Malme.hram.praznik.jpg

 Malme.hram.praznik.jpg

 Malme.hram.praznik.jpg

 Malme.hram.praznik.jpg

Во Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа, Свети Наум Охридски Малме –Шведска со света Архиерејска Литургија свечено се одбележа храмовиот празник на МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме-Шведска

 Malme.hram.praznik.jpg

 Malme.hram.praznik.jpg

Во Петок вечерта и Саботата 04-05.01.2013 година, кога Светата црква го празнува празникот на преподобниот Наум Охридски- Чудотворец, во Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа, во Малме-Шведска, посветен на Свети Наум –Охридски во организација на Црковниот Управен Одбор и парохискиот свештеник Прота –Ставрофор Блажо Кожарски, свечено се одбележа храмовиот празник.
Свеченостите започна во Петокот вечерта со вечерна Богослужба, на која се благослови и петолебие отслужена од сатрана на парохискиот свештеник Прота-Ставрофор БлажоКожарски.

Во саботата на 05.01.2013 година, со Светата Литургија чиноначалствуваше надлежниот архиереј на Македонската Православна Епархија за Европа, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Европски г. Пимен. Нему му сослужуваа Прота-Ставрофор Блажо Кожарски, архиерејски заменик во МПЕ за Европа и парохиски свештениик во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме-Шведска и Свештеникот Михаел Таневски, парохиски свештеник во храмот „Св.Јован Крстител“ –Капиштец –Скопје, кој е во мисија по поовод  Божикните празници во МПЦО Св.Ѓорги Кратовски“- Хамбург –Германија.
На крајот од Светата Литургија, по водосветот и благослувањето на празницните лебови Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г.Пимен, пред присутните произнесе празнична беседа, во кој а зборуваше за житието на Светителот но и за престојните активноисти кои престојат во ова јубилејнаљ година за оваа ЦО која прославува 40 години од своето постоење. Планирано е ако е Божја волја во средината на Октомври и да биде  осветена црквата.

На свеченостите покрај многу бројниот верен народ присуствуваа: Отец Велиша Васиќ, преставник на СПЦ, потпреседателот на ЕУО на МПЕ за Европа г.Васко Шопов, г.Момчило Коцев претцедателна МПЦО „Св.Ѓорги Кратовски“ – Хамбург –Германија.
По Светата Литургија во помошните простории од страна на овогодишните кумови Роса и Благоја Кутлешовски од Малме со семејството беше приредена заеднича трпеза за сите присутни.
За идната година за домаќни се пријавија семејства на Даница Блажевска и Андон Аневски од Малме.
Вечерта истиот дене беше отслужена вечерна Богослужба и се запали коледарскиот огна, а за најмладите беа поделени Божикни подароци.

 Malme.hram.praznik.jpg

 Malme.hram.praznik.jpg

 За Преминпортал

 Прота- Ставрофор Блажо Кожарски