логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

еседите на блаженоупокоениот старец Георгиј Капсанис (1935-2014) од двата братски состаноци (синаксиси) на кои учествувал во светиот манастир Григоријат, од 02 февруари и од 11 февруари 2014 година, се објавени во годишникот на манастирот Григоријат, „Преподобниот Григориј“, бр. 39 од 2014 година. Преводот го објавуваме со благословот на новиот игумен на свештениот манастир Григоријат, високопреподобниот архимандрит Христофор.

 
Благословен е нашиот Бог постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!

 
Го молам Светиот Дух да ме просветли за да ви го кажам она што е волја Божја за нашиот живот, за нашиот подвиг, за нашата молитва, за остатокот на нашиот живот и за патот по  кој треба да чекори нашето братство.

Постојат моменти во нашиот живот што имаат посебно значење. Ако се важни тие моменти зашто треба да ги искористиме за нашето спасение, тогаш толку се важни и овие кои му претстојат на нашето братсво. Сите увидуваме дека се судбоносни и дека нашите одлуки треба да бидат во согласност со светата волја Господова.

Го молиме Бога да нè просветли, и вас- за да го прифатите сето она што е за вашето спасение; и мене, за да ви го кажам во овој момент она што е потребно за моето и за вашето спасение. И така, да го завршам своето 40-годишно служење во манастирот со духовни зборови, благоугодни за Господ, и зборови што ќе го утврдат братството сега и потоа.

Отецот Софрониј Захаров нагласува дека единството и соработката имаат големо значење во општежитието. Да не се создаваат (меѓу вас) групи, да нема спорови, да нема поделби во кои едните ќе поддржуваат една страна, другите друга. Тоа е погубно.

Божјата благодат го сочувала нашето братсво и немавме такви проблеми, и покрај тоа што сме многубројно братство. Верувам дека за тоа помогнале Христос и Пресвета Богородица, како и заштитниците на нашиот манастир, бидејќи е ретка појавата да постојат братства со толкаво единство, а да се големи на број. Поради тоа Mу благодарам на Бога и се надевам дека ќе ми ги прости гревовите кога ќе види дека сум вложил труд по ова прашање.

Во времето кога дојдовме во манастирот, имаше неколку млади монаси што беа тогаш со нас и што сакаа да ги тргнам старите отци за да ја преземат тие власта и за сами да дојдат до израз. Јас им реков дека мојата задача е најпрво да ги успокојам тие стари отци зашто тие се истакнале со подвизи. Манастирот напредувал со нивните напори, тие го одржувале и сега нам ни го предаваат. Затоа, не е исправно да ги оддалечиме оттука за да ние ја преземеме власта. Исфрлете го тоа од умот.

И Бог нè сочувал, та не го направивме тоа. Дури и им бев послушен на старите отци. Секој пат кога одев во свет поради манастирски работи, имав како правило да поведам со себе и по некого од старите отци. Обично одев со отец Андреј, кој беше секретар и добро го познаваше Правилникот на Света Гора. Го водев со себе секеде каде што одев, го водев по автобуси, по возови, прво: за да имам еден искусен старец покрај себе поради духовна сигурност, а друго, за да знаат другите браќа – седумнаесетте стари отци што ги затекнавме во манастирот – каде одам и што правам. Бидејќи јас тогаш бев млад и беа потребни уште многу години за да ме запознаат, па природно би било ако некој имал помисли и сомнежи во врска со моето однесување и за она што јас го правам. А јас сакав да ги успокојам старите отци: и оние што остануваа во манастирот и оние со кои излегував надвор од манастирот, па од нив да дознаат и првите за нашето однесување. Слава на Бога.

Сакам да наведам неколку случаи кога заради слога во братсвото во тие први години не ја реализиравме нашата волја. Се откажувавме од својата волја.

Отецот Андреј, каде и да одевме го сметаа за игумен – достоинствен со бела брада, а мене ме сметаа за послушник. И кога и да нè видеа, еден старец или еден млад калуѓер, правеа поклон пред отец Андреј. А тој им говреше: Не, не сум јас игумен. Тој е игумен. И покажуваше на мене.

А треба да го кажам и тоа дека старите отци и покрај своите човечки слабости, беа блаконаклонети кон нас и го ценеа ваквото мое постапување.

Братството на кое наидовме беше запустено, бидејќи постоеле тешкотии при изборот на игумен, па отците беа речиси сосема без раководство. Меѓутоа, Бог ми помогна сите да ги обединам за да биде манастирот навистина манастир, со братство во љубов. И за ова му благодарам на Бога. Меѓу нас имаше проблеми и тешкотии, но јас си поставив цел сите да ги обединам. Тогаш им реков: Отци, јас ќе ве обединам. Ова што ќе го направам  во световен поглед е на моја сопствена штета, но гледано според Бога, тоа е неопходно. Ќе ве обединам, а вие, така сложни, ќе бидете многу посилни и ќе можете да правете со мене сè што сакате. Но ќе ја исполнам Божјата волја. Нека се намали моето влијание во братсвото само нека биде тоа добро и во љубов. И ова, слава на Бога, излезе добро. Старите отци коишто се упокојуваа, сè до последниот момент беа задоволни од овој живот. И последниот што се упокои, отец Николај, и тој замина со мир од овој свет.

Тогаш им говорев на младите отци кои бараа да имаат некои привилегии во односот кон постарите: Јас, отци, имам за цел да ги успокојам старите, па потоа вас, бидејќи тие со години се истакнувале со подвизи. Значи, немојте да барате од мене да ги тргнам настрана старите за да можете вие да ја преземете власта. Тоа не е по Бога.  И излезе дека Бог така сакал. Бог го благословил нашето братсво и самите денес ги гледате резултатите од тоа.

Вакво единство сакам, и му се молам на Бога да го оддржи и по моето заминување од овој свет, или колку и да живеам, а да не сум игумен, бидејќи од тоа единство зависи и нашето спасение. Ако има љубов меѓу нас, ќе се спасиме. Ако нема љубов меѓу нас, нема да се спасиме. Според тоа, треба да престанеме да гледаме еден на друг како на противник зашто имаме нешто од порано. Братот нешто ни згрешил, а ние тоа го помниме. Тоа не е богоугодно. Треба да им простуваме на браќа и да ги разбереме причините зошто еден брат или повеќето се однесуваат малку поинаку од она што игуменот го бара од нив.

Јас ве сакам сите и ви посакувам да бидете во мир со сите. Но за да имаме сите мир, треба да имаме и смирение. Без светото Христово смирение не може да опстои ни спокојството, ни заедништвото, ни соработката. Според тоа, мојата желба е да остане братството во единство. Старите и младите монаси нека соработуваат за да се прослави и Бог, и нашата црква, и монаштвото – што претставува суштинска работа за нашиот живот.

Ова можеби теоретски изгледа лесно. Меѓутоа, во практика кога нашата волја ќе дојде во конфликт со духот на заедништвото, тогаш се гледа кои се послушни, кои вистински го усвоиле духот на љубовта, единството и на соработката.

Браќата кои гледаат дека на нивна сметка постојат некои жалби, праведни или не, би било добро да не очекуваат од тие браќата да им пријдат и да им се обратат, зашто тие може да не го направат тоа поради слабостите. Треба тие самите да им пријдат на браќата и да им кажат: Брате, да не сум те нажалил за нешто, а да не знам за тоа? Еве, ќе ти направам една метанија за да ми простиш. На тој начин оние браќа што имаат проблем да бидат прифатени од целото братство или од неколку меѓу нив, ќе наидат на спокојство, а и ќе можат да го успокојат братството.

Свети Порфириј Кавсокаливит им давал одличен совет на брачните парови кои се стремеле да достигнат совршенство: Мажот нека ѝ каже на жената: ’Ги имам тие и тие маани. Можеби ти забележуваш и некои други кои јас не сум ги увидел?‛ По некое време жената нека му каже на мажот: ’Јас ги имам тие и тие маани. Да не имам можеби и други, а да не го знам тоа? Кажи ми кои се’. Значи, треба да им дадеме можност на оние што се однесуваат студено кон нас, или со сомнеж, да ги изнесат своите забелешки и потоа да ја успокоиме нивната свест. Забележавте ли што се кажува во молитвите пред светата Причест? Прво помири се со оние што те натажиле. Не се вели: помири се со оние што ти си ги натажил, тоа се подразбира самото по себе, туку: со оние што тебе те натажиле. Зашто можеби тие не се виновни, а ти ги сметаш за такви. И ова е еден вид подвиг и еден пат кон светоста. Затоа, многу е важно да им правиме поклон на браќата, дури и кога ни говори совеста дека не сме згрешиле и дека не сме ги натажиле браќата. Но ние, за секој случај, за да бидеме целосно во ред, секогаш треба да бараме прошка и на тој начин сите да ги смируваме и да ги успокојуваме.

Митрополитот на Китра – Агатоник, еден свет еромонах, еднаш, кога наминав кај него во Митрополијата да го видам, ми рече: Старецу, знаеш ли што значи кога еден архиереј што заминува на спиење ќе почувствува во себе дека сите луѓе, сите христијани во неговата епархија се во мир со него? Навистина, тоа е голема работа. А тоа им се случува и на игумените – чувствуваат  дека сите отци во денот што изминал биле во мир со него. Се сеќавам дека неколкупати не можев да спијам по цела ноќ од грижи зашто некои отци не беа во мир со мене. А јас од жалост не можев да се смирам.

Значи, ние кон тоа треба да се стремиме. Тоа е добар подвиг. Секогаш да имаме некој вид немир. Можеби не сме ги смириле браќата? Без оглед на тоа кој е виновен. Можеби тие се виновни. Но ние треба да гледаме како да најдеме начин да ги смириме. Тоа е светост.

Сега би сакал уште нешто да ви кажам, но чувствувам замор и не можам повеќе да зборувам. Едноставно, ќе го резимирам она што го рекол отец Софрониј, и јас го нагласувам значењето на единството и на соработката кои треба да постојат во братството. Накратко, ќе го кажам следново: Сложното братство прилега на рај. Несложното братсво прилега на пекол. Затоа, отци, да се потрудиме да го сочуваме единството.

Со Божјата благодат, иако грешен и недостоен, ви предавам братство што е сложно. Чувајте го. Ако постојат поделби во манастирот, ваша ќе биде одговорноста, бидејќи јас не ви предадов разединето братство. Ви предадов и ви предавам сложно братство, и сакам, и ве молам, и го молам Бога, и ви давам совет да се трудите по секоја жртва, по секоја цена да го сочувате единствено. Центарот нека биде Христос, игуменот нека раководи и нека настојува да ги смирува браќата, а целото братство да живее со Христа, за Христа и во Христа. Нека му бидат угодни на Бога овие зборови што вам ви ги кажувам. Барам од вас да внимавате на ова и кон ова да се придружувате.

Би сакал ова да бидат моите последни совети што ви ги оставам и ве молам и вие да се молите за моето спасение.

Немам жалби на братството. Вие сте побожни монаси. Го сакате Бога. Но се плашам ѓаволот да не ви посее какол, зашто Светото евангелие зборува за доаѓањето на непријателот на нашето спасение и дека сее какол. Од тоа се плашам, особено кога нема да бидам меѓу вас. Но, се надевам дека нашата Пресвета Богородица и сите заштитници на нашиот манастир ќе ни помогнат да го задржиме овој скапоцен дар што се вика единство. Единство во верата и во заедницата на Светиот Дух за кое се молиме на Светата литургија.


*  * *
 
Човекољубивиот Господ и Бог наш, Кој ги поставил времето и годините со својата власт, го одредил животниот век на сите луѓе, текот на нивниот живот и времето на премин од овој живот во вечен. За да не стане злото бесмртно, Господ благоволил нашите животи да траат онолку колку е потребно за нашето спасение, иако е тешка разделбата, особено со роднините, за човекот што заминува во другиот живот.  Му благодарам на Господ за сите Негови дарови. Зашто ми подарил живот. Зашто го благословил мојот живот и покрај сите мои гревови и недостатоци. Му благодарам поради вас, зашто сте Божји дар во мојот живот. За сето тоа му благодарам на Бога.

Божјата благодат навистина нè соединила духовно за сите времиња, и таквата врска не можат лесно да ја раскинат ни времето, ни суетата на овој свет. Му благодариме на Бога. А јас Му благодарам за вас, зашто без вас не би било ништо. Ве молам да го сакате своето братство, како што го сакавте досега, и да правите сè што е во вашата моќ заради мир, единство и љубов.

Пред четириесет години, кога бев избран за игумен, го зедов овој игуменски стап од иконата на свети Николај во соборната црква, зашто додека не се избере и не се воспостави нов игумен, тој стои таму. Овој стап е прост, но го држеле свети луѓе – отец Атанасиј, отец Висарион и други. Нека е блажен нивниот спомен, и ги молам да ми помогнат и мојот излез од овој свет да биде во мир со Христа.

И сега сите ве предавам на љубовта Христова и на Неговата богата милост. Простете ми, отци, за моите грешки и слабости.

Сите ве сакам. Колку што можев се обидов да не ве растажувам. Не знам дали успеав во тоа. И сега во мир се разделувам од вас, со убави спомени и со Божјиот благослов. Посакувам да ве земе Бог под своја закрила, да ве утврди, да ве освети и да ве сочува до крајот на животот како верни и добри Негови слуги. Бидете слуги на Христос, нашиот Цар, Господ и Бог, и до последниот здив исполнувајте ги своите монашки должности.

Бог нека ве благослови. Бог нека ве утврди. Бог нека ве земе под своја закрила. Да се покажете свети пред Бога и да му угодите со својот живот. Бог нека ве закрилува до крајот на вашиот живот.

Молете се и за мене, зашто сега ми претстои период на влошување на телесните тегоби кои ќе доведат до психолошки тешкотии, но се надевам на милоста Божја и на нашата добра Пресвета Богородица. Верувам дека Пресвета Богородица и мене и сите вас нè закрилува и нè благословува, сите нè смета за свои деца, нè сака и ни посакува да ѝ угодиме со својот живот. Прифатете се за Нејзината риза и никаде не се одделувајте од нашата мајка, Пресвета Богородица, зашто таа гарантира за нашето спасение. Ако сме ѝ грешни, ако сме ѝ недостојни, Богородица ќе ни помогне да се спасиме само ако и ние имаме ревност и ако се трудиме.

Благословена е нашата посветеност на монаштвото. Благословен е нашиот напор и труд, кој го вложуваме за овој манастир. Се надевам дека сè ќе биде добро. Не тагувајте премногу. Знам дека го сакате својот игумен. Заедно проживеавме цел еден живот. Не се малку четириесет години, ни триесет, ни дваесет. Верувам, меѓутоа, дека нема да нè остави Бог. Верувам и се надевам на благодатта и на благословот на нашата Богородица.

Пресвета Богородица нека устрои и нека нè удостои да се најдеме сите во рајот.

По молитвите на нашите свети отци, Господе Исусе Христе, Боже наш, помилуј нè. Господе Боже, сочувај нè сите!
 

Извор:

http://www.hilandar.org/poslednji-saveti-naseg-igumana/

превел:



Петар М. Петковски,

дипломиран теолог

 

 3.angeli.so.truba

Старецот Георгиј цели 40 години беше игумен во свештениот манастирот Григоријат на Света Гора, од 1974 до 2014 година. На 11.02.2014 година поднесе оставка. Се упокои на 08.06.2014 година.

 

Друго:

KAPSANIS.BOZIK

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная