3.angeli.so.truba 
 Н. Е. Џанг Ѕуо,
Амбасадор на Народна Република Кина

 

 

3.angeli.so.truba

 

Значењето на хармоничниот соживот на

верскиот плурализам во Кина

4 дел

 3.angeli.so.truba


(6) Реформата и иновацијата се придонеси за хармоничниот соживот на кинеските различни религии.


 Во моментов, глобализацијата се наоѓа на крстосница, исправена пред едностраноста и протекционизмот. Кина го усвојува концептот на „водење“ во верското управување, со цел вклучување на религиозното управување внатре во националниот систем на управување. Како резултат на тоа, развојот на религијата ќе се прилагоди на социјалистичкото општество, елитните дејци од религиозните полиња и религиозните луѓе ќе може да учествуваат во градбата на земјата, да полагаат општи напори во изградбата на „Еден појас и еден пат“ и на „Заедничката судбина на човештвото“. Концептот ја демонстрираше супериорноста на социјалистичкиот систем со кинески карактеристики и сигурно ќе ја разбие таканаречената теорија за кинеска закана од Запад.


Унапредувањето со времето е духовен темперамент на хармоничниот соживот на кинеските религии. Хармоничниот соживот на кинеските религии е база на кинеската традиционална идеологија „Хармонија во различностите“, e политика која е воведена од кинеската влада за почитување на религиозната слобода. Во рамките на законите, се развиваат правилно односите помеѓу политиката и религиите. Од формирањето на Комунистичката партија на Кина, таа ги комбинира марксистичките религиозни погледи со кинеската реалност, инсистира на политичка солидарност и соработка, и концептот на „взаемно почитување“, создаде нов тип на односи меѓу политиката и религиите и ја раскинува „Крајот на историјата“ од Запад.

 

3.angeli.so.truba


Комуникацијата и интеграцијата се вредносна ориентација на соживотот на религиите во Кина. Кинеската верска заедница се придржува кон кинеската традиција и игра важна улога во идеологијата и културата на Кина. Секоја религија се залага да му служи на општеството, и да им користи на луѓето, со своите идеологии да го промовираат комбинирањето со кинеската култура и во корист на рушење на т.н. судир на цивилизациите.
 Меѓусебното учење е внатрешно барање за хармоничниот соживот на религиите. Припадниците на кинеската нација ги надминале расните, географските и религиозните разлики и биле обединети врз основа на културниот идентитет за време на илјадници години. Кинеската цивилизација никогаш не отфрлила ниту една странска религија и култура, бидејки таа се спротивставува на ексклузивноста. Како резултат на тоа се дозволува хармоничен соживот на различните религии и култури, и се сруши т.н. теорија „центарот на цивилизацијата“ од Запад.

3.angeli.so.truba


 Мирот и толеранцијата се база за хармоничниот соживот на религиите. Секоја религија свесно се спротивставува и спречува секаков вид на екстремизам, тероризам и војна. Кина не принудува на извоз на својата култура, го прифаќа взаемното учење и ја спроведува идеологијата „побарајте заедничка основа, додека имате разлики“. Кина нема историја за окупирање на светот кога била моќна, не вршела  воени освојувања во странство кога била доволно силна. Исправена е со „националниот приоритет“ и „локализација“, Кина со соживотот на различните религии покажува дека цивилизациите можат да коегзистираат мирно една со друга и со тоа ја наруши таканаречената национална хегемонија од Запад.

 

3.angeli.so.truba


Во моментов, светот е исправен пред големи промени какви што немало во изминатите сто години. оддржуваќи го ставот „да го преземе светот како своја должност“, кинескиот претседател Ши Џинпинг ја постави идејата за изградба на општата заедница на човечката судбина. Во идејата, тој посочи, дека мора да се почитуваат разноликоста на цивилизациите, мора да промовира комуникција помеѓу цивилизациите наместо цивилизациски јаз, наместо конфликти меѓу цивилизациите да постои взаемно учење, и да го реализираме соживотот на цивилизациите, а не супериорноста. Треба заеднички да работиме за градење на светот со траен мир, општа безбедност, заеднички просперитет, отвореност, толеранција, чистота и убавина.

 

3.angeli.so.truba

 Крај

 

 

 

 3.angeli.so.truba

 

 

 

 

 

 

 

 

Биографија на Амбасадор Џанг Ѕуо


Роден во февруари 1969 во округот Шуанвеи во провинцијата Јунан, Проф. д-р по менаџмент.
1991-1996, Заменик Директор во Биро за религиозни работи, Административна Канцеларија на Чуџинг префектура, провинција Јунан
1996-2004, Заменик Директор, Директор, Биро за религиозни работи на провинцијата Јунан
2004-2010, Раководител на оддел при Канцеларијата за политика на истражувања, провинциски комитет на Јунан на Комунистичката партија на Кина (КПК)
2010-2010, Заменик Секретар на Окружниот комитет на КПК на Јаоан, префектура Чушионг, провинција Јунан
2010-2011, Заменик Секретар на Комитетот на округот Јонгшенг на КПК, Заменик-Градоначалник, вршител на должноста Градоначалник на округот Јонгшенг под градот Лијианг, провинција Јунан
2011-2013 Заменик Секретар на Комитетот на округот Јонгшенг на КПК и градоначалник на округот Јонгшенг под градот Лијианг, провинција Јунан
2013-2015 Секретар на Комитетот на округот Јонгшенг на КПК, градот Лијианг, провинција Јунан
2015-2017 Постојан член на Градскиот комитет на Лијианг на КПК и Секретар на Комисијата за политички и правни работи на Градскиот комитет на Лијианг на КПК, провинција Јунан
2017- 2019 Вонреден и ополномоштен Амбасадор на Народна Република Кина во Народна Република Бангладеш
2019-  Вонреден и ополномоштен Амбасадор на Народна Република Кина во Република Северна Македонија
Оженет,татко на ќерка .

 

 

 

Скопје, 1ви април 2020 год.

 Друго:

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 

Preminportal.com.mk

Март 2020 лето Господово