Тагата
Од каде или излезе оваа учителка
на оние кои разум бараат
верна сопатничка,
на оние кои на себе се надеваат
строга опоменувачка.
Рацете и се најдолги пипци
кои задираат во сечие срце,
нарочито на оние чии мисли
горе имајќи го умот, кон Бога подаваат раце.
Горка вода е за пиење
на слабите по вера вeчни чела
кои не знаат дека солзите се за миење
да не пропаднат поради своите недела.
Отров внесува во човечкиот ум
кога вера се изгуби навидум
онаа родена од пазувите на паднатоста
знае од дното на пеколот да ни ја долови убоста.
Ох, Седржителу,
ох, Мајко моја избавителке.
Ако тагата е тутор на моето исправување
нека продолжи нејзиното милување,
но ако таа е сокот со кој ненавидникот бесен
го опфатил умот мој лесен,
раскинија таа мрачна љубовна врска
за да во мене сонцето заблеска.
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго:
6-ти март 2018 лето Господово