Да изгубиш, а да не се изгубиш

TVITer211

“Нешто на кое современата цивилизација не нè учи е како „да губиш, а да не се изгубиш“.

Денес е сосема јасно дека односите меѓу мажот и жената длабоко се променија. Жената стана послободна и посамостојна.
Прашањето е: дали мажот стана послободен и внатрешно?

Со векови тој знаеше кој е преку својата улога: силниот, заштитникот, оној што одлучува.
Денес тоа веќе не постои на истиот начин. И тој чувствува како нешто во него да се руши.

Кога внатрешно не знаеш кој си, се прилепуваш за надворешните улоги.

Имаш потреба да изгледаш силен тогаш кога внатре во себе се чувствуваш слаб.

Така, денешниот маж, соочен со сè поголемата присутност и слобода на жената во различни улоги и простори, ги губи своите сигурни потпори. Се појавуваат анксиозност, страв, лутина.

Сега, кога улогата се менува, што останува?
Кој сум јас кога веќе не можам да те определувам?
Кој сум јас кога можеш да живееш и без мене?

Немам намера да ги оправдувам жените.
Само се обидувам да дадам едно објаснување за појавата што сè повеќе расте, а се однесува на таканаречените „злосторства од страст.“

.Да не идеализираме никого. И мажите и жените предаваат, измамуваат и повредуваат. А предавството може да те скрши.

Имаш право да страдаш.
Но немаш право својата болка да ја претвориш во оружје со кое ќе убиеш и ќе одземеш животи.

Можеби токму тоа не сме го научиле: да губиме, а да не се губиме.

Да издржиме со сознанието дека реалноста не е должна да му се покорува на нашето желание.

Зрелоста значи да не бараш светот да биде уништен само затоа што се урнал твојот свет.

Христос бил предаден, напуштен и повреден.
А сепак, не станал она што другите Му го направиле.

Не станувај нож само затоа што некогаш тебе те прободеле.

Тоа е големиот предизвик: својата рана да ја претвориш во самоспознание што ќе внесе повеќе светлина во твојот живот, а не во смртоносно оружје што ќе донесе темнина во општеството.

 

Хараламбос Пападопулос / Подготви С. Стефковски

 28.08.2026