Друго:

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная