bogoslovi.vecerna.jpg

 

Светите отци се деца на блгодатта на Светиот Дух. Плод на оваа благодат е - простувањето. Тоа е љубовтта и тогаш со неа, може само добро да се  зборува за некого да се биде во молитва за него, да не се паметат навредите и злото.

Затоа, невозможно е да се простува, а да  се нема оправдание за секого.  Тоа е психолошки факт. Срцето така е создадено. Не е  умот, не е нервниот систем - како што науката се обидува да ни докаже, а особено психијатрите - така создаден,  туку срцето од Бога е така создадено.
Тоа е христијанското срце - тоа простува и прави СЕ за да го оправда човекот. Зарем не е така? Тоа е христијанска особина.

Многубожецот  и муслиманот  не знаат за тоа....за делото на благодатта на Духот Свет... Обидете се да му кажете на муслиманот да проштева, да го оправдува и љуби својот непријател. Ќе ве убие!

Еднаш јас вас сакав да ве запрашам, зошто никогаш не ви паѓа на памет да ме прашате:
 „Што  ве лути вас? Што ве растажува? Што најмногу ве вознемирува?“
Секогаш е тоа истата работа - нехристијанското срце.
 Злото  срце, кое што не сака да прости. Срце, кое што е во непријателство со Бога, затоа што не сака да прости, ниту има намера да проштева, а  покрај сето тоа се осмелува  да ја изговара Молитвата Господова:
“...и прости  ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници...“; додека во исто време срцето и умот  се во непријателство кон некој човек.

Тоа, многу ме лути...зашто надворешната форма никому не му користи, најмалку на Бога.
Мислам и секогаш доаѓам до констатација: тоа значи дека тие сеуште не дошле до суштината, зашто целата тајна, целокупната сол  на христијанството лежи во тоа:
да се заборава, да се простува, да се оправдува, да не се знае за зло, да не го паметиме. Ниту гревот, ниту злото.

  bogoslovi.vecerna.jpg

Пијаница, блудник, горделивец - Бог ќе ги помилува.
Но за оној кој што не сака да заборави, да проштева, да оправдува , му се затвора патот кон животот вечен со Бога, но, и за живот , тука, на земјата.

Таквиот бидува отфрлен од Бога и Бог не го слуша.

Повеќе