Tome.V.sv.Mihail

 

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух.
Денес браќа и сестри во светот речиси и нема религија во која не е застапено учењето за доброто и злото, што значи дека тоа учење е изразено и во христијанската религија.
Верувањето во невидливиот свет, бестелесните сили, ангелите кое го исповеда нашата православна црква се темели точно на борбата меѓу доброто и злото.
Покрај видливиот свет, браќа и сестри, постои и духовен свет а тоа се ангелите Божји кои му служат на Бога славејќи го непрестано, околу престолот Божји со постојано пеење на трисветата песна „Сјат, Сјат, Сјат, Господ Саваот“ . 

          Ангелите се значи слуги Божји кои ја извршуваат вољата Божја и заповедите Божји. Ангелите пак си имаат своја небесна хиерархија според која се делат на девет небесни чинови и тоа: 1. Шестокрилнални серафими; 2. Многуоки херувими; 3. Богоносни престоли; 4. Господства; 5. Сили; 6. Власти; 7. Начелство; 8. Архангели; 9. Ангели чии пак заеднички чиноначелник, архистратиг и водач е Архангел Михаил.
Денес ние, браќа и сестри, покрај Архангел Михаил ги празнуваме и сите останати бестелесни ангели, па затоа денешниот празник се вика и Собор на архангел Михаил и другите бестелесни сили. Архангел Михаил во православната црква се почитува како заштитник на цели градови и земји и помошник при несреќи а исто така тој е моќен исцелител на болните луѓе. Уште од првите векови ние имавме примери и на неправилно почитување на ангелите како што било на пример учењето на јудегностичката секта која учела дека дури и Христ им е потчинет на ангелите и дека и нив треба да ги почитуваме повеќе и од самиот Христос за што Лаодикискиот помесен собор  во своето 35-то правило, за да ја сузбие оваа ерес вели: „Христијаните не треба да ...... Божја и да се оддалечуваат од неа и треба да ги почитуваат повеќе ангелите од Христа.
Покрај ваквото неправилно еретичко почитување на ангелите, од IV век па наваму имаме и правилно празнување на празниците на бестелесни сили и на Архангел Михаил...

 

 

 

Друго:pravoslavieto.s.jpg