markov.sv.Zlata1.jpg

(Извадок)

Постои духовно подигање на крстот во срцето. Тоа станува кога некој цврсто ќе се одлучи на самораспнување или умртвување на своите страсти, што во христијанството е толку важно што, според Апостолот, Христови се само оние, кои го распнале своето тело против страстите и похотите. Подигајќиго тој крст во себе, христијанитего држат подигнат целиот свој живот. Ако е тоа така, тогаш секоја христијанска душа нека се испита себеси и нека внимава каков одговор во срцето ќе даде нејзината совест. Да не чуеме: „Вие само угодувате на телото во похотта – крстот кај вас не е подигнат, туку фрлен во јамата на страстите и таму трули во негрижа и презир!“

Кога Господа Го симнале од Крстот, Неговиот Крст останал на Голгота, а потоа го фрлиле во јама која таму се наоѓала, каде инаку ги фрлале тие орудија за казни, заедно со секое ѓубре. Наскоро Ерусалим бил уништен и сите негови градби срамнети со земја. Затрупана била и јамата во која бил фрлен Крстот Господов. Кога незнабошците го обновиле градот (на Евреите дури им било забрането и да се приближат до местото на кое градот порано се наоѓал), се случило на местото каде што бил скриен Крстот Господов, да постават идол на Венера, незнабожечка богиња на блудот и на секакви похоти. На тоа ги наговорил ѓаволот. Така станува и со нашиот внатрешен крст. Кога непријателот ќе го уништи духовното устројство на душата, тој наш духовен Ерусалим, духовниот крст се соборува од висината на Голготата на срцето и засипува со отпадоците од сластите и похотите, та така похотното наше самоугодување се подигнува како таква кула над целиот наш внатрешен свет, а сè во нас му се клања и го следи секој негов миг, додека благодатта не нè озари и не не вдахне да го срушиме тој идол и да го подигнеме крстот на самораспнување.


Нашето спасение е во Крстот, поточно во крсните страдања. Преку болки и страдања ние се прививаме на Крстот Христов и од него примаме очистувачка и осветувачка крсна сила која ја привлекува благонаклоноста Божја. Тесниот и макотрпен пат е пат кој  води право во рајот.

 Подготви: З.Д.

Извор: 
Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“