Предвидено е в сабота астронаутите да го прошетаат олимпискиот факел во вселената

Руската ракета „Сојуз“ со тројца астронаути денеска од космодромот Бајконур во Казахстан полета кон Меѓународната вселенска станица (МВС) , носејќи го факелот за Зимските олимписки игри 2014. во Сочи во вселената.

Ова е прв пат во историјата на Олимписките игри факелот да биде испратен во вселената.

Со ракетата патуваат Русинот Михаил Тјурин, Американецот Ричард Мастракио и Јапонецот Коичи Ваката.

Ракетата „Сојуз-ФГ“ и капсулата „Сојуз-ТМА“ се украсени со симболот на ЗОИ - олимписките кругови.

Предвидено е в сабота астронаутите да „го прошетаат олимпискиот факел во вселената“.

По патувањето во орбитата факелот ќе биде однесен на дното на Бајкалското Езеро и на Северниот Пол и на 7 февруари ќе пристигне во Сочи за церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри.

 

 

 Извор.Утрински весник