И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето
Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи
и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и
на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на
родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од
водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да
оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот
на спасението.
На 19 јануари 2014 година, кога Светата Црквата го празнува Крштението Господово, во манастирот Успение на Пресвета Богородица, во Матка, се отслужи света Василиева Литургија. Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни . По отслужената Литургија се
верниците се упатија кон реката Треска се изврши Голем Богојавленски водосвет и беше положен Крстот за
осветување на водите.
Бог се јави!
Навистина се јави!
- Преминпортал (к.т.)