логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Патристика

Д-р Жан-Клод Ларше е познат православен француски богослов, доктор по философија и доктор по теологија. Д-р Ларше, денес во пензија, триесет години предавал философија, а како патролог и богослов има држено предавања во многу земји ширум светот. Автор е на повеќе од дваесет книги, преведени на седумнаесет странски јазици, а има напишано повеќе од сто и педесет написи и околу седумстотини рецензии за различни периодични изданија на француски, англиски и германски јазик. Роден е во 1949 година, во градот Бадонвилер, североисточна Франција, во католичко семејство. На возраст од дваесет и три години станал православен христијанин. Член е на парохијата при храмот на Српската Православна Црква во Франција.


АКО ЉУБОВ НЕМАМ, НИШТО НЕ СУМ


Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни,
да ги имам сите знаења за сите работи,
а и така силна вера што и планини да преместувам –
ако љубов немам, ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој имот,
да го предадам телото да ми изгори –
штом љубов немам, ништо не ми користи.
(1 Кор. 13, 1–3)


Свети апостол Павле на непоколеблив начин утврдува дека љубовта е предуслов за позитивната вредност на останатите добродетели, како и на верата и на самото тајнозрително познание.
Секако, апостолот нема намера да ги релативизира другите добродетели, ниту пак верата и познанието. Тој не вели дека љубовта може да ги замени и да ги стори излишни, ниту пак, утврдува дека таа е превосходна во однос на нив, туку, едноставно, истакнува дека без љубовта, ниту другите добродетели, ниту верата, ниту познанието немаат духовна вредност, односно не придонесуваат за спасението и обожението на човекот.
Апостолот го прикажува отсуството на љубов како еден вид онтолошка празнина: без љубов „ќе бидам само бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи“; она што го правам или она што сум без љубовта „не ми служи за ништо“; без љубовта „ништо не сум“.
На прв поглед ова е тешко за разбирање, меѓутоа Светите отци ни даваат едномислено разјаснување. Така, како што е повеќепати укажано во „Старечникот“, аскезата самата по себе не ни е од полза за спасението. Имено, и ѓаволот и демоните практикуваат строга аскеза: тие никогаш не јадат, никогаш не спијат и работат до истоштеност; а сепак се, и остануваат да бидат зли духови.
Што се однесува до добродетелите, пак, можеме да увидиме дека одредени добродетели само имаат привид на доброто, оти наместо да бидат поврзани со љубовта на Воплотениот Бог преку исполнувањето на Неговите заповеди , тие всушност, произлегуваат од страстите и се поврзани со себељубието (ϕιλαυτία [philautia]). Така, на пример, свети Јован Лествичник во својата „Лествица“ забележува дека оние што се обземени од страста на блудот (πορνεία [porneia]) често се срдечни, внимателни, грижливи, и ги покажуваат сите особини на добрината; а уште еден општопознат факт е дека човек може да биде добродетелен токму од гордост.
Што се однесува, пак, до познанието, може да се каже дека и ѓаволот и демоните го поседуваат во изобилие: тие не само што со сигурност знаат дека Бог постои, туку и Го познаваат таков каков што Тој е; но тие веруваат во Него и Го познаваат без смирение и без љубов.
Згора на тоа, може да се констатира дека ѓаволот и демоните можат да вршат чуда, бидејќи, поради нивната нетелесна природа, тие ги надминуваат законите на материјалниот свет. Меѓутоа, своите чуда тие не ги остваруваат со Бога, ниту за Него, во Него и преку Него, како што тоа го чинат ангелите и светиите, туку, напротив, ги извршуваат против Него, па следствено и надвор од љубовта кон Него и против љубовта кон луѓето, оти секогаш постапуваат со цел да ги повредат. Затоа, нивните чуда не се пројава на Божјата сила, на светлината на Неговите божествени енергии, ниту на делотворноста на Неговата исцелителна и спасоносна благодат, па немаат поголема вредност од триковите на магионичар, кој ги измамува своите гледачи со привиди.
Љубовта кон Бога и кон ближниот не само што му ја дава вредноста на сето она што можеме да го правиме и да го познаеме, туку токму истата таа љубов ни дава стварност, зашто човековата природа може да се оствари единствено преку личносно, љубовно заедничарење со Бога и со ближниот. Човекот може да се оствари како човек само ако стане бог по благодат. Оти, токму затоа што Бог е љубов, човекот може да стане бог [по благодат] само во и преку љубов. Без тоа, човекот останува во голотијата  – во ништожностa – на својата падната природа


ЉУБОВТА – МАЈКА И ЗБИР НА СИТЕ ДОБРОДЕТЕЛИ


Љубовта е долготрпелива, полна со добрина,
љубовта не завидува, љубовта не се превознесува,
не се гордее, не прави што е непристојно,
не бара свое, не се срди, не мисли зло,
на неправда не се радува, а на вистина се радува,
сѐ извинува, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ претрпува.

(1 Кор. 13, 4–7)

    Во оваа кратка одломка од Првото послание до Коринтјаните, светиот апостол Павле дава неколку посочувања за смислата на љубовта, и ни го покажува нејзиниот сооднос со најголемиот дел од останатите добродетели.
    Читајќи ја оваа одломка, најнапред сме зачудени од фактот што апостолот љубовта истовремено ја определува и на негативен начин (посочувајќи што таа не е, и што не прави), и на позитивен начин (посочувајќи што таа е, и што прави).
    Така, гледаме дека љубовта не е, како што често погрешно се верува, ниту чувство кое е едноставно, ниту пак, е само чувство, туку е сложена целина, која од себе и од својата дејност исклучува одредени дејства, настроенија и состојби, а вклучува други.
    Може да се забележи дека меѓу страстите што ги исклучува љубовта се наоѓаат речиси сите големи страсти, кои подоцна ќе бидат определени како такви од аскетското Предание на христијанскиот Исток:

Тие страсти се:             Свети Павле вака укажува на нив:

Стомакоугодие                                 Љубовта не прави што е непристојно
Блуд                                                  Не прави што е непристојно
Среброљубие                                  Не бара свое
Алчност                                             Љубовта не завидува
Гнев                                                  Не се срди, не памти зло, не се радува на неправда
Славољубие                                   Љубовта не се превознесува
Гордост                                            Не е горделива

Што се однесува до настроенијата, расположенијата и позитивните состојби што ги претполага љубовта, станува збор за добродетели што се во директен однос со неа и што се нејзини облици.
Свети Павле ги објаснува вака: великодушна е; полна е со добрина; се радува на вистината; сѐ покрива; во сѐ верува; на сѐ се надева; сѐ поднесува.
Великодушноста буквално значи „великост на душата“ [душевна големина]. Таа им е противположна на ситнодушноста и на моралната тесноградост, кои произлегуваат од самољубието, а е темел на отвореноста кон другиот, на милоста, но и на простувањето.
Добрината е подготвеност да му се служи на ближниот, тоа е подготвеност секогаш да му пристапува со скромна кротост и да му притекнува напомош за секаква потреба (духовна, душевна и материјална). Добрината одговара на Христовиот совет да им станеме „слуга на сите“  и да бидеме Негови подражатели, зашто „Синот Човечки дојде за да служи“ .
Подготвеноста да се покрие сѐ е противположност на гневот. Таа оди рака под рака со великодушноста и простувањето, но е посеопфатна од ова второто, оти простувањето се однесува на гревовите, додека пак, подготвеноста да се покрие сѐ, се однесува на оние дела, зборови и настроенија, кои не се нужно гревовни, а кои, сепак, можат да нè ужаснат, да нè раздразнат или да нè наведат на осудување. Затоа, подготвеноста да се покрие сѐ е подобна и на неосудувањето на ближниот.
Подготвеноста да се верува во сѐ не значи ниту наивност, ниту заслепеност, туку став на однапред дадена доверба кон ближниот. Таа ги исклучува сомничавоста, недовербата и секаков друг став што може да нè затвори за нашиот ближен и, следствено, да нè обвитка во нас самите.
Љубовта на „сè се надева“, зашто таа никогаш не се разочарува во ближниот, туку претполага дека, без оглед на тоа каква е неговата состојба, преку ползувањето на сопствената слобода, на своите сили и на Божјата благодат, тој може да се промени, да се подобри, да напредува духовно, та дури и ако е најголемиот грешник. Општо земено, љубовта е настроението што ни овозможува на нашиот ближен постојано да му ги посакуваме само најголемите добрини.
Утврдувајќи дека „љубовта сѐ поднесува“, апостолот укажува на снисходењето, но и, подлабоко гледано, на трпението, кое сите Отци го сметаат за насушна добродетел. Трпението е многуобразна добродетел, која им се спротивставува на различните страсти и е во сооднос со најголемиот број од останатите добродетели. Во контекст на односите со ближниот, трпението треба да нѐ научи да го прифатиме ближниот со сите негови недостатоци, така што никогаш да не се раздразнуваме поради неговите манири, зборови или однесување – какви и да се тие – кои ни предизвикуваат болка или ни се чинат неподобни; да нѐ научи целосно да се воздржуваме од осудување за неговите постапки, постојано да му ги простуваме грешките и да очекуваме да се подобри, така што ќе се сметаме за погрешни од него и ќе се молиме за него. Такво е еднодушното учење на Отците, учење за чија практична употреба ќе најдеме мноштво примери во поуките на Светите отци и во житијата на светиите.
Тврдењето дека љубовта „се радува на вистината“ значи дека таа исклучува секаков облик на оговарање и клеветење на ближниот, и секаква лага во нашите односи кон него. Тој став, исто така, значи дека љубовта оди рака под рака со познанието на ближниот таков каков што тој навистина е, во неговата длабока и вистинита природа на битие создадено според образ и подобие Божји, природа на личност што е предназначена да биде восиновена како дете Божјо и да стане бог по благодат.
Потем, тоа значи и дека кога го примаме другиот во неговиот моментален и потенцијален однос со Бога, ние извлекуваме духовна радост, додека пак, восприемањето на другиот во она што тој не е, е секогаш извор на тага, разочарување, но и на грев. Сите недостатоци на љубовта, всушност, доаѓаат оттаму што нашиот ближен го гледаме и влегуваме во однос со него согласно неговото периферно, површно, привремено битие, поврзано со неговата падната природа, а не согласно неговото суштинско, вистинско битие, според кое тој постои во Бога и во кое Бог постои во него, и според кое тој може да стане бог по благодат. А, токму на ваков начин светиите ги гледаат сите луѓе, и токму тоа е причината поради која секогаш кога свети Серафим Саровски ќе сретнел некого, тој му се обраќал со зборовите: „Радост моја!“

Види: 1 Јн. 14, 15; 21; 15, 9–10.

  Види: 1 Мој. 3, 7.

  Види: Мк. 9, 35; Мк. 10, 43–44.
  Види: Мт. 20, 28; Мк. 10, 45.



превод од француски: Даниел Јовановски

 Извор:

ПРЕМИН бр. 131/132

 22ри декември 2018 лето Господово

Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1390
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3617
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 8230
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2025 - недела

Воскресение Христово; Свети Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Светиот маченик Калиопиј; Преподобен Данило Перејаславски;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная