
Преображенски и Богородичен пост
Богородичниот, односно Успенскиот пост настапува еден месец по празнувањето на Соборот на светите апостоли Петар и Павле, а пред големите празници на Преображението Господово на гората Тавор и Успението на Божјата Мајка (познат во нашиот народ и како Голема Богородица). Успенскиот пост трае две седмици, од 14/1 август, до 27/14 август. За разлика од Великиот и Петровденскиот пост, овој пост не започнува секогаш од понеделник, односно неговиот почеток може да се случи во кој било ден од седмицата. Овие пости не се толку строги како Великиот, но се построги од Петровденскиот и Божикниот пост. Црковниот типик пропишува од понеделник до петок храна без масло, а во саботите и неделите се дозволува вино и масло.
До празникот Преображение Господово, кога во храмовите се осветува грозјето, Црквата нe задолжува да се воздржуваме од тој плод. На празникот Преображение Господово, според црковниот типик на трпезата се дозволува риба.
Друго:

СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ...
Митрополит Струмички Наум : Преображение, наше (18.08.2016) ...
Јеротеј Влахос: ПРЕОБРАЖЕНИЕТО ХРИСТОВО (19.08.2015) ...
Игумен Гаврил- Преображение Христово ... Преображение (19.08.2015) ...
Значењето на празникот Преображение Господово ...
++++
Постојат луѓе кои го разубавуваат светот без да прават врева. Не им се потребни многу зборови, ниту впечатливи дела, за да шират светлина. Самото нивно присуство станува утеха, нивната тишина непрестајна молитва, а нивниот живот пример за живеење.
Таква е Пресвета Богородица.
На празникот на нејзиното Успение, не стоиме само пред тајната на упокојувањето на една Мајка. Стоиме пред убавина што не пропаѓа. Пред убавината на една душа која научила да сака без да бара, да има доверба без да поставува услови, да молчи без да се оддалечува, да страда без да се стврдне.
Убавината на Богородица не била надворешна. Таа пред сè била внатрешна: кроткоста на нејзиниот поглед, чистотата на нејзиното срце, нејзиното смирение кое ја направило способна да каже „да“ на Божјата волја, дури и тогаш кога не го разбирала целиот пат и неговата цел.
Тоа била нејзината љубов, која во себе ја примала и радоста и болката, и Раѓањето и Крстот, и присуството и загубата.
Дај Боже и ние да стекнеме нешто од нејзината кроткост, кога светот околу нас станува суров.
Нешто од нејзиното трпение, кога одговорите доцнат.
Нешто од нејзиното смирение, кога нашиот егоизам нè повикува на конфликт.Нешто од чистотата на нејзиното срце, кога во нас има премногу стравови, злоби и опсесии.
Нешто од нејзината доверба, кога патот пред нас не се гледа.
Богородица не бара од нас да станеме нешто туѓо на она што сме. Таа ни покажува што може да стане човекот кога ќе дозволи неговото срце да се исполни со Бога.
Да станеме малку потивки во себе.
Малку понежни кон луѓето.
Малку пообилни во простувањето.
Малку поискрени во љубовта.
Малку поспремни и ние, среде тешкотиите на животот, да кажеме едно: „Нека биде.
(повеќе)-