Pimen.Viktor.jpg

  • „Му благодарим на Бога што Ве имам сите Вас...“

Pimen.Viktor1.jpg  Pimen.Viktor1.jpg

  • Европската Епархија достојно го одбележува својот дведецениско јубилеј. со Божествена Литургија  во црковната општина „Свети Архангел Михаил“  во Лондон.

 Pimen.Viktor1.jpg

  • Ако до пред неколку години се собиравме само на големите празници, сега се радувам што не има во толку голем број и што имаме редовни богослужби, што имаме свештеник кој постојано е со Вас и за Вас ,ова е дел од беседата на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Пимен,кој  чиноначалствуваше со Божествена Литургија заедно со парохискиот свештеник отец Виктор Стојчев и со свештеникот од црковната општина „Света Злата Мегленска“ од Загреб, отец Кирко Велински.Дека оваа млада дијаспора почнува да ја живее полнотата на Црквата , потврда беше бројот на верниците кои беа дојдени на Литургијата.

  Pimen.Viktor1.jpg

 Pimen.Viktor1.jpg

  • „Благодарение на сите вас и на  вашиот сон да се формира оваа црковна општина,  се собираме најпирво за големите христијански празници, а потоа и  добивме наш храм на постојано користење, ве запознав сите вас , имаме и  наш црковен хор.“

 Pimen.Viktor1.jpg

  • А по предлог на парохискиот свештеник отец Виктор Стојчев , митрополитот Пимен во чин чтец го произведе Васко Митев.


Pimen.Viktor.jpg

  • На Божествената  Литургија беа присутни и Неговата екселенција амбасадорот г. Јован Донев, директорот на Агенција за иселеништво г.Васил Наумов.

 Pimen.Viktor.jpg



 

  • Драги мои браќа во Христа, искрено Ви го честитам патронот на Вашата црковна општина и Ви посакувам уште многу радости и убави денови, ова е дел од телеграмата која на Митрополитот Пимен му ја испрати Бискупот на Лондон Ричард.


  Pimen.Viktor.jpg


 

  • Иако,  црковната општина „Собор на Свети Архангел Михаил и сите ангели“,  од Лондон,  е формирана во деведесетите години сепак таа својот духевен и црковен развој го живее токму во последниве седум години. Имаат храм на постојано користење,и  редовни средби со македонците што живеат и работат во Лондон.

 
Pimen.Viktor.jpg

За Преминпортал: Јулијана Тануровска

  21-ви ноември, лето Господово 2014