логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.tajna.Venchanie

Прашање: Во Светото Писмо пишува жената да се бои од мажот, а мажот да ја љуби жената како Христос Црквата. Тоа можно ли е? Како се постигнува? Како можеш да Го љубиш Господа со целиот свој ум, а истовремено да имаш време за земните работи со кои е поврзан семејниот живот?

Второ прашање: Бракот е благослов од Бога, но не избежно е во него да се присутни и телесните односи, кои се преплетени со извесен степен на задоволство. Постои ли противречност? Kако може да се протолкува богословски истовременото постоење на Божјиот благослов и насладата?


Да го разгледаме првото прашање. Факт е дека Светиот Апостол Павле во Посланието до Ефесјаните, кое се чита за време на венчавката, вели жената да се бои од мажот. Се разбира, на друго место спомнува дека Христос е Глава на Црквата, а мажот е глава на жената. Да видиме како Црквата гледа на разликата меѓу двата пола и што означува сето тоа.

Прво, како се толкуваат зборовите „некој да се бои“. Велиме на пример, „да имаме страв Божји“. И денес го спомнавме на Светата Литургија, и во Евангелието: „Со страв Божји, вера и љубов пристапете!“ Што значи тоа? Дали станува збор за страв како било кој друг психолошки страв, кој нѐ обзема и трепериме? Сме велеле дека човечкиот страв од Бога е првиот степен на врска со Господ, што е подобро отколку ништо, да не се боиш и ништо да не те интересира. Добро, човек може да каже дека ги исполнува Божјите заповеди, бидејќи му е страв од Бога да не го казни, да не отиде во адот, да не е грев тоа што го прави. И поради стравот ги пази Божјите заповеди. Се разбира, тоа чувство не е совршено чувство во врската со Бога. Не е правилно да се боиме од Бога, тоа е малолетна врска, ропска врска, се чувствуваш како онеправдан и се боиш од Бога како што еден роб се бои од својот Господар. Но и покрај тоа што не е здрава врска, во неа има некаква полза. Како кога на мало дете му велиш: „Ела внатре, ќе настинеш надвор. Ќе се разболиш!“ А тоа не те слуша. Ти земаш едно стапче да го уплашиш малку и тоа влегува дома. Е, подобро ќе беше самото да се прибереше дома без заплашување. Но што да правиме, имајќи го предвид резултатот, користиш едно заплашување, не затоа што тоа те изразува, тоа не ја изразува твојата љубов, туку бидејќи детето е мало, не разбира на друг начин. Тоа чувство на страв не е здрава врска со Бога, тоа е нешто првично, не се отфрла, но не се смета за идеално и човек не треба да остане во него.

Кога се вели да пристапиме со страв Божји и „жената да се бои од мажот“, не се има предвид психолошки страв – да се плаши тој човек да не ја нападне, да не ја повреди. Не е тоа. Во библиската терминологија зборот „страв“ означува чувство на почит, љубов, како кога човек држи запалена свеќа и се труди да не му се изгасне пламенот. По цена на секоја жртва внимава, не се плаши, од што да се плаши, туку едноставно внимава многу. Тоа е значењето на врската со Бога за која се зборува во Светото Писмо – врска која бара многу внимание и почит за да не се изгуби, да не ослабне, да не се расипе.

За да ги сфатиме зборовите „жената да се бои од мажот“ , а не мажот од жената, ќе го кажеме следното. Факт е дека ако човек го чита Светото Писмо површно, ќе забележи една пристрасност во полза на мажите, така изгледа на прв поглед, но Светиот Апостол Павле јасно ни вели дека во Исуса Христа не постои ни машки ни женски, туку сите сме едно во Христа. Следствено, Христос ја брише таа разлика. Црквата верува и поучува за еднаквоста на половите, но како што вели Старец Пајсиј, Црквата донесе еднаквост, ама не израмни се. Таа не е булдожер кој што порамнува, туку гледа да ги запази особините на полот. Едно нешто е мажот, друго жената. Една е психологијата и биологијата на мажот, друга на жената. Ако се загуби таа својственост, а мислам дека денес постои таква тенденција, бидејќи е некако мода мажите да се прават жени и обратно, работите не функционираат добро и убаво, не се природни. Денес водиме борби да ја заштитиме природата, да имаме природна храна, природно цвеќе, куќи од камен, дрво. Мина времето кога користевме само пластични столици, пластични предмети, бидејќи тие се мртви нешта. Сега наеднаш ја откривме убавината на природата, на природните нешта. Едно е да гледаш природен цвет, а друго вештачки, кој може да има појарки бои, но не е вистинско. Истото се случува и со човекот. Кога на пример гледаш едно момче што се однесува како жена, носи женска облека и има женски манири, чувствуваш нешто збркано, неприродно.

Еднаш во манастирот Махера, кога заврши Светата Литургија, беше недела, видов две девојки – полнички, со некакви очила. Изгледаа малку чудно. Се зачудив што бараат. Како и да е. Другите луѓе доаѓаа, пиеја кафе и си заминаа. Реков да им прозборам. Тие стоеја во еден агол. Ги прашав:

– Сакате кафе? Да не сакате нешто друго?

    Не, не сакаме!
    Да не барате некого?
    Не, никого не бараме.

  Хм. Мина извесно време, јас исповедав и кога излегов повторно ги видов.

    Можам ли некако да ви помогнам?
    Ама зошто ти постојано нѐ прашуваш? Те вознемируваме со нешто?
    Не, простете госпоѓо, не ме вознемирувате!
    Не ме нарекувај госпоѓо!

Господи помилуј! Носеше фустан, имаше очила, долга коса. Се збунив. Не знаев што да кажам. Имавме тогаш двајца монаси лекари. Едниот сфати, дојде и ми кажа:

    Геронда, не се госпоѓи. Госпоѓите не се госпоѓи.
    А, што се, дете мое?
    Мажи.

Прв пат во животов видов таква чудна појава. Тоа е нешто одбивно, бре, деца, неприродно за човекот, едноставно не е добро. Не ги судам луѓето, демократија е, секој си носи што сака. Но, гледаш дека нешто некаде не е во ред. Не личи. Истото е и со жена кога се држи како маж, зборува како маж, со груб глас и однос. Не бива така. На тој начин излегуваме од нашата природа. Убавината постои таму каде секој си ја запазува својата природна својственост. Мажот си е маж со свои карактеристики дури и со своја морфологија на телото, посилен е, жената е послаба. Бог ги создал со различни улоги. Жената има нежност, благородност, чувствителност, бидејќи е мајка. Има други особини што еден маж ги нема и не може никогаш да ги придобие. Да сме начисто, ако човек не го сфати ова добро, ако мажите не ја разберат природата на жените од тоа се раѓаат големи проблеми.

(Продолжува…)

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/brakot-e-ljubov-a-ne-diktatura-part-1/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная