логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ЗА НАШИТЕ ВРЕМИЊА. Архимандрит Кирил (Павлов) - руски Старец
Архимандрит Кирил се смета за еден од најпознатите руски Старци во крајот на XX - почетокот  на  XXI век. Современиците му ја даваат следната карактеристика:

 


 
Како во дамнешно време што е Преподобен Сергеј Радоњешки, така во наше време отец Кирил е чувар на чистотата на Православието и традицијата на руското монаштво. Кај него во Сергиевиот манастир, се собираат верници од цела Русија. Овде во малата соба пред ќелијата на отецот или во тесниот ходник на крилото на резиденцијата на Патријархот во Переделкино, со трепет и надеж со часови чекаат луѓето со радост за можноста да го видат доброто, светло, мило лице на Старецот и да добијат негов благослов.Сите да ги прими отецот не може: впрочем денот не го прошируваш, но додека силно не изнемошти, примал понекогаш и по 50 луѓе и приемот траел до полноќ, со само не голема пауза за краток ручек и дневна молитва. Луѓето доаѓаат кај отецот со своите таги, барања, проблеми и сите добиват утеха, помош, совет, насока и заминувајќи, притиснуваат кон срцето хартиено иконче, книшка или бонбонче-  скапоцен Отчев благослов.


 
...Да се надеваме дека во иднина нема да нé остави Господ без Својата помош. Времето сега е тешко и опасно. Треба да бидеме внимателни и трезни. Непријателот префинето, итро настапува, се приближува... Се чувствува приближувањето и здивот на антихристот, ништо нема да биде сокриено, да. Тука во никој случај не треба да се паничи. Сега всушност доаѓаат сигнали, кои нé наведуваат на тоа да бидеме поблиску до Бога.Поблиску до Бога и поблиску еден до друг. Обидете се својата негрижливост веќе да ја оставите, посериозно да се однесувате и кон своето прашање за спасението и за своето исправување и испитување. А за тоа, се разбира, да владее победата, облечете се во сето оружје Божјо, за да се надминат сите тие интриги, да се издржат, затоа сега како никогаш предходно, нам ни треба да се облечеме во оклопот на верата и христијанската љубов. Потребно е да се знае, како што вели Апостолот, дека Господ нас нé одреди не за гнев, туку за здобивање на спасение преку Исус Христос, Кој умре за нас,- како што Апостолот им пишува на Солунјаните. Тој вели дека за времето и рокот не ви е потребно да знаете, браќа, вие самите искрено знаете дека доаѓањето Христово ќе биде како крадец во ноќта. Затоа кога ќе говорат ‘‘мир и безопасност’’, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел.Но, вие браќа не сте темнина за да тој ден ве фати како крадец, вие сте синови на денот и светлината, а не синови на темнината. Затоа да не спиеме, како што спијат другите, но да се отрезнуваме и разбудуваме, затоа што заспаните спијат ноќе и пијаните се опиваат ноќе. Ние бидејќи сме синови на денот, да се трезниме, облекувајќи се во оклопот на верата и љубовта, чекајќи го надежното спасение. Затоа потребно е да се отрезнуваме.
А најважно – треба да се чува љубовта. Не треба никакво непријателство, никаков раздор. Таа помисла ја дал непријателот. Треба да се чува љубовта. Не треба да му се дава на непријателот да создаде никаков раздор. Се сеќавате, како за време на револуцијата кај нас во Црквата се појавија иноватори. Од редовите на Црквата заминаа епископи- иноватори... А тоа им е во полза... Непријателот се плаши од мирот. Непријателство е неговото најдокажано средство.  Затоа ви посакувам, братството да ви биде едногласно. Трпете се меѓусебно, простувајте си еден со друг. Токму како што кажал Апостол Павле: Возљубени и избраници Божји, облечете се во милосрдие, добрина, смиреност, кротост, долготрпеливост, трпете се еден со друг и простувајте си ги взаемните навреди, оптужувањата. Особено облекувајте се во љубов, која е врска на совршенството. Божјиот Мир да владее, господарува во сите срца. Ние сме повикани во едно тело и бидете благодарни. Се разбира, сите тие застрашувачки сигнали.... Јас, се разбира, знам, како се расудува. Мое лично убедување е што тоа недобро дело го осмислуваат, не сакам никого да осудам, но... на христијаните им предстои, им се приближува испитување... Јас вака мислам, прв чекор- броевите, потоа ќе се случи електронската картичка. Сега тоа е поедноставно, потоа ќе биде потешко да се излезе, а потоа после овие картички веќе ќе има ознака. Кога ќе дојде до откажување од ознаката, таму јасно е дека веќе ќе има смрт, да. Или Хрисос да се смени, поклонувајќи му се на антихристот, или обратно- да дојде смртта за Христос. Вака јас разбирам. Потоа, во однос на овие бројки, тоа е безбожно дело.  Пред сé, имињата на човекот ги дава самиот Бог. Господ Самиот ги доделил имињата Адам и Ева. И така според оваа заповед се почитуваат, се чуваат, дадените имиња. Христијаните исто така, име доделуваат, даваат име, да. И при крштевање им се доделува ангел- чувар, да. И Црквата свето име доделува.
 
А тука... ние се одрекуваме од своите имиња, и се присвојува некаков број. Ако така требало да биде, Господ не би дал име Адам, туку таму некаков 255 би му кажал на Адам...Но, името се доделува. А овде од демонот е, односно, започнуваат нов поредок да воведуваат, нов век. Гледате, имињата да се исклучат и под број сите да бидат. Сега толку фино се обработува свеста, навистина, толку постепено, постепено се пореметува умот... Ѓаволот се бори со Бог. Богоборци...богоборци... Тие новиот век веќе го нарекуваат “нов век’’ (нова ера). Нова етапа, нов живот, нови зкони... Овој век ќе биде век на тоталитаризам.  Не плашете се, мало стадо, Бог е со нас!Мислам, дека во братската едносогласност и со вера, да, со вистинска вера во Христос Господ Бог и со заемна љубов, ако и дојдат да се исполнат било какви испитувања, тогаш во тој случај тие и лесно ќе бидат издржани. Од срце уште еднаш ви благодарам и пожелувам, таква љубов да има меѓу нас.


Од книгата “ПОБЛИСКУ ДО БОГА’’

 

Подготви: Снежана Корнет

23-ти декември, лето Господово 2016

 

Извор:


http://3rm.info/3105-o-nashem-vremeni-arximandrit-kirill-pavlov.html

 

Друго:

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2403
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2726
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4998
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

31/01/2026 - сабота

+Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; +Свети Кирил Александриски; Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески  1 февруари/ 19 јануари  2026

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески 1 февруари/ 19 јануари 2026

Храброста твоја Марко свети исповедниче,смелост пред Бога измоли,да посведочиш дека единствена вистина, е самата Вистина подарена, на твојата душа Богољубива.Силен факел...

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари   2026

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари 2026

Делата засветлија во Православиетосо нив го замолкнавте злословието,победоносци станавте,ги обогативте сите со благочестие,и Црквата ја украсивте,

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари  2026

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари 2026

Порфирата царска ја прифати како предвесник на вистинскиот сјај,на ангелските одори во небесното царство,о Теодосие смирен слуго Божји,Духот разум ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная