TViTer144


Архимандрит Рафаил Карелин:
- За молитвата


* Запомнете: демонот сака молитвата да се изгасне за да исчезне оваа пречка за неговото дејствување. Погледнете ги нашите животи - колку малку време посветуваме на молитвата! Сетете се, порано поревносно и подолго се молевме, но сега постепено се повеќе и повеќе ја скратуваме молитвата.

Многумина од нас  легнуваат да спијат без молитвата задолжителна  за секој христијанин;  кога ќе се разбудат не ги кажуваат утринските молитви, ја доведоа молитвата до минимум, најчесто пред спиење изговарајќи ја Оче наш, и тоа  што е можно побрзо, како да сакаат да се „ослободат“ од неа. Тоа демоните се обидуваат да нè доведат во таква состојба на вечно  брзање, како никогаш да немаме време и да нè наведат  да ја оставиме молитвата. Токму на тој начин се урива ѕидот кој не штити од темните сили

Но, имајте на ум, не заборавајте, браќа и сестри, дека нашиот живот, судбината на целата Земја и на човештвото, зависат од молитвата на секој од нас, од нашите молитви, кои се собираат во една единствена река.

 

Март 2023 лето Господово