Trajce.Todorovasabota.jpg

Скопје. 3 март 2012 год. -  храм Рождество на Пресвета Богородица

Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg

Денес, 3 март 2012 година, на празникот на светите апостоли Архип, Филимон и Апфија, преподобен Доситеј, и споменот на чудесното јавување на Христовиот воин Теодор Тирон, во на храмот Рождество на Пресвета Богородица  во Скопје, се отслужи Божествена Литургија.Многубројниот верен народ се причести со Светите  Тајни Христови.

Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg

 Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg

 Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg


Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg

Trajce.Todorovasabota.jpg

 sv.Teodor.Tiron1.jpg

Тодорова сабота    


Првата сабота од Светата Четириесетница Православната Црква му ја посветува на споменот на чудесното јавување на Христовиот воин Теодор Тирон за избавување на христијаните од неумолливата скверност на царот Јулијан Отстапник. А тоа стана вака: свети Теодор Тирон во времето на гонењата на царот Максимијан маченички пострада за верата Христова во 306 година.

 Педесет години по неговото преставување кај Бога царот Јулијан Отстапник намисли на подмолен и таен начин да ги измами христијаните, коишто ги презираше, со тоа што за време на Светата Четириесетница, кога христијаните најмногу се очистуваат од гревовите и се трудат да Му угодат на Бога, заповеда на пазарите храната што ќе се продава да биде претходно попрскана со крв принесувана на жртвениците на нечистите идоли. Со ова христијаните купувајќи и јадејќи од храната на пазарите би се оскверниле. Но царот Отстапник не успеа во својата намера, бидејќи Бог му заповеда на храбриот воин Теодор Тирон не на сон, туку на јаве да му се јави на Константинополскиот архиереј Евдоксиј, предупредувајќи го за намислата на царот-Отстапник.

Свети Теодор Тирон му предложи на блажениот Евдоксиј наместо да купуваат храна од пазарот, верните да употребат за јадење коливо, односно варена пченица. Со ова ја осуетија намерата на нечестивиот цар, а тој, пак, кога виде дека е откриена неговата измама, нареди повторно да се изнесе чиста храна на пазарите. Празнувајќи го споменот на ова чудо во првата сабота на Светата Четириесетница, светата Православна Црква ги поучува христијаните дека постот Му е благоугоден на Бога и оние што постат се наоѓаат под особена Божја заштита.

 sv.Teodor.Tiron.jpg

Икони. Православие.ру

 

Преминпортал

Лето Господово 2012