vozdvizenie.jpg

На ден 09.01.2010 година, кога Православнат Црква го празнува Рожденството Христово – Божик и споменот на светиот архиѓакон Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирската црква посветена на св.Стефан во о.Конче, Радовишко. На Светата Литургија присуствуваше многуброен православен народ кој се причести со Телото и Крвта Христови, како и Градоначалникот на Општина Конче г. Стојан Лазарев и други личности од јавниот и приватниот сектор.
На светата Литургија Митрополитот Брегалнички г Иларион им го честита храмовиот празник на верниците како  и  празникот на Христовото рождество со пораката:
ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ! После Литугијата Митрополитот со свештениците беа примени од Градоначалникот на Општината Конче. 

 vozdvizenie.jpg   vozdvizenie.jpg

   vozdvizenie.jpg

 vozdvizenie.jpg   vozdvizenie.jpg

 vozdvizenie.jpg

 vozdvizenie.jpg

 vozdvizenie.jpg

За Преминпортал : Звонко Алексов