Промовирана акцијата “СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ    ДОМ”

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов ја промовираше ацијата „СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ“ која Министерството за труд и социјална политика заедно со Црвениот Крст на Град Скопје и Црвениот Крст на Република Македонија и општините ќе почне да ја спроведува.



Целта на акцијата е  да ги  задоволи основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго, на сите граѓани кои неможат да обезбедат средства за купување на овие работи.

Преку оваа акција сите грагани кои имаа вишок на мебел, покукнина, апарати за домаќинство, а поради најразлични причини не им се потребни сега имаат можност да ги донираат на оние граѓани што имаат потреба, да олеснат нечиј живот, да подарат, да бидат хумани и општествено одговорни.

„Ги повикувам сите граѓаните на Република Македонија коишто имаат вишок на ствари - мебел, апарати за домаќинство, опрема за деца, и кои би сакале да ги донираат на социјално загрозени семејства и на оние на кои што им се потребни  да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 55 800, или на e-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на која ќе можат да доставуваат податоци и фотографии од донацијата“ апелираше Спасов и додаде:

„Исто така, сите граѓаните на Република Македонија кои се во социјален ризик и коишто имаат потреба од  покуќнина, мебел, бела техника, опрема за деца, велосипеди и друго ќе можат да се јават на бесплатниот телефонски број 080055800, да се обратат на e-маил адреса  или лично да се обратат во Центрите за социјална работа или  во седиштата на Црвениот Крст на Република Македонија.“

Спасов истакна дека Акцијата ќе се одвива според принципот “КОЈ ПРВ ЌЕ СЕ ЈАВИ, ТОЈ ПРВ ЌЕ БИДЕ УСЛУЖЕН”. 

  Извор:

http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=821F6CA37B8EDA43BB06A284CF1CD3B4