Panorami7.jpg

ТРЕТА НЕДЕЛА ОД ПОСТОТ

bogorodica.k.dol.jpg 

 
Кој сака да оди   по Мене, нека се одрече од себе и нека го земе крстот свој и нека врви  по Мене! (Mk.6, 34). По Господ  крстоносецот  не е можно  да се оди без крстот. Сите оние кои одат по Него, нужно одат со својот крст. Што е тој крст? Проблеми, тешкотии и таги од  сите видови, кои се среќаваат  однадвор и одвнатре, на патот на совесното  исполнување на заповедите  Господови, во животот по духот  на Неговите наредби и барања. Таквиот крст е сраснат  со Христијанинот: таму  каде што е Христијанинот, таму е и тој  крст, и каде го нема  крстот – го нема и  христијанинот. Олеснувањата во животот  во  секаков  вид утехи не му приличат на  вистинскиот   Христијанин. Затоа што,  неговата задача е да  се очисти и исправи. Тој е како болен на  кој во еден момент треба да се врши операција, во другиот  преврски. Зарем тоа е  можно  без  болка? Тој сака да се оттргне  од заробеништвото на еден силен непријател: зарем тоа  е можно без борби  и рани? Тој е  должен да оди  против сите поредоци кои го опкружуваат: како тоа да се  направи  без проблеми и теснотии? Радувај се што го  чувствуваш крст на себе, бидејќи го поседуваш знакот  дека одиш по  Господовиот пат на  спасението, во рајот. Истрпи   малку. Зашто, наскоро ќе е  крајот, а по  него - венци!

 

 


  

 bogorodica.k.dol.jpg

  

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

Друго:

sv.Teodor.Tiron1.jpg Од Верскиот календар на МПЦ (08.03.2011)

Предговор

bogorodica.k.dol.jpg
 
Друго:    

bogorodica.k.dol.jpg 

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА

Подготви: Т.К.