TVITer61

Нè разболуваат сите оние нешта што ги голтаме во себе.

Зборовите што никогаш не сме ги изговориле.
Сите оние „не е важно“ и „остави“, што всушност не сме ги мислеле, туку сме ги кажале само за да избегнеме судир, расправија или непријатност.

Нè разболуваат и сите работи за кои не се изборивме.

Сите оние моменти кога, од страв или срам, не се осмеливме да го направиме потребниот чекор.

Кога избравме да им бидеме пријатни на луѓето, наместо искрени со самите себе.

Кога ги жртвувавме своите уверувања за да бидеме прифатени.

Нè разболува и она што постојано го оставаме за подоцна.„Те сакам.“„Ти благодарам.“„Прости ми.“А времето минува...

И со него заминуваат луѓе, се затвораат врати и исчезнуваат можности што никогаш повеќе не се враќаат.

Нè разболува и она што го занемаруваме.

Одморот што не си го дозволивме.
Сонот што го жртвувавме.
Пријателите што ги оттурнавме.
Грижата за телото и душата.
Книгата што не ја отворивме.


Молитвата што ја одложивме.

И особено времето што никогаш не си го подаривме себеси, иако ни било потребно.

Токму тие нешта нè исцрпуваат.

Не одеднаш.

Туку тивко.

Малку по малку.

Ден по ден.

Затоа, секој нека се загледа во својот живот, нека препознае што носи како товар и нека постапи според совеста.

Благословена и мирна седмица на сите.

 

🌿— Психолог Елевтеријадис Елевтериос

 

фб Симеон Стефковски

 

18.06.2026