Soboren.sv.Kiril.jpg
 
Соопштение до медиумите

Скопската Православна Епархија  чувствува потреба да ги извести  православните верници дека се забележани случаи на луѓе кои носејќи со себе одредени црковни реквизити, се претставуваат како испратени и ополномоштени лица од одредени цркви и манастири (Соборниот храм „Света Петка“, Бигорски манастир и сл.) и бараат парични средства од верниците или, пак, продаваат црковни работи.

 
 
 
 
Нагласуваме дека истите воопшто немаат врска со Македонската православна црква, односно не се испратени од наша страна. Доколку на вашите врати се појават вакви лица, Ве замолуваме да ги легитимирате и да нè известите, или, пак, едноставно сметајте дека лажно се претставуваат во името на Црквата (тел. за пријавување 02/ 3230-697)

Напоменувамне дека ова не се однесува на лицата што закажуваат за велигденски водоосвет, а кои се испратени од свештенството во храмовите од Скопската православна епархија!

 

Од Канцеларијата на Скопската Православна епархија