05.10.2014 год.

  peperutka.jpg




 

„Во што е таа главна противречност на денешниот „западен“ и православен свет, која ја карактеризира тековната мрежна светска војна, ако би се обиделе да ја дефинираме со историско-политички термини?
Таа, секако, е во системот на вредностите.

  • Денешниот Запад инсистира на индивидуалистичкиот либерализам, рационализам и материјализам, на дивата конкуренција, како наводен генератор на напредокот, ограничувајќи ја духовноста и духовната слобода на човекот на ниво на негова индивидуална интима. Тој, истовремено, ги руши сите темелни облици на човековата заедница, а најмногу оние најважните – семејството и суверената држава.
Најважните православни, значи, христијански вредности, не` упатуваат кон спасението, не само во религиска смисла, туку и во практична, инситирајќи на љубовта кон ближниот, доброто, братството, рамноправноста, солидарноста, неприкосновеноста на животот, забраната на издигнување на сопственоста и парите над духовноста, и сето тоа во рамките на човековата заедница.

  • Човекот е општествено и креативно битие, а атомизацијата на општеството неминовно води кон неговата деструкција. Покрај тоа, ресурсите на Вселената кои на човекот му стојат на располагање се неограничени, па затоа, дивее и неограничената конкуренција, која неминовно се претвора во грабеж, зеленаштво и злосторство - не само што не е мотор на прогресот, туку е закана за опстанокот на човечкиот вид.


Ако, покрај тоа, ја согледаме метастазата на злосторството во актуелната мрежна светска војна – користење на тероризмот, трговија со дрога, човечки органи, банкарски шпекулации, создавање во западните лаборатории на квазиисламски чудовишта, потполна политичка и медиумска манипулација, недоследност и хипокризија, потполно подредување на демократските механизми и институции на парите, јасно го гледаме потполниот банкрот на Западот на една, но и сите причини за Западниот убиствен порив кон православниот свет, на друга страна.“ (Извадок: Владимир Кршљанин : Запад против Србија  и Русија  води мрежна  светска војна)

 

Подгорви: Мина Даниловска