TViTer572

НАСАМО  СО  РАКОТ

Ја слушаш дијагнозата и  го губиш тлото под нозе. Тоа е моментот  во вашиот живот кога се соочуваш со смртта не како нешто далечно и туѓо, туку како настан што го допира твојот здив. Тоа е моментот кога стоиш и гледаш на твојот живот како на еден измислен настан. Имено,тогаш мислиш дека ракот е просто само една фарса. Дали навистина сум болен од  рак?
          Ништо веќе не е важно, а дотогаш сè беше важно. Сета подлост престанува да постои. Секоја глупост со која ги поминувше деновите сега е надвор од твојата секојдневна рутина. Нема повеќе време за банални нешта. Деновите минуваат, месеците минуваат. Влегуваш во битката со ѕверот кој толку неочекувано влезе во твојот живот. И таму, внатре во битката, таму, во твојата срцепарателна болка, во тебе изгрева светлина. Толкава болка, но толкава светлина.
           Сепак, ѕверот е страшен. Ѕвер кој во основа сака да ти ја распарчи волјата за живот, да ја скрши секоја надеж, да ја избрише радоста и мирот на твоето срце.
Секој ден, секоја терапија, секој сожалувачки поглед, секое изгрејсонце и зајдисонце е битка. И се уморуваш. И прегоруваш. Твојата душа гори.
Ракот е безмилосен. Доаѓа толку свирепо, но  истовремено и толку нежно. Нежно како галење кое не го ни чувствуваш и мислиш дека е лага. Но, тоа не е домашно милениче. Не е ниту лага. Тогаш сè се менува. Се менуваш и ти. Од тебе зависи како ќе се промениш. Сигурно е дека нема да останеш  ист. Тоа е единственото сигурно нешто.


           Ќе заплачеш. И тоа е сигурно. Но, овие твои солзи нема да бидат како другите што си ги пролеал. Овие солзи ќе бидат различни. Тие ќе бидат полни со живот, кој неочекувано е застрашен. Во овие први ваши солзи ќе се откриете себеси и својот живот. Во овие први ваши солзи, веројатно за прв пат ќе ја видите суетата на овој свет и кревкоста на животот. Во овие први  ваши солзи, ќе го видите и веројатно ќе го цените доброто на здравјето, на отсуството на болка.
          Не, овој пост нема за цел да нè растажи, туку да не натера конечно да престанеме да роптаме, затоа што имаме здравје, затоа што имаме илјадници блага!
Конечно да престанеме да живееме во очај и роптање, во униние и каприци, бидејќи имаме многу благослови во нашите животи. Дали треба да дојде ракот за да го цениме сето она што го имаме? Дали треба да ги изгубиме сите добра што ги имаме во нашите животи за да започнеме ги вреднуваме?

TViTer573


           Прашајте некој болен од рак, разговарајте со него и ќе видите колку е благодарен што се буди без болка, што може да спие без да се разбуди и повраќа, да може да го види сонцето, да може да земе длабок здив воздух, да може да јаде барем малку, да може да зборува и да се смее, да може макар и малку да дојде во храмот и да се причести, да може дури и на неколку минути да излезе на прошетка, да може да прегрне  и биде прегрнат без да чувствува болка, за  да може да мечтае за следното лето, како што мечтаеш и ти...
           Да, ракот е страшен и болен. Не е неопходно  да дојде во нашите животи за да се промениме, за да го видиме животот во длабочина, за правилно да ги гледаме работите, конечно да стекнеме правилни приоритети, да го цениме нашето здравје и време.
           Погледни го животот на пациент со рак. И потоа ќе видам дали ќе продолжиш да се жалиш на твојот живот. Како се осмелуваш, човече, да имаш поплаки кога животот не  го поминуваш во болници и во болнички кревет? Како се осмелуваш, човеку, да имаш поплаки? Како се осмелуваш, човеку, да негодуваш на благословите што ги имаш во твојот живот? Како се осмелуваш, човече, да ропташ за безначајни настани и да се фрустрираш поради ситници, кога некој твој сосед или познаник моментално страда од болка, оди на хемотерапија, се гледа во огледало и не се препознава поради изгубените килограми, опаѓањето на косата и изгубената младост за само неколку месеци?

TViTer571


           Што ќе одговориме пред Бога кога ќе не повика и ќе ги донесе пред нас сите овие луѓе кои и среде болка не се жалеа, кои и среде болеста не роптаа колку нас?
           Колку пати размислувам за мојот живот, во кој има толку многу благослови, и ги земам здраво за готово, и паѓам во неблагодарност или во омаловажување на сите овие благослови. Каков одговор ќе дадам?
          „Боже мој, прости ми на неблагодарноста! Велам одново и одново.
„Боже мој, прости ми што не Те прославив, што не го користев времето на мојот живот како што сакаш!“.
„Боже мој, дај ми просветлување да се разбудам без шамарот од болеста; Просветли ме правилно да ги ценам животот и луѓето без да се плашам да не ги изгубам!“.
           „Боже мој, просветли ме јасно да ги видам животните радости! Помогни ми да не останам во злото, туку да негувам добра мисла, едноставна мисла и да останам во сите овие добра што ги имам во мојот живот!“.
           „Боже мој, отвори го моето срце за милост и простување, за љубов и смирение, за благодарност  и славословие; отвори го моето срце за сета оваа љубов што ја добивам од луѓето околу мене и на која многупати не и давам соодветно значење!“.
          „Боже мој, дојди во мојот живот, дојди во нашите животи и промени нè без да почувствуваме болка... Никој не заслужува да живее со болка. Меѓутоа, Ти, Добриот и Човекољубив Господи, знаеш подобро од сите нас; и што и да допуштиш, дозволи да го исползуваме. Што и да е. Дај ни трпение и сила да излеземе победници! Очистени од смртта на гревот. И со јасен поглед да го живееме времето на нашиот живот пред да влеземе во вечноста заедно со Тебе!“.

Автор: архим. Павел Пападопулос
Извор: богоносци.бг
За Преминпортал: Симеон Стефковски

 

Ноември 2022 лето Господово