логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Братот мој е мојот живот

 

Во денешното евангелско четиво (Матеј 18, 23–35), за да ни објасни на што прилега Царството Божјо, Господ раскажува парабола за односот на еден цар кон својот задолжен слуга, но и за односот на слугата кон царот и кон своите ближни. Сме кажале многупати досега дека Царството Небесно е заедница, пред сѐ, со Бог, а потоа и со секој човек. И тоа не каква било заедница, туку пред сѐ, љубовна заедница, која не се базира на некаква правда, туку на љубовта Божја, па аналогно на тоа, и на милоста Божја да ни подари Царство кое со ништо не сме го заслужиле.

Ближниот наш е вратата преку која влегуваме во Царството Небесно. Не можам а да не забележам дека ние некако живееме, пребиваме и се бориме во овој свет за некаква правда, која во многу се разликува од Божествената праведност. Самиот стремеж кон нешто што нам ни се чини праведно е за пофалба, и тоа е исправно и е во ред, бидејќи ние сме создадени да се стремиме кон сѐ што е добро, кон сѐ што е праведно, кон сѐ што е исправно, но критериум за нашите стремежи кон праведност, и воопшто кон правда, не е нашиот ум, туку Божјата правда, или слободно можеме да речеме – Божјата волја.

Поимите праведност и милост во рамките на нашата човечка „правда“ изгледаат крајно спротивставени, поради тоа што и Бог и нашиот ближен ги гледаме од овоземна (црвја) перспектива. Барем ние што живееме во Црквата да гледавме на светот и на братот свој од Божја перспектива. Ве молам, нека не ви звучат дрско овие зборови. Не само што не е воопшто дрско да се стремиме да гледаме сѐ од Божја перспектива, туку и Бог тоа го очекува од нас. Зарем не се стремиме кон обожение? Зарем не сме чеда на Отецот, таинствено собрани во телото на Неговиот Единороден Син, кое е Црквата, проникната од Светиот Дух? Зарем не требаше да имаме ум Христов? Или, пак, ако имаме, зошто тогаш имаме поинаква правда од Христовата, и поинаков аршин за праведноста!?

Каде е тука правдата!? Но, овој цар, односно Бог, постапува сосема поинаку со слугата кој згрешил до тој степен што заслужувал со целото свое семејство да биде фрлен во темница додека не го исплати долгот, што е задоволување на правдата. Бог одбира да биде милостив и во оваа парабола, и во кој било друг момент од човековата историја.

Еве една кратка ретроспектива. Човекот е капитален происход на божествената љубов во сиот создаден свет. Впрочем, сѐ е заради него создадено. И му беше дадена заповед да не јаде од плодот на едно единствено дрво, и му беше кажано дека ако вкуси, ќе умре (види: 1. Мој 3, 3). И, се случи и едното и другото. И вкусувањето, и смртта. Навистина, Бог е праведен, но не остана докрај доследен на Својата праведност. Го испрати Својот Единороден Син, Кој грев не стори и лага не се најде во устата Негова, да биде понижуван и камшикуван, и плукан, и исмеван. А како да не беше доволно понижување што се облече во нашата трулеж, на крајот умре за да можат да живеат оние што Го убиваат... Што гледаш праведно тука, паднат и кутар човеку, и што наликува тука на твојата човечка „правда“!? Праведно би било Христос да кажеше: „Врати им, Оче, според делата нивни!“ Но, Христос и на Крстот одбира да биде милостив, а не праведен, велејќи: „Прости им, Оче, не знаат што прават!“

Христос во ниеден момент не ни покажа правда, туку ни донесе оправдание. Со Крвта Негова ние се оправдавме.

Нашиот Бог не е исполнител на некаква човечка правда, колку и да ви звучи тоа соблазнително. Истиот Бог, Кој е праведен и Кој ни даде закони за да се сочува колку-толку правдата во овој отпаднат од Бога свет, како постапува во однос на жената фатена во прељуба, која сакаа да ја каменуваат според законот Божји? (види: Јован 8, 3–11). Во Законот било заповедано секоја жена фатена во прељубодејство со камења да се убива (види: 3 Мој. 20, 10; Јован 8, 4–5). Тоа е правда Божја во Стариот Завет. А Христос, што пројавува во тој миг – правда или милост!? Каков се покажува Христос во таа ситуација – како праведен или како милостив!? Тој вели: „кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа“, покажувајќи ни дека ние не сме способни да бидеме праведни, а Тој има потполно право да изискува и да бара правда од нас, бидејќи Тој е праведен и единствен безгрешен.

Каде сме ние тука, ние кои велиме дека сме Христови? Сѐ што може човек да добие, добивме во Светата Тајна Крштение – полнота на благодатта. Единственото нешто што требаше да направиме е со нашето послушание да не ја повредиме љубовта Божја, и тогаш и сега. Да се „одречеме од сатаната и од сите негови дела“ (од огласителните молитви при Светата Тајна Крштение). А ние целосно го промашивме нашиот живот. На сите дарови Божји возвративме со непослушание, доброволно предавајќи се на грев и гревовни наслади, а згора на тоа, и на братот наш му делиме „правда“.

И, покрај сѐ, сега стоиме тука, на оваа Света Литургија, чекајќи да се причестиме со Живиот Бог, Го молиме Бог за милост, велејќи: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“; „Удостој ме да бидам учесник во Царството Твое“ итн. Каде е тука правдата?! Зарем некој од нас го заслужува Царството Божјо и спасението? Зарем некој мисли дека постои достојно причестување!? А ние слепо се бориме за некаква човечка правда кога станува збор за гревовите, за недостатоците на нашите ближни. Бог вели: Царството Божјо прилега на цар што му ги простува долговите на својот слуга. Царството Небесно се темели на простување и на милоста Божја, а не на правда, а пеколот се темели на непростување кон нашите ближни (види: Матеј 18, 34).

Милоста и состраданието ќе нѐ направат слични на Христос, а не некаква праведност. Оној што згрешил нема право да зборува за правда, не може да дели правда.

Слушнете како Христос ја завршува параболата: „Така и Мојот Отец Небесен ќе направи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си“ (Матеј 18, 35). Тоа е праведноста за којашто ќе се држи Бог на судниот ден, не за тоа колку сме биле „праведни“, колку сме постеле, колку метании сме правеле итн. „Со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери“, со какви очи гледате на братот свој, со такво око ќе гледа Судијата во последниот ден (види: Матеј 7, 2).

Е, сега, гледајте дали ќе барате правда или ќе пројавите милост. Поимот правда не треба да се спомнува меѓу нас, не треба да се повикуваме на такво нешто во меѓусебните односи. Еве, сите вие кога дојдовте првпат на исповед, вашиот духовен отец кон вас пројави правда или милост!? Ви прочита разрешителна молитва и ви кажа дека Бог ги љуби грешниците што се каат, или пак, за правда ви зборуваше!? Тогаш, кој ве научи во Црквата да делите и да зборувате за правда!? Таа власт Му припаѓа единствено на Бог.  

Јас воопшто не зборувам за надворешните, за луѓето надвор од Црквата, на кои Евангелието не им значи ништо. Зборувам за сите нас што претендираме да станеме сведоци Христови во овој свет. Ние ги судиме политичарите, ги судиме епископите, ги судиме свештениците, се осудуваме еден со друг, а многу често таа дрскост и тој демонски менталитет произлегуваат оттаму што си мислиме дека ние одиме во црква, Христови сме, па знаеме што е праведно, а што не е, што е добро, а што не. Нема поантихристовски дух во Црквата од духот на осудувањето и на делење на некоја наша правда. Зошто велам, нема поантихристовски дух!? Поради тоа што власта да суди и да дели правда Му припаѓа единствено на Христос, а единствено антихристот тежнее во овој свет да се зацари и да седне на местото Христово.

Човекот што суди, што зборува за човечка правда, а не за Божјата, која очигледно е апстрактен и недостижен поим за нас, најдрско и најбезобразно седнал на местото Христово. Имаме власт да си судиме единствено на себеси, да се осудуваме единствено себеси, и единствено таквата осуда и таквата праведност ќе ни донесе Царство Небесно и милост Божја. На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот – Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе помилуј ме, грешниот“, всушност, е барање милост, а не правда. Ако си толку смел, што не бараш од Бог да биде праведен кон тебе, а не милостив!? Гледате како Господ со два примери ни го покажува на наједноставен начин сето ова што ви го кажав. Пројавува крајна милост кон оној што се задолжил кон својот господар, а тој за некојa ситница што му ја должи ближниот нему, го дава на суд и го фрла во затвор, и тогаш Господ веќе мора да биде праведен, оти тука не си само ти засегнат, Господ нема да допушти поради твојата „праведност“ да страда некој.

Гледате, самите со своите постапки одлучуваме за нашата вечна судбина и во каква душевна состојба ќе живееме овде. Царството Небесно е само рефлексија на сето она што го правиме, во каков дух пребиваме овде, и таа вечна заедница ќе биде само рефлексија на заедницата што сме успеале овде да ја оствариме со нашите ближни. Впрочем, тоа е најкраткото толкување на денешната евангелска парабола. А оној што чувствува омраза, презир кон макар само еден човек, тој нема да Го види Бог никогаш. Ако и покрај тоа мисли дека е христијанин, поради тоа што „сѐ друго“ прави добро, таквиот разбрал и чул за некое друго христијанство и за некој друг христос, а до овој Христос, за Кој зборува Црквата и Кој се раздава во Црквата за да се причестиме со Него, се доаѓа единствено преку ближниот...

Ќе завршам со зборовите на Старец Софрониј: „Братот мој е мојот живот!“ Токму во духот на овие зборови сите Светии на Црквата разбрале што е христијанство, бидејќи и во непријателите успевале да видат возљубен брат. Бог да нѐ удостои сите, братот наш, и непријателите наши да бидат наш живот во Царството Небесно, од кое никој да не биде лишен. Таквите желби и таквата молитва се вистинска правда.

Бог да ве благослови сите!



 
Викарен Епископ Јаков Стобиски

 

Божествена Литургија во манастирот во Ново Село (01.09.2019 17:14)

На празникот на светиот маченик Андреј Стратилат и преподобен Теофан Македонски, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети Георгиј Победоносец и свети Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 Извор: http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7143

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная