38.machenici1

Елвира, наставничката која се покажа како штит
за да го спаси животот на еден ученик во пукотницата на Казан

Царство небесно драга Елвира

Социјалните мрежи и’ оддаваат почит на оваа 26-годишна наставничка која предаваше англиски во училиштето кое беше нападнато.

Почит на социјалните мрежи на наставничката убиена во пукотницата на едно училиште во рускиот град Казан, каде загинаа девет лица, од кои седум ученици. Елвира Игнатјева, 26-годишна девојка која четири години предаваше англиски јазик во Училиштето Број 175, беше застрелана од напаѓачот токму во моментот кога се обидуваше да го спаси животот на еден од учениците.

„Таа излезе во ходникот и тие ја убија“, изјави полицаец од градот Казан. „Според првичните извештаи на очевидци, Игнатјева се обиде да спаси еден од учениците“, додаде изворот за локалните медиуми. „Таа го тргна момчето од напаѓачот и застана пред него, всушност се најде меѓу него и детето. Раната што ја здоби се покажа како фатална“.

 Игнатијева на својот профил на Инстаграм обично објавуваше мотивациони пораки врз свои лични фотографии уживајќи во прошетки и ноќни излегувања. „Не е толку тешко да си го направиш животот среќен“, напиша таа на 1-ви февруари. Треба само да престанеш да мислиш дека среќата е можна само на некое место таму, во иднина, и да научиш да уживаш во секој вистински момент, овде и сега“.

        
„Елвира Игнатјева, 26 годишна наставничка по англиски јазик, го даде својот живот за другите.
Таа турна настрана едно девојче пред метата на пиштолот на убиецот и застана помеѓу него и децата.‘‘
(- Руслана Боширова на инстаграм)



https://twitter.com/i/status/1392217974753406982

„Видео направено во една од училниците. Наставничката им кажа на учениците да се скријат и да бидат мирни, додека таа стражареше до вратата, подготвена да се фрли помеѓу стрелецот и децата.’’- (Руслана Боширова на инстаграм)


Игнатјева дојде во училиштето во 2018 година, истата година кога Илназ Галјавиев, извршителот на масакрот, заврши во едукативниот центар. Другата наставничка која го загуби животот во нападот беше идентификувана како Венера Аизатова (55), наставничка по математика и признаена со награда за нејзината педагошка работа со користење на нови технологии.

Во меѓувреме, Руската Република Татарстан во средата се прости со деветмината починати. Според она што го изјавија официјалните извори на власта, немаше заеднички погреб, но секое семејство, кое ќе добие финансиска помош од еден милион руби (околу 13.500 американски долари) од властите, одлучи каде ќе го каже последното збогум на својата сакана личност.

Шест повредени деца продолжуваат да се борат во тешка и многу сериозна состојба. Во исто време, осум жртви на настанот ќе бидат пренесени во Москва на лекарско лекување во руската престолнина. „Авион од Руското Министерство за Вонредни Состојби веќе е тука и во следните неколку часа повредените, пет деца и три возрасни лица, ќе бидат префрлени во најдобрите болници во нашата земја“, рече лидерот на Татарстан, цитиран од агенцијата Интерфакс.

~ извор: https://www.larazon.es/internacional/20210512/4lh27erepjcfxmdemd3wf4yowq.html

 

Подготви: Снежана Корнет