На денот спроти празникот на Рождеството на Пресветата Богородица, на 20 септември 2007 година, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во придружба на архимандритот Нектариј и секретарот на епархијата о. Игор Никовски и ѓаконот Димче Азевски пристигна во манастирот посветен на овај празник во селото Г. Манастирец, Поречие. Во манастирот Владиката Тимотеј заедно со јеромонахот Доситеј и јеромонахот Јосиф од Бигорскиот манастир и настојателот на поречанскиот манастир монахот Бенедикт отслужи свечен Молебен со Акатист кон Пресвета Богородица. После малата закуска Митрополитот со своите придружници се упати кон манастирот на Пресвета Богородица - Кичевска, а о. Доситеј отслужи Вечерна богослужба со Петолебие, после која беше благословена манастирската трпеза.
Наредниот ден, беше отслужена Утрена со Златоустова Литургија на која присуствуваа верници од крајот како и иселениците, но и верници од цела Македонија. После Литургијата се изврши Водосвет по што беше поставена скромна трпеза на љубовта.
Известува: јеромонах Доситеј