Dete.litt.jpg

Атеистот не може да најде среќа и спокој во сетилните наслади, виното и наркотиците, зад кои следува духовен пад и меланхолија. Мора да престане да мисли, чувствува и посакува, за да се ослободи од драматичноста на земниот живот, тоа ест, мора да умре пред смртта. Отсуството на моралните ориентири и ориентири во погледите на светот, жедта за сетилни задоволства и безволноста го водат човекот во тешки нервни болести, депресии, хистерии, разни фобии и мании.

  • Егоизмот и засиленото чувство на гордост го ставаат човекот во самиот јазол на противречноста, помеѓу него и луѓето кои го опкружуваат. На таквиот човек му се чини, дека целиот свет е неправеден кон него, и затоа егоистите и егоцентричните во психичка смисла се најнестабилни и најнесреќни луѓе. Не задоволувањето на желбите и страстите предизвикуваат чувство на гнев и омраза, кои се прилепуваат на психички комплекси и затоа психичките болести, пред сè, ја уништуваат способноста да се сака другиот. Човекот се затвора во себе, во кругот на своите илузии, афекти и депресии.

 


Христијанството учи за тоа, дека највисокото пројавување на човечката личност, дека како признак на неговото исцелување, се јавува љубовта кон Бог и луѓето. Вера - тоа е исцелување. Христијанството не предлага вештачки системи на лекување на болестите, како на пример, јога и други системи, кои имаат прагматички и утилитарни карактер. Христијанството ја лечи самата душата на човекот, тоа го покажува целиот живот, кој лежи зад пределите на земното постоење. Неговата цел е- Апсолутен Дух, Божествена Личност, Извор на љубовта и секое постоење. 

 

Христијанството учи за високото човеково назначување, за неговата бесмртност, за вечниот живот како општење со Бог и успоредување со  Него. Христијанството ја покажува смислата и значењето на земниот живот како поле, каде се формира личноста на човекот, како отскочна штица за вечноста. Во тој живот, она што ни се чини несреќа и страдање, добива духовна смисла. 


Христијанството ја дава таа идеја, поради која човекот е подготвен да претрпи тешкотии и препреки, кои му стојат на патот, и сили за тоа. Верата прави многу повеќе од самото исцелување на болеста; таа му дава на човекот можност да биде среќен во самите страдања и болестите.

И на крај, Христијанството му ја открива на човекот како најголема вредност на земниот живот - чувството на љубов кон сите други, независно од интелектуалните, етничките, социјалните и другите бидови разлики. Христијанството - тоа е севкупен систем на човековиот живот.
Тоа не треба да се разгледува аналитички, во него треба да се вклучи, да се живее во Христијанството и да се живее со христијанството, таму е се взаемно, како во еден жив организам: и догматите, како вистински погледи на свет, храмовинте обреди, како симболички јазик на Црквата, аскетиката, мистика на молитвата, итн.

Христијанството го обновува човекот, делува од индивидуалната личност, му помага на човекот да се најде самиот себеси, зашто, според зборовите на древните апологети, „душата по природа  Христијанка“. Христијанството го има тоа, што не го поседува ниту еден друг религиозен систем - Исус Христос - Бог и совршен Човек, таа Совршена Личност, Која е вечен пример и образец за христијанинот.

 (Крај)

  

Друго: 

 

 Подготви: Сузана Арбутина